Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Јасно. Значи секој кој шо нема да успее да го погоди голот или ако при креирање на акција не успее да додаде како шо треба, се рачуна како киксер. Тоа шо е ол-раундер назад и спречил неколку клучки топки на противникот се гледа низ прсти? Супер.

Фала Кајгана експерти, сега сум доволно стручен за од нареден натпревар да давам оценки на кој како одиграл. :coffee:

Третиот дрес од наредна сезона најверојатно ќе ни биде црн со златен тен. Оној тен кој се добива кога се сончаш на Дојранцкото езеро. Шо е кул.
http://www.footyheadlines.com/2015/06/adidas-juventus-15-16-third-kit.html
Изгледа ногу перверзно и едноставно. Минималистичен стил (y).
 
Ги почитував Јуве и пред утакмицава, ама после финалето сношти уште повеќе. Класа, господство од кога се знаеше дека играме во финале, досега. Жал ми е за Џиџи што не успеа да освои ЛШ во неговата кариера, човеков е легенда и не е чудно што на огромен дел од младите голмани им е идол, ако стасаат в година во финале повторно нека освои Јуве заради голмаништево. Погба е the real deal, се докажа еве и највисокото можно ниво и веќе не е само талент, стварно си вреди за тие 80 милиони како што се зборува. Почит за сите бјанконери, чест беше мојата омилена екипа да игра со ваков противник. (y)
 
Добро се боревте (y), дури и ме изненадивте али не се може против Барса сепак. Знам како е, 2 пати во 3 години мојот тим губеше финале од Меси и џуџињата.
абе ок се најјаки не го оспорувам тоа, не е ни битно што се џуџиња, али да паѓаат бе на секој ебан допир овие бускец, нејмар и другиве мекуши? само меси и суарез издржуваат дуел..
 
Ги почитував Јуве и пред утакмицава, ама после финалето сношти уште повеќе. Класа, господство од кога се знаеше дека играме во финале, досега. Жал ми е за Џиџи што не успеа да освои ЛШ во неговата кариера, човеков е легенда и не е чудно што на огромен дел од младите голмани им е идол, ако стасаат в година во финале повторно нека освои Јуве заради голмаништево. Погба е the real deal, се докажа еве и највисокото можно ниво и веќе не е само талент, стварно си вреди за тие 80 милиони како што се зборува. Почит за сите бјанконери, чест беше мојата омилена екипа да игра со ваков противник. (y)
(y):cuc:[DOUBLEPOST=1433675638][/DOUBLEPOST]
CG2MUqmUcAAZcd6.jpg:large


:place:
 
СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ТИМОТ

За се што направија во текот на оваа година а и во текот на финалето.


Вчера не можев да пишувам па ајде сега да составам некоја линија текст.
На почетокот пробаја да прават пресинг ама многу лесно сето тоа премина во грешки и настана цел онај хаос во првите дваесет минути со што и цел меч тргна некако низ брдо.
Арно се прибраја и го постигнаја голот ама ги зафати истата еуфорија како на почетокот на мечот и падна вториот гол. Накратко неискуство.
Ама ајде слатко неискуство бидејќи со овај стил на игра се стекнуваат симпатии. Искрено повеќе ќе ми одговараше да паркираат 352 и да си ја прават италијанската. Али нема да му замервам на Алегри бидејќи годинава си покажа дека знај шо работи.

Се на се браво за дечките, за добар дел од нив ова е враќање на старите патеки, за некои максимум што можеа да извадат и за некои кои веќе ги газат годините поздрав за пензија.

Ама, Една работа ме замисли сношти. Слушнав 2 прашања дури го гледав мечот.
- 30минута. Шо прај Пирло? Ајде вади го....
- 75минута. Ајде бе менвај нешто.


Се замислив и освен Переира сфатив дека нема соодветни замени на клупата кои можат да понудат нешто екстра.
Морам да искоментирам околу овие работи.
- немаме напаѓачи. Тевез послениов месец е бледа сенка на она што беше, а Мората е расчекорен меѓу реал и јуве и многу е проблематично што е нејасна сопственоста околу него. Освен нив двајца на останатите не рачунам дека можи да се потпрам. Дибала е некакво освежвање ама мора да се пополнат празните места. Раниери едно време бараше 5 напаѓачи за да можи да ротира во лш. Изгледа беше во право. Во моментов се мислам дека и Заза и Берарди треба да се земат во предвид и бројката да биди 5 играчи. Искрено не сметам дека ќе дојди Кавани, бидејќи е прескап особено ако оди на сметка на дебела продажба.
- средината е тамам ама само тамам не и премногу напумпана за да слушам фц мидфилдерс дека сме. кедира иди место пирло, стураро, переира, асамоа и падоин се тука за длабочина и не смеј јувентус во никој случај да ги продава видал и погба. Знам дека јас сум тој кој зборува оти продажба на видал е економски поисплатлива од продажба на погба ама ако сакаме да се носиме со топ4 во европа мораме да ги чуваме и двајцата (особено со пензионирањето на пирло). доаѓање на наинголан и слични боксери е само предзнак за продажба, единствено само амц можи да се земи во предвид од средишњаците и ништо повеќе
- одбрана. со доаѓањето на ругани мислам дека имаме здрава длабочина. ваљда нема да е тимот толкав малер повторно да се повредени и касерес и киелини во ист момент. Единствена замена би направил со Огбоња кој на неколку пати покажа дека не е материјал за Јуве и можи да се донеси некој место него. Исто така поозбилно би се позанимавал со бековите. Лихт е веќе сенка на зверот од пред некоја година. Не дека е лош ама треба свежа крв и малку конкуренција. Искрено би одел по Дармијан .... знам дека има напумпано цена ама ако сакаме да се носиме со топ4 ни требаат играчишта. Исто и на левата страна. Евра се покажа подобро појачање од шо мислев на почетокот на сезоната но и него му треба конкуренција. Асамоа едноставно не го сметам за бек тој треба да го вади лебот на средина.


Го пишувам ова поради тоа што логично е да имаме еволуција во тимот. Не сакам да бидиме следните Атлетико или Борусија туку го сакам онај Јувентус за кој почнав да навивам, со финалиња во куп на Уефа и три последователни во ЛШ. Годинава за малку не зедов карта за дуелот на најдобрите клубови ама догодина сакам да гледам реприза на годинешново финале со одредени пополнувања на дупки кај нас.

Им благодарам на,
Пирло,
Љоренте,
Матри,
Коман,
Огбоња
ама
Време е за мала еволуција.
 
Што е тука е сезонава беше извонредна иако не го освоивме последниот и најдраг трофеј но глава горе очекувам во следниве 2 сезони барем еднаш да влеземе во финале пак и да го освоиме овој трофеј најмногу ради БУФОН. После Дел Пиеро најголема легенда во Јувентус според мене, само што на Џиџи му фали овој трофеј, а е меѓу најдобрите голмани на сите времиња и најмногу заради тоа ми е тешко на душава и кога ќе видам слики колку му е тешко и мене ме боли душава. Вчера играта не ни беше воопшто лоша толку е максимумот која екипа и да игра против оваа Барса. Во никој случај неможеш посед или па со шанси да бидеш пред нив во еден натпревар.

Мислам дека ни фали уште 1-2 класа играчи за да можеме да бидеме меѓу фаворитите за освојување на овој трофеј.

Од следна сезона очекувам уште подобра игра и зашто да не повторно финале ако ни се поклопат коцките треба во екипава мала чистка и појачување и на клупата. Љоренте, Огбона, Матри, Рубињо, Пепе, Коман, на позајмица праќање и уште некој може заборавив. Дибала, Кедира, Ругани, Нето и уште некој трансфер за дополнително зацврстување на екипата. Посебно од Дибала очекувам да ги оправда фрлените милиони кои мислам дека не се фрлени туку така знаејќи ја нашава трансфер политика. Само со надоградување на тимот и купување на нови и се поквалитетни засилувања можеме да конкурираме од година во година и покрај Барса, Реал и Баерн да бидеме вброени и ние секако и непродавање на најдобрите играчи на тимот.

Fino Alla Fine Forza Juve!
 
Во второто полувреме игравме 3-5-2 до постигнувањето на голот, Лигхт беше преместен како централен дефанзивец а Маркизио влезе на страната на крилест бек едно 15тина минути фурафме имаше и графика за истото.
 
Срце ме изгоре ама не признавам, се правам дека ми е сеедно.Се бројат титули 2ри места не, што ако Партизан има 2 финалиња никој не памети.Звезда освои еднаш трубат цел живот, е тоа не се трпи.Наредна шанса за финале којзнае кога, не е само квалитетот во прашање.Треба и да се наредат коцките како што беше сезонава само Барса реално е побогат клуб и си го направи своето.Квалитетот од тука иде, где пара буши бургија не буши.
 
Браво дечки и фала за честитките. Не очекував дека некој од форумов ќе признае пораз така фер и спортски. Секоја чест и за играчите за коректниот однос и за тренерот. Исто за борбеноста немам зборови, најсилен отпор што некој сезонава и го пружил на барса . Едно од подобрите финалиња последниве неколку години :cuc: Одма прифаќам другата година повторно да се сретниме во финале :D
 
Не знам што да речам, срцето ме болеше кога ги гледав Пирло и Буфон. Сепак треба да сме горди на успехов, после сите проблеми што ги имавме повторно сме на местото каде припаѓаме, во самиот врв на европа. Сега најважно е да се искористи оваа одлична сезона како ветар во грб и да се проширува брендот Јувентус, ова се нашите 5 минути.

За натпреварот немам што да им замерам на играчите кога сите го оставија срцето на терен. Честитки и за Алегри, прекрасно ја водеше екипата цела сезона и на 1-1 синоќа сакаше да се надигрува што стварно е за почит, штета што немавме малку повеќе среќа да дадеме уште еден гол. Тоа е дечки, ФиноАлаФине, гледајте на ова како на успех и уживајте, заслуживме после сите овие години.
 
Читам повеќе членови тука и на други теми како им било жал за Џиџи што не го зел овај вреден трофеј... па малку ииспровоциран ќе кажам дека мене не ми жал.
Се додека е чувар на нашиот гол и се додека постојат шанси за такво нешто не ми е мака. Ете ова беше втор обид да се искачи на врвот и не успеа. Ние викаме на трета мајка, па зошто не биде така во случајов со Буфон.
И мене како бјанконеро ќе ми остави дамка еден таков неуспех на еден таков голман што сме го имале во наш дрес.
НО, секогаш присетете се на големата невоља што не задеси, тој тогаш остана со нас и можеби уште тогаш се одрече од оваа титула, свесен дека со друг клуб и со бивши соиграчи би го остварил овај сон.
Јас од се срце му посакувам денот пред да оди во историја да му се исполни и оваа желба на човекот што е единица мерка за голман.

Бил...е... и ќе биде вистински џентлмен кон својата дама. Бидете горди што е единствен и што пораснавте со таква легенда.
 
od koga go postignaa izednuvackiot gol mnogu letnaa igracite na juve mislis osvoija titula vo ls
 
od koga go postignaa izednuvackiot gol mnogu letnaa igracite na juve mislis osvoija titula vo ls
Те читам од вчера ни грам почит не покажа и баш знаев дека ќе постираш вакво мислење кај нас.за кое тотално немаше потреба нити причина, не ни треба 'сол на раните'. Така да ова можиш да го сметаш како културнo 'одјеби'.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom