Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Читавте ова? Некоја италијанска Meleam групација планира да инвестира во Јуве и да купи добар дел од акциите. Ако успеат да влезат, сакаат и комплетна реконструкција на раководството.

Да по неуспешните обиди за преземање на Бари и Сиена,сега по Јуве ќе загризаат.
 
Рафа е еден од најдобрите тренери во Европа,светлосни години е пред Балбоа,Трапатони,Вијали и останатите ѓубриња.
 
На Туто Јуве пишува дека Салихамиџич го напуштил тренингот порано највероватно поради проблеми со мускулот и тоа е повреда број 43 до сега.Значи шо е работата со тие повреди незнам,малери ли се, некој да не ни прави Вуду магии шо ти знам.:nesum:
 
Сеа се тренира во Виново тренинг центарот.
Претходно коа играа на Деле Алпи, каде тренираа, на исто место или на друго?
 
Виново е нов тренинг камп а кога играа на Деле Алпи Виново уште не беше направен.
 
Vinovo e модерен тренинг камп со 8 терени, балон и фитнес центар.
Причината за повредите мислам дека е во медицинскиот тим, а не во тренинг центарот.

vinovo.jpg
 
Vinovo e модерен тренинг камп со 8 терени, балон и фитнес центар.
Причината за повредите мислам дека е во медицинскиот тим, а не во тренинг центарот.

vinovoa.jpg

Да додадам уште дека во него има и медицински центар и просториите на Јувентус Channel.
 
Закерони е најновото име кое се поврзува со Јуве. :jaj:
 
Виново е еден од најдобрите и најсовремени тренинг центри во светски рамки.

http://www.juventus.com/site/eng/JPL_mediacentervinovo.asp

http://www.studiogau.it/gallery/cat0110/index.html

А причината за повредите е сеуште не непозната.

е на изглед само ...

Уште пред да почне изградбата Капело кој беше тренер во тоа време изјави дека условите во Виново не се погодни за изградба на тренинг центар ...

исто така некои доктори изјавија дека огромната влажност на воздухот влијае врз работата на мускулите кај луѓето , а токму поради на секој пола сат некој истегнува мускул во Јувентус ...
 
Стварно треба управата да се ангажира да види во што е проблемот дали во медицинскиот тим или до подлогата на теренот,оваа бројка од 43 повреди до сега е многу алармантна.Во друг клуб сигурно ќе го најдоа до сега проблемот.Пред неколку години бев прочитал дека кога Барса имаше едни проблеми со повредите Лапорта беше рекол да се испитат деловите од теренот кај што најмногу се повредувале играчите,а што се случи потоа незнам.:toe:
 
е на изглед само ...

Уште пред да почне изградбата Капело кој беше тренер во тоа време изјави дека условите во Виново не се погодни за изградба на тренинг центар ...

исто така некои доктори изјавија дека огромната влажност на воздухот влијае врз работата на мускулите кај луѓето , а токму поради на секој пола сат некој истегнува мускул во Јувентус ...

Види вака, збориме за изградба на тренинг центар од страна на клуб од светска класа. Сериозно мислиш дека Јувентус би фрлил неколку милиони евра без да провери дали се погодени условите?! Мислам детски е да се размислува дека Виново е изграден неплански и непрофесионално. А тоа што изјавил Капело, никој друг не го изјавил, а после него имаше уште тројца тренери.

Сега очекувам да ми кажеш "управата им рекла да ќутат".
 
Види вака, збориме за изградба на тренинг центар од страна на клуб од светска класа. Сериозно мислиш дека Јувентус би фрлил неколку милиони евра без да провери дали се погодени условите?! Мислам детски е да се размислува дека Виново е изграден неплански и непрофесионално.

Научно и медицински докажано е дека Виново е терен со претврда подлога и место каде што влажноста на воздухот е прилично голема што како што реков влијае врз работата на мускулите кај човекот ... значи тоа се факти , не се нагаѓања ...

Плус како шо напоменав се сеќавам дека и Капело изјави дека Виново не е погодно место за градење на тренинг центра , шо не значи дека е во право , но сепак не го кажал тоа од памет ...

а кога веќе спомна плански и професионално , кажи ми шо е во Јувентус направено плански во последниве години ?
 
Aбе дај не зезај ги правиш како да се Фљамуртари. Забораваш за кого навиваш изгледа...
Иначе изградбата почна пред Калчополи, така да старата управа го има нарачано и потпишано.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom