Браво за Јувентус..Сицилија е многу тешка за гостување но успеавме да победиме, иако и Палермо покажа она што го очекував..Жилава игра, и добра физичка и тактичка поткованост, им честитам..Беа достоен противник..Овој натпревар Павел Недвед потсети на своите најдобри денови (кога ја освои Златната Топка), беше насекаде на теренот, креираше акции едноставно можам да речам дека ова му е најдобрата игра во годинешнава сезона, и се надевам дека во вакво светло ќе се покаже и против Челзи во Лигата на Шампионите, тоа би било супер за Јувентус...
Сисоко, играчот ме остава без зборови..Онаква борбеност, пожртвуваност и желба за игра ретко кој прикажува..Секоја чест за него...Исто така мило ми е за Давид Трезеге кој се врати на терените на најдобар можен начин, постигнувајќи погодок.. Амаури се докажа дека е голем играч, не прославувајќи против својот поранешен тим..
Сите играа солидно, борбено, од почетокот одбраната имаше одредени киксови но за наша среќа покасно се подобрија, и тие киксови не беа казнети.. Тиаго изигра под очекувањата, но сигурен сум дека ќе се подобри...
Highlights од мечот..