Vartolu
The Infamous Mobb
Раиола е старо куче, знај дека Погба е баран од повеќе клубови и во негов интерес е што е можно подоцна да го продолжи договорот. На лето ќе може да извлечи и повисока плата од оваа сега што му се нуди од страна на Јуве, и затоа тој мудро одлага се.2016. Јас не би преговарал со него среде сезона. Ако добие помалку ќе биди малку демотивирачки, ако добие повеќе ќе си легни на брашното. Подобро ќе му поставам услови, ако се избори да ги исполни му ги потпишвам неговите барања. Фер инаф?
После натпреварот со Интер, малце падна темпото на игра, но не е ништо страшно, со оглед дека Јуве имаше натпревари со Интер и Лацио, сеуште не се влезени во топ форма, така да чим се книжат трите бода на крај нема гајле, мислам дека ќе се средат.
Љоренте со голот им ги затна устите на сите душегрижници во калчото зошто не играл, итн. Воочливо е дека нема долго време играно, ама како што рече и Конте, се во свое време. Сите ќе си добијат своја шанса да се докажат.
Примарна цел во Јануари треба да биде ангажман на класично крило. Е, тогаш ќе се види вистинската вредност на Лавот!
За Тевез нема зборови. Класика.
