Красич досега има 3 тренинзи со Јуве и ова му е прв натпревар.Можеби требаше Дел Нери да не го става уште од првата минута во игра,но сепак добро е тоа за неговата самодоверба.Голем проблем ќе биде левата бековска позиција ако не се ангажира квалитетен лев бек до 31 Август.Де Чеље исто како да не игра.
Арманд Траоре е
играчот со кого се поврзува Јувентус. Марота за Траоре
изјави дека до 31 Август е отворен трансфер маркетот и се може да се случи.Кој и да е,сигурно ќе биди подобар од Де Чеље.
Јасно де, зато и кажвам дека нема да му судам на Красич за ова издание, повеќе вината оди на сметка на ДелНери оти тој го пикна во игра.
И пак не се проблем тренинзите колку малата пауза шо ја имаше од неиграње. Ене го Кваљарела кој БУКВАЛНО завчера дојде и беше супер.
ЌЕ си ги зачувам нервите од третман денес и ќе почекам уште некое коло. Лани имавме 4/4 ви текнува? Ова шо го видов денес стварно не е за бранење ама дечките заслужват шанса. Дали ќе мислат и весниците така и одма ќе почнат со притисок ќе видиме.
Оцени за денес за оние шо успеаја да ми паднат во око.
- Красич - види некој пост назад
- Кваљарела - тамам легна во тимот само му требат корисни топки.
- Мартинез - во една акција успеа да напрај појќе од Красич цело полувреме и се изгуби (и повредата шлаг на торта).
- ДеЧеље - МРШ
- Мота - квалитетно нафрла ама треба да работи на комбинации и продори покрај аут линијата. Ако во Удине и Рома не се наметна белки во Јуве ќе му биди полесно.
- Пепе - шо пиеш батка - пепе ги сака бисерите бисерите го сакаат пепееее - ај нека го догледа цртаниот и нека почни да игра. (колку шо памтам и на светското имаше критики за променливата форма сад га видиш сад га невидиш)
- Мело - реинкарнација. само нека продолжи вака
- Маркизио - Го виде некој бе?? освен за голот
- Сисоко - Овај е стварно без осет за додавање, чува топки без потреба дели без везе - гуууд олд сисоко
- Ланза - надежно добар и на моменти надежно изгубен - да не забораваме во Палермо и во Бари се мачеше прв тим да фати