Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе кога ќе дојде време за тоа, ќе правиме муабет, сега подобро е да се сконцентрираме на утрешниот меч со Наполи и да не испаднеме смешни по кој знае кој пат сезонава. Алооооо! Ако не победиме, лошо ни се пишува и може ни Европа Лига да не видиме.

Во право си, не можам ни да замислам да не се квалификува Јуве во ЛШ. Не ми е веројатно...

Жаки не им се плашел на Наполи... Иначе вечер играат другиве конкуренти(:zid:) за четврто место...

Бари - Сампдорија
Џенова - Палермо
(тука ќе фрчи некој црвен картон)
 
Ќе дојде некој од спротивен табор и ќе спомне за тоа каков медиум е Goal.com :)

Искрено не очекувам ништо од ова,пред се поради тоа што доколку се докаже нешто спротивно од тоа што е пресудено,би било огромен удар за целокупното италијанско судство.А секако тоа нема да го дозволат.


Stara Dama сакам да ми одговори пошто некако најупатен ми е за ова Фасрополиво.Дали доколку Моџи по некоја случајност биде ослободен,односно го прогласат за невин,дали тогаш и Јувентус ќе биде невин?Пошто нели Моџи бил тој што местел,а бил на чело на Јувентус.
 
Stara Dama сакам да ми одговори пошто некако најупатен ми е за ова Фасрополиво.Дали доколку Моџи по некоја случајност биде ослободен,односно го прогласат за невин,дали тогаш и Јувентус ќе биде невин?Пошто нели Моџи бил тој што местел,а бил на чело на Јувентус.
Да да ... мада тоа нема шанси да се случи бидејќи во тој случај државата ќе треба да им исплати милионски оштети на Моџи и Јувентус (да не зборуваме за луѓето кои стојат зад сево ова) што секако не им оди во прилог ... и како што рече тоа би било голем удар за судството и би се потврдила корумпираноста во истото ... процесот тивко ќе си тече до јули 2011 кога Моџи и официјално ќе биде слободен човек ... тоа е целта на сево ова , затоа се одолговлекуваат и одложуваат сослушувањата ...
 
Утре ако не тепаат ништо од ЛШ треба да го фатиме последиот воз.А сигурен сум дека Дел Пиеро и другарите не мислат да не играат ЛШ дека Алекс ги маал со палица пред утрешниот натпревар и само победа и ништо друго ако не ќе искршам се шо иам дома
 
сите сакаме победа,но.............како?
 
За утре нешто ми кажува дека ќе победиме. Со Келини во одбрана сме многу постабилни, сега само средниот ред и нападот да изиграат како што треба и готово.:juve:
 
сите сакаме победа,но.............како?

Со храбра, машка игра без страв. Имаме подобар тим од Наполи и сигурен сум дека можеме да ги тепаме. Наполи се касапи, играат физички фудбал.

Мора Закерони да ги мотивира играчите и да го извлече најдоброто од нив. Додуша од него не очекувам кој знае каква мотивација, тука на сцена треба да стапи Але.

Мислам дека треба да играме 4-3-2-1 зашто мислам дека највеќе ни одговара на моменталниот ростер на играчи. Ако излеземе со ваква средина:

Каморанези - Поулсен - Маркизио

Кандрева--- Диего

Трезеге

мислам дека можеме да ги добиеме. Оваа средина е доста креативна и мислам дека играта ќе оди потечно. Диего и Кандрева ќе имаат огромна поддршка од Каморанези и Маркизио. Според мене клучен играч на натпреваров ќе биде Маркизио. Од една страна треба да ги „храни“ со топки Диего и Кандрава, но подеднакво важно ќе биде и да му помага на Поулсен во одбраната.

FORZA JUVE!!!!!!!:smir:

П.С Заборавив дека се враќа и Келиини, кој е и те како важен
 
Знам дека е срамота да се радувам на кикс на шупелки како Палермо ама морав:pos2::pos2::pos2:. Џенова израмни од пенал во 90+8:pos2::pos2::pos2:
 
Не ми се верува на кое дереџе дојдовме, ама добро е што Палермо, Сампдорија и Фиорентина кикснаа :kesa:
 
Релативно одлично коло. Ако победиме утре, ке биде без тоа "реалтивно".

Камењариве Палермо им израмнија во 90`. Чаер сисна црвен, па така наредно коло ке се лади.

Сампдорија копуците издишаа као балони. Со нив иаме ист број бодчиња и утакмица мањак.

Џенова - хикс

Фиорентина - пораз.

Мора да се искористи ова. Не ме интересира со кого играме на гости, али утре е Must win утакмица. Првенството полека се затвара. Вакви шанси ке имаме се помалку
 
Ако тепаме утре делба на четврто место со Палермо ај да завршиме таму сезонава и да ја заборавиме оваа лоша сезона
 
Секоја утакмица е must win за Јувентус , ама тoa win нигде го нема :kesa:

Гледајте на посветлата страна , со оглед на денешниве резултати и кикс утре (ако така може да се нарече пораз или реми со екипа од наш ранг) нема многу да се одрази на табелата ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom