Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
абе за трет немора кузнај каков да се имаааа ама има милион подобри од овој евтин а солиден да еее
де бре другар,гледаш СЕ пропадна ти за третиот голман си земаш на срце хехе + имаше 2-3 одлични паради за кои можат многу голмани да завидат
 
не не се рамниме со екипи ко Сампдорија,Палермо и Наполи :uvo::nesum:

Епа се рамниме со тие екипи кои што моментално се и подобри од нас.Таква е ситуацијата и самата реалност оваа сезона.ЗА ЖАЛ.
 
abe braka..golmanite ne se krivi poglednete malku i na igraite na tie koo peder4inja sho se... ama toa e ajde ke bide :)
 
де бре другар,гледаш СЕ пропадна ти за третиот голман си земаш на срце хехе + имаше 2-3 одлични паради за кои можат многу голмани да завидат
Џабе се другите одбрани коа прими еден и изгубивме знам дека се дешава ама ова е претерано со поразиве
 
Абе на Кименти го фатија на спиење со тој гол,потоа се разбуди па почна паради да прави.
 
Резултатов::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:

Една работа страшно многу ме изнервира вечерва, повеќе од поразот.

Лесно ја минеме средината и без проблем доаѓаме на некојси 25 метри од нивниот гол, а потоа личиме на Арсенал од пред 2-3 сезони. Се вртиме како муви без глави околу шеснаесетник, се пимпла беспотребно топката. Дел Пиеро, Диего, Јакинта, Маркизио, сите тие се добри шутери и не ми е јасно зошто никој од нив не превзема одговорност да шутне, 20 метри се у прашање а не пола стадион. Еден шут немаме надвор од шеснаесетник:toe:. Денеска напаѓачите беа катастрофа, позиционирањето и избегнувањето на офсајд стапици НУЛА.

Кименти мораше да ја одбрни таа топка. Шутот јес да беше страшен ама беше на 3 метри од гол линијата и топката одеше право на него. Да одеше во страна ни двајца ко Буфон немаше да ја фатат, ама овој удар требаше да се одбрани.

Мразам што ова ќе го кажам, но ќе биде пеколно тешко да се избориме за fucking 4 место во Серија А.
 
одлична забелешка-зошто никој не шутира?! само 3-4 обиди на Дел Пиеро во недостиг на други решенија,а Диего мислам дека шутна само еднаш во првото-топката одвај стигна до голот! на спротивната страна покажаа како се шутира :kesa:
 
Тешко дека некои навивачи имаат пропатено толку како што патиме ние како навивачи на Јувентус во последните неколку години.Искрено не би сакал некој да се најде во нашата кожа оти само вистинските навивачи на нашиот тим знаат како е да се биде во овие тешки години за нас.Тешко е да си Јувенташ - во исто време и гордост е.Се гордеевме,се гордееме и пак ќе се гордееме што сме навивачи на црно-белите.Само се надевам дека промените ќе дојдат наскоро.
:Juventus:
 
Лошо ... многу лошо...Имаше добри поединци тоа може да се потврди но најважниот можеби ... Дел Пиеро не проработи денеска... само бесцелни удари од голема далечина кои немаа никаква позитива сепак :toe:
 
До пред некое време колку толку верував на отцените за натпреварот дадени од гоал.цом, од сеа ни на нив не верувам.
ЛИНК
Канаваро има 6-ка, дечково изигра феноменално вечерва, не видов подобар на терен од него, играше како во неговите најдобри денови.
 
Името нема да умре...институција за фудбал тешко дека некој ќе не стигне...не е ништо страшно има тимови кои и 20 год. чекале да земат титула а сега вие одма критикувате кименти бил овој бил оној бил..сите знаеме кои се кривците се целата оваа ситуација во која се наоѓа Јувентус имајте стрпение знаете дека клубот сега е како ново формиран ќе му треба време и најважно огромна поддршка од фановите за да почне да функционира како некогаш....така да И НИКОГАШ НЕМА ДА СИ САМ,И ДА ЗАМИНАМ ЈАС СРЦЕВО ТИ ГО ОСТАВАМ!!! :pos2::pos2::pos2:
 
Ова што се случува навистина не е можно .. за Кименти не коментирам ништо, типот прими гол од 30 метри и имаше 2 добри интервенции .. а другиве трупци што едвај се влечеа по теренот, без никаква желба за победа едвај шитнаа на голот ... сум кажал многу пати но пак ќе повторам, ремонт е спасот на клубот ... да не ги набројувам има многу кој не заслужуваат да го носат дресот на Јуве..
 
Јас мислам дека ова што ни се случува не е веќе ни вредно да се коментира. Губиме од Фулам, Сампдорија и сл. Дали тоа е вредно за анализа и барање на грешка поради која сме изгубиле? Не, не е вредно...:tapp:. Не не бива за к*р, ебте кретените. Ај, јас сум стара гарда па дојде време и јас да трпам вакви срамови ама незнам на помаливе деца што им треба таков луксуз сега да почнуваат да навиваат за Јуве? Ќе им помине детството во нервози. Гледам фудбал 20 години и искрено поголеми ботови од нашиве немам видено. Најлошото од се е што и наредната сезона ќе биде исто а можеби полошо со оглед што нема да избориме ЛШ. Кој нормален играч ќе сака да дојде во екипа која завршила 6 или 7 во своето првенство:kesa:? Ако беше така, до сега и Киево ќе се засилеа. Арно ама никој не сака да игра во Киево. Епа ист случај ќе биде и со нас и сите ќе не стават во ист кош со Киево. И во право ќе бидат, не гледам некоја разлика.
 
Kлименти сношти бранеше супер, одбрани 3-4 сериозни шанси, а голот што го прими не беше заради него, од Сампдорија изведуваја аут а на Касано никој не го чуваше.

Ај вгодина можеби ќе ја освоиме Лига Европа:kesa:
 
Во Четврток играме против Наполи. . . . . на гости. Мх, мх мераци!
Ако победиме ке биде добро и ке останеме во neck and neck борба со Палермо за 4то место.
Лошиот дел сега следува - во Неапол ни Барса не победува!
Најлошиот - до крај на сезона имаме гостувања уште и кај Милан, Интер и Удинезе. :icon_roll

Ако во Четврток се оспособат за настап Киелини и Манингер, малце од малце ке биде подобро. Во случај да не можат да играат, ви порачувам да ја ставите кец, ако сакате да си го дуплирате имотот.

И доста со таа 4-3-1-2 формација. Нема кој да повлече, многу е чудно дефанзивно ориентирана. Ретко носи резултат. Најдобро е 4-3-2-1 или пак 4-2-3-1, со тоа што како тројца офанзифци би играле Џовинко/Кандрева - Диего - Каморанези.
Во последно време Сисоко трча натаму наваму како диво магаре без компас. Тоа е лошо.
Поулсен ја би да игра, затоа што вчера беше добар.

Ајде, Господ нека им е напомош. . .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom