Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Лугеее не треба да се плука кон Дел Пјеро он и така е единствен играч у тимо шо може да га загрже топката повеке време . . .. немаме креативееец го нема повеке Диего тек ке видат шо се направиле тек ке видат
 
Посеризона шанса немавме.... немавме удар по сериозен во рамка на гол.... крилава ( сите 4) денес изиграа катастрофа... аууу незнам што ке се прави... Господ нека ни е на помош
 
Ланзафаме колку топки истроши и тој не е свесен,боље Красиќ да си останеше во игра. Неочекуван пораз јас и на ливче ве имав али тоа е.....не смее да продолжите таму кај што застанавте минатата сезона затоа што црно ви се пишува.
 
Едно само не ми е јасно: Која му беше замената МЕЛО <---> СИСОКО!?!?
Го извади најдобриот поединец на теренот до тогаш, за да стави човек што не знае да подаде од 2 метра! :zid:
 
Красич досега има 3 тренинзи со Јуве и ова му е прв натпревар.Можеби требаше Дел Нери да не го става уште од првата минута во игра,но сепак добро е тоа за неговата самодоверба.Голем проблем ќе биде левата бековска позиција ако не се ангажира квалитетен лев бек до 31 Август.Де Чеље исто како да не игра.

Арманд Траоре е играчот со кого се поврзува Јувентус. Марота за Траоре изјави дека до 31 Август е отворен трансфер маркетот и се може да се случи.Кој и да е,сигурно ќе биди подобар од Де Чеље.

Јасно де, зато и кажвам дека нема да му судам на Красич за ова издание, повеќе вината оди на сметка на ДелНери оти тој го пикна во игра.
И пак не се проблем тренинзите колку малата пауза шо ја имаше од неиграње. Ене го Кваљарела кој БУКВАЛНО завчера дојде и беше супер.

ЌЕ си ги зачувам нервите од третман денес и ќе почекам уште некое коло. Лани имавме 4/4 ви текнува? Ова шо го видов денес стварно не е за бранење ама дечките заслужват шанса. Дали ќе мислат и весниците така и одма ќе почнат со притисок ќе видиме.

Оцени за денес за оние шо успеаја да ми паднат во око.

- Красич - види некој пост назад
- Кваљарела - тамам легна во тимот само му требат корисни топки.
- Мартинез - во една акција успеа да напрај појќе од Красич цело полувреме и се изгуби (и повредата шлаг на торта).
- ДеЧеље - МРШ
- Мота - квалитетно нафрла ама треба да работи на комбинации и продори покрај аут линијата. Ако во Удине и Рома не се наметна белки во Јуве ќе му биди полесно.
- Пепе - шо пиеш батка - пепе ги сака бисерите бисерите го сакаат пепееее - ај нека го догледа цртаниот и нека почни да игра. (колку шо памтам и на светското имаше критики за променливата форма сад га видиш сад га невидиш)
- Мело - реинкарнација. само нека продолжи вака
- Маркизио - Го виде некој бе?? освен за голот
- Сисоко - Овај е стварно без осет за додавање, чува топки без потреба дели без везе - гуууд олд сисоко
- Ланза - надежно добар и на моменти надежно изгубен - да не забораваме во Палермо и во Бари се мачеше прв тим да фати
 
Првото полувреме далеку подобра игра прикажавме , но се гледа дека уште нема доволна уиграност,треба уште време и тренинзи.Второто полувреме бевме послаби а и со оглед на тоа што Бари водеа имаа полесна игра.Последните 20 минути ги изигравме и со играч помалку бидејќи Мартинез се пожали на повреда (се надевам дека не е е нешто сериозно).Поразот секако е лош од една страна,но од друга страна добро е што е уште на почетокот и ќе може Дел Нери заедно со играчите да ги надминат слабостите. И доста веќе зборувате и ја префрлувате кривицата на Марота и Дел Нери и незнам кој други, едно е јасно ние уште немаме изградено шампионски тим тоа е факт.Голем успех ќе биде ако оваа сезона се освои некој трофеј од Купот на Италија или Лигата на Европа.Треба време,после скандалот веќе втор пат се менува управата и секако треба адаптација и не бива чудо за 3 дена.Оптимист сум дека на оваа управа треба да и се даде време и верувам дека ќе ни врати на најдобар можен начин.Исто и играчите треба максимално да придонесат за успехот на екипата.
 
Не се разочарувајте толку,1 коло е..
 
Да си го вратите Недвед и Траоре да дојде и можете да се надевате на Лига Европа!
 
Незгодно гостување ни беше ова башка само што дојдоа некој играчи и повредени имаме неколку од следно коло да се надеваме дека ке се стабилизираме и да почнеме да играме како што се очекува од нас...
 
Во првото полувреме со Красич и Мело во средината имавме каква таква креативност и по некој напад, Мело ја држеше цела средина само нека продолжи вака,кога го извадија сосема оправдано беше нервозен и разочаран. Незнам само која е таа измена Сисоко-Мело, го извади најдобриот поединец и го стави стапот Сисоко. Одбраната одигра солидно, голот го примивме на среќа, така да Киелини и Бонучи добро си ја завршија работата а Де Зеље под итно да се смени со некој од младинска школа кој сигурно ке одигра подобро.
 
Права мизерија бевме денеска, ама ајде ќе пробам некако да разберам, прво коло, многу нови првотимци, недоволно изиграни утакмици заедно..... е сеа има и работи што ме изнервираа ептен. Маркизио една голема НУЛА, не знам што му стана ама дефинитивно мора да работи на кревање на формата. Сисоко е само бледа сенка на оној Сисоко од пред 2 сезони, да не знае да се подаде на 2 метри стварно е срамота. И да, одбраната мора да игра посконцентрирано, Мота, Келини и Бонучи се добри само на моменти ептен летаат.... за Де Коњ напишав неколку страни поназад.

П.С Навивачите на ББилан и Шитер повторни први се јавуваат, после ние сме имале комплекси од вас :tapp:
 
Мело беше најдобар играч денеска, незнам зошто го извади, требаше Маркизо да лета надвор.
А, за Красич се гледа дека и исплашен да не згреши и дека енос прва утакмица а и 3 тренинга, нема врска, ке се подобри. Туку Ланзафаме требаше да биде прва постава а не Пепе или Красич.

Еве и Мартинез се жалел на повреда. Нападот го немаше никаде Дел Пиеро и Кваљарела слабо, се на се лош натпревар. Сега тренирање и совладување на грешките. Ништо не е лошо, само лош резултат. :)

И измената беше лоша Сисоко - Мело.
 
Бари е екипа која не е за потсмев,се виде дека има опасни играчи како Алварез,Барето,Жезал.Во нашава лига секој на секого може да победи и е поизедначена не е како Премиер или Примера каде резултатите се по 5-0,6-0. Во овој Јувентус има далеку повеќе потенцијал заразлика од минатиот само треба да се искористи.исто и играчите да се уиграт и ќе почнат резултатите да доаѓаат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom