Што ли прави Ферара сеуште на клупата на Јуве на никој навивач не му е јасно. После тоа синоќа зарем не му е срам на човекот што не си однесе сам оставка. Овој човек повеќе од мене нема подршка бидејќи тотално нема врска од работата која му е дадена. Зарем не гледа дека никој не го сака , дека е во иста ситуација како што беше Раниери. Никој не очекуваше дека вака ќе биде тврдоглав Чиро , али очигледно на никој не му се дава фотељата. Мислев дека човекот ќе си се повлече после поразот од Милан.
Се гледа дека веќе никој не го респектира. А како да го респектира , излегува со детска тактика. Погрешна поставеност на играчите , погрешни играчи , погрешен приод кон играта , мотивираност на најниско можно ниво , секој си игра само за себе. Зарем треба да изгубиме уште две - три утакмици за да биде избркан овој ( како што чекавме за Раниери) ... потребно е сега Бетега да делува. Очигледно Блан и Секо си седат и си свиркаат , како што беше и со Раниери. Ако не делува сега Бетега бадијала ќе биде неговото враќање. Потребен беше отказ , веднаш , уште синоќа, а не Чиро да излегува со изјава " нема да го напуштам бродот кој тоне " ... колку само ме иритираат ваквите изјави , бидејќи не му мислат добро на клубот туку само гледаат да си го наполнат џебот. Ебате легендата Ферара , ова ли е легенда го тоне и тоне клубот се повеќе.
За играчите што да коментирам. Да ти се мочам во 20 и кусур милионските засилувања Мело и Амаури. Како пијани кокошки се вртат на терен. Тој Мело игра ко под тешка дрога да е , човекот незнае кај се наоѓа. Играше ужасно синоќа , а Чиро си го гледа и не го вади од игра , бог да чува. Да стават младинци ќе изиграат подобро од овие дрвава. Што може да се очекува од вакви дрва , имаме двајца најслаби бекови во цела Серија А. Чиро излегува со класична 4-4-2 со Маркисио и Брацо на крилата. Изгубениот Мело и Поулсен во средината. Само луд човек може да очекува дека со ваква формација ќе победиш тим од рангот на Милан.
Незнам што друго да кажам. Подобро беше кога ги гледав Јуве во Серија Б , одколку сега вака бездушни. Немам мотив за да навивам. Да се надеваме дека брзо ќе помине кризава , ќе се освесто некој од Управава ( Бетега мислам ) и ќе се воведе некој ред. FORZA BIANCONERI
РУСИЈА ГО ОСЛОБОДИЛА ХИДИНК !!
ТУКАААААА
Ова мириса на нешто. ЗБОГУМ ЧИРО ЛУЗЕРУУУУ. ПОТОНИ САМ ВО ТВОЈОТ Е*ЕН БРОД