Многу мудро поставена тактика од Алегри, тотално беа изгубени Борусија во нападот.... знам
@Mondonico пред некое време бараше од тимот да играат на брзи контри, ете тоа вчера се деси, покажаа фудбалерите дека знаат да ја трансформираат брзо играта од одбрана во напад и обратно. Малце ме подисплаши тоа што ја сменивме формацијата во 3-5-2 кога се повреди Погба, ама се испадна добро. Сепак не е сеедно кога играме со таа формација, некад ќе се покаже како одлична (Дортмунд и Челзи), некад како катастрофална (Баерн).
За играчите немам зборови, сите заслужуваат чисти 10-ки, а за мен оф тхе меч би ги бирал Переира и Тевез. Првиов се уби од трчање, буквално го имаше секаде на теренот, додека вториов постигна два гола и имаше една асистенција. Вреди да се спомнат Маркизио, Мората, Барѕа и Видал... конечно после подолго време да покаже еден асален натпревар, и да докаже зошто летото несакавме да го продадеме ниту за 60 милиони евра.
Сепак да не летаме премногу во воздух, оваа Борусија е најслаба во последниве неколку години. Треба цврсто да застаниме на земја, и да продолжиме чекор по чекор во натпреварувањево. За противници во 1/4 финалето би ги посакал Порто, Атлетико, ПСЖ и Монако... малце противници по наша мера, незнам колку би можеле да се носиме сеуште со Реал, Барса и Баерн.
Во ред оваа мисија е завршена, одиме понатаму.... сега и да изгубат 5-0 дома од Џенова нема да им се лутам, заслужија дечките малце одмор, а башка и табелата во лигата ни го дозволува тоа

. Доброто е што Пирло се враќа на време, а за Погба ќе му посакам се најдобро и што побрзо нека се враќа на зелениот терен (заедно со Азамоа, Ромуло и Мароне)