^ И јас на почетокот со сите тие шпекулации се надевав на прво место во Италија, но од ден на ден со новиве шпекулации, особено таа дека Јуве пари за трансфери нема, очекувањата ми се многу скромни. Но барем знам дека 4 место ни е скоро сигурно, лани Дел Нери со далеку послаб тим беше 4 место.
Минатата година Јуве доби две скапи засилувања (Диего=25мил, Мело=25мил), и имаше најголеми очекувања, но на крајот испадна една од најслабите сезони на Јувентус (ако не и најслаба),што е доволен показател дека не се само парите пресуден фактор за еден тим да се бори за највисоки достигнувања.Функционирањето на тимот е далеку повеќе важно,од тоа дали Јуве ќе потроши 100 милиони на пазарот.Подобро да се потрошат 30-40 милиони,ама да се потрошат разумно и паметно,да се донесат играчи со тие пари, играчи кои ќе го даваат максимумот на терен, кои ќе се трудат да го подигнат своето ниво на игра а воедно и на тимот,отколку да се донесат 20-30 милионски засилувања, а сепак да се повторува сезона како последнава.
Јуве
традиционално, никогаш не троши големи суми на фудбалери. Во историјата на клубот, во Јуве играле најголемите фудбалери на светот, a ретко се случувало Јуве да плаќа огромни суми за фудбалерите.
Пример:
- Зидан е купен за САМО 3.2 милиони во 1997 година. Во Јуве се усоврши, во 2001 беше продаден за рекордна трансфер сума, за сега да е во ТОП 3 најдобри фудбалери на Светот на сите времиња.
- Каморанези во Јуве дојде на 25 годишна возраст, дотогаш просечен играч, играше во тимови како Верона, Клуб Азул, Банфиелд итн, за подоцна во Јуве да биде еден од најдобрите десни крила во светот.
- Замброта дојде во Јувентус од Бари за 2.5 милиони, па подоцна Замброта беше еден од најдобрите бекови на светот.
- Добро е познат случајот со Фабио Канаваро, играч кого Јуве го ангажираше со тоа што на Интер им го даде својот 2 голман, а по 3 години ја доби „Златната Топка“.
Затоа не треба да се критикуваат Пепе и Мартинез,пред да се увиди нивниот учинок во дресот на Јувентус.Минатата сезона се потрошија 60 милиони за трансфери, резултатот=7место, што доволно покажува дека многу е поважно тоа КАКО ќе се потрошат парите, отколку колку пари ќе се потрошат.
Агентот на Красич изјави дека Јуве сеуште е сериозна опција за Красич, и изјави дека ЦСКА бара 16.5 милиони, додека Јуве дава 15. Исто така изјави дека нема друга понуда од Италија, освен од Јувентус.
линк