Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.346
- Поени од реакции
- 18.807
Оној играч кој ќе покаже било каква намера да саботира тренер, па макар тоа бил и најслабиот тренер во светот слободно може да го напушти теренот и никогаш во дрес на Јуве да не стапне на истиот. Играчите не играат за Алегри, не играа за Конте, за Дел Нери, ниту пак за Липи. Играчите играат за Јувентус и тоа е единствената битна работа кога го носат дресот. Работата е сериозна и е многу побитна од личните желби на било кој. Едино за што треба да се залагаат сега сите е да го извлечат тимот од овие гомна и да успеат да спасат нешто од оваа пропадната сезона.
Инаку тоа за ултиматумот ако е точно, тогаш е страшна глупост од управата, бидејќи ние не сме тим како Сасуоло или Емполи па да даваме, два, три, пет натпревари. Досега имаше доволно мечеви за да се средат работите и очигледно е дека не се средија. Сега само треба да се гледа целосно сите да се залагаат да се смират работите и да се собираат бодови на овој или на оној начин. Зимата или евентуално летото треба сериозно да се седне и да се види што, како, каде и кој погрешил во кроењето на составот за сезонава и во кроењето на тактиката.
Јас и натаму тврдам дека овој тим не е толку слаб колку што покажуваат резултатите и сметам дека не се користи доволно квалитетот со кој располагаме.