Убаво им направија на скапанициве. Јас ги сметав овие Болоња за поозбилна екипа а не за задржавачи на време од рангот на Реџина. Колку ме изнервираа во прво полувреме, уште ме држи лутината.
Јуве направи чекор поблиску до Скудетото. Ќе се патува на гостувањето во Милано без непотребен терет дека мора да се победи и сите мисли ќе бидат насочени кон гостувањето во Минхен.
Е тоа ти се вика тренер кој со срце ја тренира екипата, и се радува на секој постигнат гол исто како тој да го дал. Маестро Конте, неможам да му се изнагледам како се радува со Алесио и Карера при секој гол, како го губи гласот иако тимот веќе ја има загарантирано победата. Еден од најдобрите тренери и мотиватори несомнено.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.