Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224
Ајде ајде ...

Нека дојде Рафа, плукајте го ... Само на крајот да не излезе да се заблагодарувате на него ...
 
H

^HITMAN^

Гостин
Сите се повредени освен тој што навистина треба да се повреди - ФЕРАРА !!! Да ми излезе пред очи ќе биде повреден и тоа ќе отсуствува од клупата засекогаш!!!
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Do posledniot moment ne se znae koj ke bide noviot trener na JUVENTUS, toa ke doznaeme vo cetvrtok 100%
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Трапатони, Ѕоф и Виали ја отфрлија секоја можност да доаѓање во Јуве , Бенитез нема теоретска шанса бидејќи има уште 3 и кусур години договор со Ливерпул вреден 20 милиони евра , а Хидинк им е “прескап“ ...

Единствен кој не одби да седне на клупата на Јуве до крај на сезоната е Џентиле кој досега не водел ниту една екипа а веќе е во 6тата деценија од животот, но наводно Американецон кој нема допирна точка со Ањели и кој го упропасти најдобриот италијански клуб не сакал да ризикува со Џентиле ...

Така да , единствено преостанато решение е да се доведе Џентиле до крај на сезона или пак Американецон да се сети дека не е се во профитот и во правење од Јувентус бизнис играчка и да му го даде на Хидинк договорот кој го посакува Холанѓанецов ...
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Среќен роденден СЕБА!
Buon Compleano!



 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109

На Тиаго му требаа само две недели за да постигне гол за Атлетико Мадрид , нешто што за Јуве го чекавме три години и не го дочекавме.:kesa:
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Најново е дека Јуве испратиле луѓе да преговараат со Рафа, а поради комплексноста на преговорите, можно е да потраат неколку дена. Ако не се најде заеднички збор со Рафа, преговорите се вртат кон Трапатони. Според ова можно е последната утакмица на Цики да биде таа со Лацио.

Исто така сите играчи што имаа грип (Del Piero, Diego, Amauri, Zebina, De Ceglie) се назад на тренинг и ќе бидат достапни за утакмицата против Интер.
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Мислам дека е малце веројатно Бенитез уште сега да седне на клупата на Јуве, поверојатно е тоа да се деси во Јуни. Сега најоптимално решение би било да се донесе Џовани Трапатони , доста искусен стратег , да му се даде шанса до Јуни , па ако се покаже да му се покаже уште доверба , а ако евентуално заглавиме тогаш да се преговара со Бенитез на лето , или со некој друг истакнат стрчњак.

Проблемот е што Трапатони јавно се изјави дека несака да го преземе Јуве , а на тоа се додава и неговиот нов двегодишен договор што го потпиша со Ирска во Септември 2009 година. Останува да видиме дали можеби ќе се премисли.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Мислам дека е малце веројатно Бенитез уште сега да седне на клупата на Јуве, поверојатно е тоа да се деси во Јуни. Сега најоптимално решение би било да се донесе Џовани Трапатони , доста искусен стратег , да му се даде шанса до Јуни , па ако се покаже да му се покаже уште доверба , а ако евентуално заглавиме тогаш да се преговара со Бенитез на лето , или со некој друг истакнат стрчњак.
Jaс сум за трајно решение уште од сега. Колку повеќе промени толку помалку континуитет. Јуве треба да изгради сопствен карактеристичен стил на игра, а со промена на тренери на секои 6 месеци тоа е невозможно. Без разлика дали е Рафа или Трапатони, мислам дека мора да се донесе тренер како долгорочно решение.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.687
Поени од реакции
3.645
Главниот проблем е тоа што Трапатони, Ѕоф и Вијали ги отфрлија сите шпекулации во врска со иднината на секој од нив за клупата на Јувентус.
Поради ова, како главни фаворити влегуваат Липи, Хидинк и Бенитез.
Впрочем тоа е причината зашто Чиро сеуште не е отпуштен. Сеуште се бара неговиот наследник, а двајца од главните фаворити се достапни тек во Јуни, додека третиот, реално е прескап за нашиот џеб.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Мислам дека е малце веројатно Бенитез уште сега да седне на клупата на Јуве, поверојатно е тоа да се деси во Јуни. Сега најоптимално решение би било да се донесе Џовани Трапатони , доста искусен стратег , да му се даде шанса до Јуни , па ако се покаже да му се покаже уште доверба , а ако евентуално заглавиме тогаш да се преговара со Бенитез на лето , или со некој друг истакнат стрчњак.
Минатата недела, The Sun кој важи за доста веродостоен медиум од В.Британија најави дека Хидинк најверојатно ќе биде новиот тренер на Ливерпул, само се чека Хидинк и официјално да ја прекине соработката со Руската репрезентација со оглед дека новоизбраниот Претседател на Руската Фудбалска Федерација веќе изјави дека не се подготвени да продолжат да му даваат на Хидинк плата од 7 милиони. И самиот Хидинк изјавил дека негова желба е да се врати во Премиер Лигата според Руските медиуми. Во тој случај, тоа ќе значи крај на ерата на Рафа Бенитез во Ливерпул.
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Како што читам последно по форумиве на Јуве во Виново имало кавга меѓу Зебина ( Аполо Крид ) и Чиро ( а.к.а. Роки Балбоа ) ... не се знае кој победил али не сумљам дека Џони го има нокаутирано ќоравиов уште во осмата секунда.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Читавте ова? Некоја италијанска Meleam групација планира да инвестира во Јуве и да купи добар дел од акциите. Ако успеат да влезат, сакаат и комплетна реконструкција на раководството.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom