Ф
ФорцаМилан
Гостин
Само што пишав дека го сакам Елиа како замена за Роналдињо ако си оди,ептен е јак,ке се развие во класа играч.Според Тутојуве и Тутоспорт,Марота сериозно размислувал за ангажирање на крилото на Хамбург Елиа.По добрите игри на Светсково, Елиа побарал од тимот нов договор и зголемена плата,нешто што Хамбург во моментов не може да му го обезбеди.Уште една информација која ги подгрева шпекулациите за негово заминување, е тоа што тренерот на Хамбург Армин Вех следната сезона планира да игра без крила,во формација слична како нашата минатата година,во која нема место за Елиа.Марота е спремен да ја искористи целава ситуација,и ќе му понуди на Хамбург 15 милиони за младиот Холанѓанец.


