Ќе бидам реален Баерн играше далеку подобро од нас (играа дома и тоа има влијание), но никако не ми се допаѓаше нашава игра, немавме никаква идеа, еве една мала анализа од мене за вечерашниов натпревар:
Буфон-одличен на голот, се гледа дека ја врати формата, се враќа стариот Буфи !!!
Григера-дефинитивно не е за во јуве, при секој напад од левата страна без разлика дали е тоа Рибери (вечерва) или некој друг играч секогаш е тоа потенцијална шанса за гол.
Легро-добро одигра вечерва али не е од калибарот на Кана, многу е нестабилен, за на клупа добар е.
Киелини-не смееше да си дозволи да биде така пројден од Рибери, едноставно недозволиво за играч од негов калибар па и носител на одбраната на италијансака репрезентација.
Гросо-многу добар играч зедовме, добар и во офанзива и во дефанзива, добра партија од него.
Мело-просечна игра, доста се трудеше ама немаше некој ефект, сепак многу битен играч за тимот.
Маркизио-многу слаб натпревар од него,неискуството си го направи своето, едноставно незабележлив беше на теренот.
Каморанези-моторот на тимот, многу добра партија од него, за негови години одлично одигра човекот.
Диего-многу се трудеше ама едноставно вечерва ја немавме посакуваната игра (добра тактика на Ван гал) не прими една добра топка, сепак и повредата си го направи своето, очекувам сосема нов Диего за мечот со Палермо.
Трезеге-не беше на ниво, имаше неколку шута али ниеден прецизен.
Јакинта-не направи којзнае што али барем игра со срце човекот и затоа многу го поштувам (измислен е за Гомез, подобро да се изразам за класа е подобар од него) , имаше неколку шанси, се на се добар натпревар од него.
Ферара- човеков, добро го води тимот, засега нема пораз на официјален натпревар со Јуве но измените не му се на место, барем според мене, дали тактиката му беше таква незнам, но на последниве неколку дуели многу утки направи со измените.
Помина и овој меч (задоволен сум од резултатот со оглед на играта што ја имавме) се надевам на победа со Палермо, тука немаме право на кикс мора да се оди на победа.