Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
samo sto go napraija stadionot da se preflat nema smisla
шо има врска бе. физички во торино ќе бидат.
моментално не се до толку затегнати односите ама ова со конте е ептен проѕирно па аматери поубо ќе намонтирја случај против него .
 
Точно. Премногу случајности во еден ист случај, и остава простор за сомневање во вистинитоста на процесот.

Реално, би бил комплициран случајот ако Јуве во екстремни случаеви се одлучи да го повлечи тој потег, да ја смени лигата, но најбитното е тоа што според тоа што Италија е во Европската Унија, а ФИФА и УЕФА дозволуваат да се случи тоа,ако постои согласност од земјата каде што сака да игра Јувентус, нема да има никакви проблеми, а ФИГЦ во никој случај не може да го спречи тоа (освен ако клубот нема долг кон Федерацијата). Кога Ањели ја даде изјавата, медиумите веднаш излегоа со калкулации во која лига Јувентус може да се префрли без поголеми потешкотии. Како најлесно остварлива дестинација се најавуваше Француското првенство, поради близината на Торино со Франција, а Газета Дело Спорт дури се повикуваше и на одредени извори во ФФФ (Француската Фудбалска Федерација) дека ако до нив стигни барање Јуве да игра во Француското првенство, Франција нема да дозволи да изгуби едно име како Јуве да игра во нивното првенство, и тогаш најверојатно сигурно е дека ќе биде проширена Лига 1 за еден тим (Јувентус).
 
Да не се заборави. :cuc:

Дел Пјеро: „Сакав да останам во Јуве“

Легендарниот Алесандро Дел Пјеро во разговор за Газета дело Спорт истакна дека мислел на поинаков начин да ја заврши кариерата во Јувентус и откри дека своевремено одбил понуда од Ливерпул.

„Некако замислував дека се ќе биде поинаку. Сeпак работите се променија пред година и пол дена. Но на крајот заминав задоволен затоа што му дадов сè на Јувентус“, рече Дел Пјеро.

Управата на Јувентус на крајот од минатата година одлучи да не го продолжи договорот со Дел Пјеро, а кога дозна за одлуката, легендарниот играч на „старата дама“ сними видео порака за навивачите во која изјави дека сакал по секоја цена да остане во клубот.

„Пoвторно тоа би го направил. Тогаш имаше многу гласини за мојот договор, а јас сакав да разјаснам некои работи за да знаат навивачите дека парите не беа важни. Сакав да останам“, вели Дел Пјеро кој е рекордер по бројот на натпревари и голови за Јувентус.

Минатата сезона Дел Пјеро се прости од навивачите со освојување на шампионската титула. Во мечот од последното коло од трибините беше испратен со овации, солзи и песна.

„Навивачите навистина беа фантастични тој ден. Дури и некои од соиграчите како Џиџи Буфон признаа дека ми завидуваат на некој начин. Тогаш видов колку навивачите ме сакаат и ме ценат“, наведе 37-годишниот фудбалер.

Дел Пјеро изјави дека ја одбил понудата од Ливерпул, затоа што во тој момент веќе имал преговори со Сиднеј, но и заради трагедијата во финалето на Купот на Шампионите на Хејсел во 1985. година, кога навивачите на Ливерпул предизвикаа смрт на повеќе десетици фанови на Јувентус.
Јавноста во Италија била скептична кога Дел Пјеро соопшти дека ќе оди во Австралија.

„САД, Бразил, Тајланд, Катар, Шпанија, Англија, Кина, Јапонија. Не ја бркав најдобрата финансиска понуда. Веќе ги освоив сите можни трофеи, не ни морав да барам клуб кој ќе игра во Лигата на шампиони“, објасни Дел Пјеро.
 
Јасно е тоа, управата ни е катастрофа реално гледано... колку и да не играше, верувам дека пак ќе беше корисен. Емоции, квалитет, искуство, почит... сето тоа ќе беше пример за помладите генерации во клубот.

Е сега останува само кога ќе ја заврши кариерата, да се врати повторно дома... како Недвед.
 
Поништена е казната на Алесио. Сега ќе биде интересно дали ќе биде Карера тренер или Алесио. Јас мислам дека треба да останеме со Карера, се покажа одличен досега.
 
И јас така мислам,иако не знајме колкав е неговиот удел во резултатите.Играта Конте ја поставува,ама измените и текот на играта ги контролира Карера и досега немам некој примедби,добро си ја врши работата.Нека биди Алесио негов помошник,а Карера ќе му го отстапи местото на Конте ко ќе дојди времето :cool:
 
Поништена е казната на Алесио. Сега ќе биде интересно дали ќе биде Карера тренер или Алесио. Јас мислам дека треба да останеме со Карера, се покажа одличен досега.
Не верувам дека ќе има промени за еден месец, дури се врати Конте. Алесио со Карера ќе бидат на клупа, а тоа кој ќе фигурира како тренер е чисто формална работа.Карера се покажа како достојна замена за Конте, и мислам дека тој треба да си да доврши задачата.
 
Такви промени за краток период не се позитивни за тимот. Карера до сега одлично ја работи својата работа, но сепак мислам дека Алесио ке биде тој што ке го води Јувентус.
 
Нема врска кој ќе го води тимот. Тоа што Алесио се враќа ( патем барам линк да видам каде пишува дека е ослободен ) е дополнителен + за тимот. И двајцата ќе бидат на клупата, така да верувам дека ќе се сложуваат додека да дојде Конте (y)
 
Beiiii Tempi :D , Dobri vreminja :rolleyes:
532472_310001035733219_1304840396_n.jpg

10614_455978614441194_648471160_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom