Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не ги бранете дибециве бе.
Жими куров имаше фаул, да ми кажеше пред 3-4 години некој дека ова ќе го дочекав да Јуве се мачи за една ебана победа 10 кола и на крај да победи едвај со досуден непосточки пенал ќе му кажев дека е благо-ретардиран.

И ако на некој му паднало на памет да кења за Буфон, кажете ми кој е во моментов подобар од него, а достапен на пазарот?
 
хахаха... не бе недај боже црнец :tv:
не ми текна поопшт збор, а да не биде навредлив :wink:
поздрав и уживајте во победа конечно редно време беше

Додека има овци ќе стрижиме. И да се соберат сите играчи од Фиорентина и Реал пак не можите да му се фатите на Дел Пиеро:smir:
 
По толку време конечно да се израдуваме на победата и на трите бода.Нека ни е честита победата и да продолжиме во победнички стил во наредните утакмици.Се надевам на играчите ќе им се крене моралот и ќе прикажуват по борбена игра во следните натпревари.

А ќе заборавев, гледам за пеналот право за врат не фаќаат како крај на светот да е,проста раја.Како да ние сме криви што го досудиле пеналот иако бил дискутабилен.Факт е дека вие момци од другите фан клубови многу се занимавата со нашиот Јуве отколку со вашите клубови,доволно е само една ваква ситуација и тука сте на Фан Клуб Јувентус да се истресете на нас, да си искажете се што ви лежи на срце..Ако изгубевме или изигравме нерешено пак ќе почнавте да ни говорите тука како на пример: Што стана со Јуве ? Клубот се наоѓа во тешка криза ? Искрено ви посакуваме да излезете што побргу од таа криза и такви примери.А сега кога победивме и дадовме гол од дискутабилен пенал Не трескате од земја како да ви зависи вашиот живот од тоа.Ама нема врска никој и ништо нема да дозволам да ми ги расипе овие моменти на радост.:smir:
 
Не ми се верува, па редно време беше бре. КАСЕРЕС ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ !!! Одлично одигра дечкото, дај боже да го откупиме од Барселона.
 
Сите заборавивме да го поздравиме ПРЕКРАСНИОТ гол на Дел Пиеро по петата на Диего.
Тоа е таа врска што мора да проработи. Ако се уиграат тие двајца - победите се неизбежни!
 
Не ми се верува, па редно време беше бре. КАСЕРЕС ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ !!! Одлично одигра дечкото, дај боже да го откупиме од Барселона.

Уште дебиливе од управа да не го откупат и ќе почнам да навивам за Јуве стабиа.
 
Уште дебиливе од управа да не го откупат и ќе почнам да навивам за Јуве стабиа.

Хаха, дај боже и ја тоа викам, но ако продолжи со добри игри се плашам дека Барселона би можела да го повлече назад во своите редови, не е само до нас работата. Но, Липи ако го постават за претседател како што се шпекулира сметам дека ќе влијае врз директорот за трансфери да направи се за да го задржи.
 
Шуќур, знаеле и да победат на еден натпревар...:smir:
 
Конечно победа :vozbud:
Од резултатот сум задоволен, од играта така-така. Прво полувреме многу слабо почнавме, ама се управивме некако. Второ полувреме го одиграа одлично. Играта беше сигурна и стабилна. Амаури пријатно ме изненади, Дел Пиеро покажа колку е важен за тимот. Касерес :zver:. Момо беше исто така солиден. Задоволен сум од резултатот, ама не ми се допаѓа тоа што повторно не успеавме да ја зачуваме мрежата. Одбранава некако ме плаши, ама мислам дека ако овие тројца позади (Зебина, Легротање и Келини) играат почесто заедно можат да бидат „ жив ѕид“ пред голот на Буфон. И мора да се поработи на одбраната при прекини. Кандрева ми изигра онака, не ми остави некој впечаток. Маркизио кога влезе ја држеше целата средина и сите топки одеа преку него.

Мора да се поработи на протокот на топку до Диего, денеска на неколку пати го видов на местата каде што треба да бидат бековите и везните играчи тој да иде и да ја зима топката:toe:.

И да... Денеска го видов оној борбен дух што отсекогаш го красеше Јуве. Играчите играа максимално борбено. И да не свирнеше судијата пенал, убеден бев дека Јуве ќе даде гол повеќе од противникот. Добро беше што Џенова прва поведе, за да видиме колку Ѕак поработил на психолошката стабилност на играчите.

И за крај, гледам има многу хејтери на Јуве кои се занимаваат со Јуве, а не со нивните клубови. За нив имам само едно :pusk:
 
Хаха, дај боже и ја тоа викам, но ако продолжи со добри игри се плашам дека Барселона би можела да го повлече назад во своите редови, не е само до нас работата. Но, Липи ако го постават за претседател како што се шпекулира сметам дека ќе влијае врз директорот за трансфери да направи се за да го задржи.
До нас е работата, си има договоор кој вика дека на крајот на позајмицата ако сме задоволно можеме да го задржиме со исплаќање на сумата која е одредена и тука Барса ништо неможе да напраи.
 
До нас е работата, си има договоор кој вика дека на крајот на позајмицата ако сме задоволно можеме да го задржиме со исплаќање на сумата која е одредена и тука Барса ништо неможе да напраи.

Сигурен си дека има таква клаузула или анекс кон договорот? Не секогаш стои тоа во договорите за позајмици. Дај боже да е така.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom