Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Како што можев да разберам а и на почетокот на натпреварот имаше 1 минутно молчење утакмицата а воедно и победата на Јуве е посветена на 2 млади таленти на Јуве кои предвреме го загубија животот Алесио и Рикардо.

насловната на јуве.ком
cover_milan_1.jpg

What a victory!!!
 
Амаури Ги Реши Сите Дилеми! Уште 1 гол фалаше и новогодишен пакет за миланезите ПЕТАРДИ! huhuhuh
 
Амаури Ги Реши Сите Дилеми! Уште 1 гол фалаше и новогодишен пакет за миланезите ПЕТАРДИ! huhuhuh

е фалеше ама доволно им е и толко. и не ми кради пораките од мсн да ги пишеш тука за пакетчињата. хаха .. љубице!
 
Јувентус 4-2 Милан

Резултат кој сите го посакувавме..Едноставно везеа играчите на терен, нивната игра беше безпрекорна..Замброта беше исвиркуван и го заврши натпреварот на најдобар можен начин за Јуве и за Навивачите на Јуве, со црвен картон и со наведната глава..Одмаздата е задоволена..

Јувентус изигра безпрекорно..
Манингер - Секоја чест за дечково..Примените гола не беа по негова вина...Многу добро си ја врши работата...
Молинаро - Прва работа што треба да размислуваат Управата на Јуве, е да му бараат замена на овај...Многу несигурно игра, имаше киксови..Тројца играчи на Милан околу него, тој наместо да ја исфрли топката, тој не знаеше главата кај му е..Единствена слаба карика во редовите на Јуве...
Мелберг -
Денеска изигра супер...На ниво на задачата...Не направи ниту една грешка...
Киелини - Постигна многу битен погодок во вистинско време, дефинитивно најдобар дефанзивец во Италија...
Григера - Добро си ја вршеше дадената работа од Раниери...
Маркиони - Денеска изигра солидно..Не беше изгубен како што беше случај во минатите натпревари..Добра партија прикажа...
Сисоко - Има ли некој што ќе го сопре??
Ѕвер..За секоја топка се бори како таа да му е последна во животот..Многу добра работа што забележав во неговата игра е што полека но сигурно ги усовршува пасовите, што му се послаба страна, но полека-пополека го фиксира и тој ако можам да го наречам „проблем“
Маркизо -
Изигра ПЕРФЕКТНО... Момчаков ако продолжи вака ќе биде многу голем играч..Секоја чест....
Недвед - играше расеано, и дали е тоа причината што излезе рано, или причината е некоја повреда...Се надевам дека е првото...
Амаури - Единствениот Бразилец кој играше на теренот..Ѕверов има неверојатно голем осет за гол, и екстра напаѓач, како се ослободи за вториот свој гол, секоја чест...Се надевам дека Моџи веќе си ја повлекол изјавата дека Амаури е непотребен и промашен трансфер...
Дел Пиеро - За него нема воопшто што да зборувам..Што и да кажам ќе биде залудно..Некои работи не можат да се опишат со зборови...

Замени:

Де Чеље -
Изигра многу стабилно..Супер ја одработи својата задача, плус и асистенција..И на минатиот меч, негова беше асистенцијата на Амаури за победа во Лече... Така да очекувам, Молинаро малку да одмара на натпреваров со Аталанта...
Јакинта -
Многу ми е жал за него:(..Кога го видов со каква фаца влезе на теренот кога беше извршена замената...:toe:Коментаторот рече дека пред натпреварот изјавил дека можно е во Зимскиот трансфер период да го напушти Јуве..Ова е може шпекулација, но ќе видиме...
Занети - Тактичка измена... Немаше време да се разигра...

Супер натпревар.. И одиме во Аталанта на победа..Forza Juve!!!Vinci per noi!!!
 
Честито победа иако касно ми текна ама ги надигравте се покажа кој е кој во Италија
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom