Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
после овај пораз на јувентус мислам дека треба да му дадат отказ на чиро ако тоа не се деси јас за сезонава се откажвам од јуве од наредната сезона зарем ке чекаме ко раниери со беше 2 месеци криза па после ?? епа не оди тоа така нека :pusk::pusk: :pusk: чиро секо и блан од утре да си дадат отказ на местото ко се назначени :smir:
 
Што друго да се каже освен, ајде... ќе биде подобро. Свесен сум дека никој од нас не е навикнат да гледа ваков Јувентус кој не е ни за некој понизок ранг на натпреварување (во Серија Б имавме подобра игра) ама се случуваат и такви работи во историјата на еден клуб. Само ме чуди како со ваква игра се уште сме во врвот на табелата. Полусезона е а веќе имаме 6 порази, што е недозволиво за тим како Јуве, ама што е тука е. Ќе ја истуркаме некако сезонава (додуша со пола нерви зошто половината ќе бидат искинати) па од следната ќе се надеваме на подобри денови и враќање на старата слава. И уште нешто би додал, не го кривете само Чиро и фудбалерите се подеднакво виновни со оглед на нивното (не)залагање. Е сега Чиро ако е воопшто голем како човек треба тоа да го докаже со поднесување оставка од морални причини и колку толку да остане легенда на Јуве во моите а и во очите на сите искрени навивачи на Јувентус. Пак ќе напоменам, не е само тој крив ама така е тоа во фудбалот, тренерот сноси најголем дел од одговорноста за резултатите на тимот, а тие сезонава се катастрофални.
 
Страшно ова што се случува со тимот е страшна работа. Мислам дека Чиро конечно ќе добие отказ и на негово место брзо ќе дојде Хидинк.
 
------------------------МАНИНГЕР--------------------
------ГРИГЕРА-----КИЕЛИНИ---КАНАВАРО----ГРОСО-----

----БРАЦО------ПОЛСЕН----МЕЛО-----МАРКИЗИО---
------------------------ДИЕГО-----------------------------
-
---------------------------АМАУРИ-----------------------
ОВИЕ СИТЕ СТО СЕ СО ЦРНО ИЗИГРАА ПОД НИВО И ПОСЛЕ КИРКА ТИ Е КРИВ А ЗА ИЗМЕНИТЕ ДА НЕ ЗБОРАМ :kesa:
А кажи ми кој го бира составот?
Мое мислење е дека вас само Хидинк може да ве опраи.
 
А кажи ми кој го бира составот?
Мое мислење е дека вас само Хидинк може да ве опраи.

Ќиро ќоравиот го бира составот ете тој го бира.

ЧИРО ФЕРАРА:Нема да го напуштам бродот кој тоне!!! (пак иста изјава)


Ferrara5.jpg



И вели:То4но е дека не игравме добро во нападот, но затоа изигравме многу добро во одбрана против милан.Тие ги дадоа головите од прекини.Оваа формација не се покажа многу добра и тоа е моја грешка бидејки беше само моја одлука да играме вака.Мислам дека со ова не ја ризикувам мојата работа, јас се трудам од целава оваа ситуација да извле4ам нешто поволно за нас тоа е мојата работа.ЈАс не сум оној кој одлучува но што се однесува до мене јас нема да го напуштам бродот кој тоне.Ги разбирам навива4ите што се разо4арани бидеки разо4арани сме и ние од лошите резултати.
 
После ова, да зеаме парталите и назад во втора лига....уште е млад новиов Јуве за серија А... чао Ќоро
 
Страшно ова што се случува со тимот е страшна работа. Мислам дека Чиро конечно ќе добие отказ и на негово место брзо ќе дојде Хидинк.
Гледаш дека абер немаат од Хидинк кај прочита?На јувентус.ком ни Х нема од Хидинк така да џабе ни е фантазии
 
Што ли прави Ферара сеуште на клупата на Јуве на никој навивач не му е јасно. После тоа синоќа зарем не му е срам на човекот што не си однесе сам оставка. Овој човек повеќе од мене нема подршка бидејќи тотално нема врска од работата која му е дадена. Зарем не гледа дека никој не го сака , дека е во иста ситуација како што беше Раниери. Никој не очекуваше дека вака ќе биде тврдоглав Чиро , али очигледно на никој не му се дава фотељата. Мислев дека човекот ќе си се повлече после поразот од Милан.

Се гледа дека веќе никој не го респектира. А како да го респектира , излегува со детска тактика. Погрешна поставеност на играчите , погрешни играчи , погрешен приод кон играта , мотивираност на најниско можно ниво , секој си игра само за себе. Зарем треба да изгубиме уште две - три утакмици за да биде избркан овој ( како што чекавме за Раниери) ... потребно е сега Бетега да делува. Очигледно Блан и Секо си седат и си свиркаат , како што беше и со Раниери. Ако не делува сега Бетега бадијала ќе биде неговото враќање. Потребен беше отказ , веднаш , уште синоќа, а не Чиро да излегува со изјава " нема да го напуштам бродот кој тоне " ... колку само ме иритираат ваквите изјави , бидејќи не му мислат добро на клубот туку само гледаат да си го наполнат џебот. Ебате легендата Ферара , ова ли е легенда го тоне и тоне клубот се повеќе.

За играчите што да коментирам. Да ти се мочам во 20 и кусур милионските засилувања Мело и Амаури. Како пијани кокошки се вртат на терен. Тој Мело игра ко под тешка дрога да е , човекот незнае кај се наоѓа. Играше ужасно синоќа , а Чиро си го гледа и не го вади од игра , бог да чува. Да стават младинци ќе изиграат подобро од овие дрвава. Што може да се очекува од вакви дрва , имаме двајца најслаби бекови во цела Серија А. Чиро излегува со класична 4-4-2 со Маркисио и Брацо на крилата. Изгубениот Мело и Поулсен во средината. Само луд човек може да очекува дека со ваква формација ќе победиш тим од рангот на Милан.

Незнам што друго да кажам. Подобро беше кога ги гледав Јуве во Серија Б , одколку сега вака бездушни. Немам мотив за да навивам. Да се надеваме дека брзо ќе помине кризава , ќе се освесто некој од Управава ( Бетега мислам ) и ќе се воведе некој ред. FORZA BIANCONERI

РУСИЈА ГО ОСЛОБОДИЛА ХИДИНК !! ТУКАААААА

Ова мириса на нешто. ЗБОГУМ ЧИРО ЛУЗЕРУУУУ. ПОТОНИ САМ ВО ТВОЈОТ Е*ЕН БРОД
 
Денешниот тренинг на Јуве се одржал зад затворени врати, и била присутна патрола на Италијанскате Карабинери , во случај на повторување на вчерашните немири на ултрасите на Јуве.линк

Повредите не се оправдување, но сепак мора да се испита која е причината поради која играчите на Јуве се повредуваат толку често. Во последните 2 сезони, Јува само на 5 натпревари имал помалку од 5 повредени (од првиот тим заедно со резервите), а само 2 натпревари од 2 сезони Јувентус ги има изиграно сосема комплетен (без ниту еден повреден играч). Дали проблемот е до тренинг кампот, или треба смена на медицинскиот персонал тоа треба да го испитаат надлежните.

РУСИЈА ГО ОСЛОБОДИЛА ХИДИНК !! ТУКАААААА
Очигледно е дека Хидинк ќе пристигне во Јувентус.Само прашање е на време кога ќе се случи тоа. Мислам дека тоа ќе биде после натпреварот со Наполи во Копа Италиа.
 
Абе ова дека Русија го ослободила хидник не зна4и дека е слободен да си бара друга работа.Туку дека му дозволуваат да води и клуб и репрезентацијата на русија истовремено како со Челзи што беше ама под услов да му ја намалат платата.Зна4и ако дојде во јувентус тогаш ке ја води и руската репрезентација истовремено.
 
Абе ова дека Русија го ослободила хидник не зна4и дека е слободен да си бара друга работа.Туку дека му дозволуваат да води и клуб и репрезентацијата на русија истовремено како со Челзи што беше ама под услов да му ја намалат платата.Зна4и ако дојде во јувентус тогаш ке ја води и руската репрезентација истовремено.

Хидинк е разрешен од должноста, што значи дека веќе нема да има никаква врска со Руската Фудбалска Репрезентација. Слободно може да си бара нов клуб.
 
Хидинк е разрешен од должноста, што значи дека веќе нема да има никаква врска со Руската Фудбалска Репрезентација. Слободно може да си бара нов клуб.
Грешка. Хидинк побарал да му се дозволи да може да води покрај Руската репрезентација и клуб, а тоа го прифатила Руската фудбалска федерација, но ако Хидинк се нафател на намалување на платата.

Со оглед дека Русија не е пласирана на СП, и дека наредното ЕП е по 2 години тогаш мислам дека Гус без проблем може да биде тренер на Јуве.
 
Како и да е, прашање на време е кога ќе дојде... Предпоставувам дека ќе се почека натпреварот со Наполи, па после тоа евентуално. :палец:
 
Грешка. Хидинк побарал да му се дозволи да може да води покрај Руската репрезентација и клуб, а тоа го прифатила Руската фудбалска федерација, но ако Хидинк се нафател на намалување на платата.

Со оглед дека Русија не е пласирана на СП, и дека наредното ЕП е по 2 години тогаш мислам дека Гус без проблем може да биде тренер на Јуве.

РФС отпустил Хиддинка



Хидинк е отпуштен и не е веќе селектор на Русија. Не е работата дека го пуштила да води и клуб, туку му дале отказ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom