Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Vartolu
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Интер ни го фрли малерот!!!сеа тие се тоа што ние бевме во времето на МОЏИ!!!

Златни времиња.Кога би се вратиле само ееееееееееј.Да играме само една третина од тој фудбал тогаш што сме го играле сега ке бевме екипа.
 
Сироти тија , немам коментар што да дадем само господ нека ни е напомош и тоа е тоа ... на полусезона само Чак Норис ако го зема у напад може ќе напраемо нешто ако не црно ни се пишуе т.е. више ни е пишано ...
 
Ах, Јувенташи не ви требаше ова. Мора да се вратите во добра форма доколку сакате да останете во битка за титулата. :smir: Инаку на Ферара најдобро ќе му биде да си оди, сепак не е тој човекот за Јувентус.
 
Диего,Поулсен,Трезеге,Џовинко,Касерес ....едни од подобрите другите беа трупови, донекаде и Гросо изигра добро .. ама сепак не бива со 2-3 играчи да решаваме утакмици ..
Поулсен изигра солидно исто и Касерес најмногу се бореа ... секоја чест ..

Инаку забележавте пред да шутираа Диего пенал ласери му светеа низ лицето .. ???
 
Абе да ама неможе да се каже дека тоа е причината што промаши пенал сепак:kesa:
 
Диего,Поулсен,Трезеге,Џовинко,Касерес ....едни од подобрите другите беа трупови, донекаде и Гросо изигра добро .. ама сепак не бива со 2-3 играчи да решаваме утакмици ..
Поулсен изигра солидно исто и Касерес најмногу се бореа ... секоја чест ..

Инаку забележавте пред да шутираа Диего пенал ласери му светеа низ лицето .. ???

Да бе и то со зелен м*ме нивно!!! Ама Диего требаше да се бунит пред да шутират
 
Инаку забележавте пред да шутираа Диего пенал ласери му светеа низ лицето .. ???

Да...но не треба да се обвинува за промашениот пенал момент е тоа...

но исто така факт е дека против Баерн не му светеа ласери ... :)
 
Да...но не треба да се обвинува за промашениот пенал момент е тоа...

но исто така факт е дека против Баерн не му светеа ласери ... :)

Ej доста со цинизамов напорен си, озбилно, ај одмори малку не мора да маваш иронии цело време.
Диего е најѕвер од сите, и кажав и порано не ги читајте италијанските лешинарски медиуми што серат против него само поради тоа што не е жабар, гледајте со свои очи пред да расудувате.

Што очекувате, да излезе Блан вечерва и да каже Цики е готов? Не иде тоа така, ќе застануваат делкаративно позади него се додека не одлучат да го сменат. Исто беше и со Раниери, цело време "стоеа" позади него и на крај клоца. Ќе читаме утре што ќе се случи на тој состанок па ќе правиме муабет. Во секој случај најлошо е да се ангажира Манчини.
 
Да ви кажам право од ваков Јувентус ама искрено не ми се гледа фудбал поарно скиење ќе си гледам негоди да кинам нерви на Јуве. Инаку овие Секо и Блан какви планови имаат незнам што лагат дали сакат некако да го направат тимот успешен или да го направат за да се бори за опстанок ама како што тргнало ова 2то ќе да е :tapp:
 
Да ви кажам право од ваков Јувентус ама искрено не ми се гледа фудбал поарно скиење ќе си гледам негоди да кинам нерви на Јуве. :tapp:

Вистинскиот навивач е секогаш со клубот и во добро и во лошо .. а не како тебе само кога победува !!
 
после срамниот пораз во ЛШ кој очекуваше уште една бламажа... падна во лоши раце овој великан, просто не е создаден овој клуб за да се наоѓа во вакви бедни состојби.. нема доволно голем авторитет во екипата, нема ред и дисциплина како што имаше во времето на Липи и Капело... многу работи се погрешни, кој треба да се донесе за да има влијание над сите... иако во многу незгоден период доколку управата нема храброст, Ферера како вистинска легенда ќе го напушти кормилото и ќе го предаде на некој со поголемо знаење во оваа струка... барем ако се грижи за екипата и ако и мисли добро тогаш нема да си дозволи дополнителни разочарувања... можеби да го задржат како дел од тимот со кој ќе работи неговиот наследник... мора да проработи овој тим и да ги врати старите славни моменти.
 
Вистинскиот навивач е секогаш со клубот и во добро и во лошо .. а не како тебе само кога победува !!
Кажав ли дека нема да навивам повеќе за Јуве? Кажав дека не ми се гледа фудбал од факвата форма на тимот во вторникот и денеска масата ја утепав а богами и ногата:tapp:...Што ќе кажете за нов тренер Павел Недвед:vozbud:
 
Ова е веќе претеризам мора нешто да се менува во тимот на јуве дали тренерот или да се донесат други играчи тие си знаат но сепак срамота е за најтрофејниот тим во италија два порази во два меча и тоа со гол разлика 7-2.
(не е провокација) :smir:
 
Ова е голем срам за Јувентус.Истото ни се дешава два пати.Трезеге дава гол после примаме три па Бари ни дава 3 гола а Баерн нормално повеќе и очекувате да има резултат?Мислам дека мотивот кај играчите е тотално изгубен.Освен Буфон,Трезеге и Касерес не видов некој денес да е мотивиран дури еден Канаваро кој толку високи изјави даваше очигледно се прелажа и се спушти на ова ниво да го дрибла некој Алварес.Е сега некој член на форумов Стара Дама ќе каже Елкан и Блан се криви.Не крив е чоекот со наочарите Ферара.Зашто тој е тој кој треба да ги мотивира играчите.Сличниот овој тим го победи Интер пред една недела се сеќавате?Диего и компанија немаат доверба во Ферара очигледно денес видоа шанса да се смени.Не може да изгубиме од Бари и од Каљари не може сигурен сум дека не играат озбилно.Како кога дојде Ферара ги мотивираше пред секој меч и редеше успеси.Со играчи како Молинаро и Легротаље нема титула треба да ни стане јасно тоа.Ферара глуми лудило Џовинко го става две утакмици по ред во 80та минута на резултат 3-1.Следно очекувам утре Ултрас Други на протести за резултатите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom