Da ne go zaboravime i katastrofalniot Marchionni denes.
Според мене, денеска солидно изиграа:
-Џовинко (мен оф д меч) дечкото играше со неверојатна желба за да се докаже, и рака на срце му успеа... Неколку пати ги прати по бурек одбранбените на Лече, постигна гол `алла Дел Пиеро` и заслужува огромни честитки...Се радувам што со победа заврши неговиот деби гол оваа сезона...
-Амаури поради него се радувавме на трите бода денеска..Убав гол, и поважно е дека беше постигнат најмногу кога беше потребен..
-Сисоко играч, кој на секој натпревар го дава својот максимум, и секогаш е мотивиран..Му се восхитувам каде ја собира цела таа енергија..Закон играч, и многу важна алка во Јувентус (ако не и најважна)...
- Маркизо добро се покажа, имаше солидни пасови, блокирања, помагаше во одбраната, ретко грешеше...
- Манингер, имаше неколку сигурни асистенции и секогаш присебен..Браво Манингер, го заменува Ел Професор на најдобар можен начин...
- Де Чеље, иако играше многу малку, сепак имаше неколку прецизни додавања и тој е асистентот на Амаури за голот...
Лошо изиграа (под своите прикажани способности):
- Киелини - Некако како несконцентриран ми беше, посебно во последните 20 минути од натпреварот...
- Легро - Аматерска грешка го оддалечи да не настапи со Милан...Непотребен фаул, и заслужуваше жолт картон од судијата...
- Недвед изигра многу слаб натпревар..Единствено позитивно од негова страна гледам што беше борбен, инаку не го правеше она што е препознатливо..Да доставува топки до нападот, да упати по некоја бомба кон голот...Индиспониран овај натпревар
КАТАСТРОФАЛНО изиграа:
- Молинаро е играч кој беше како изгубен германец во Русија.. Мува без глава...Таман си реков, конечно се пронајде Молинаро себеси, последниве мечеви успева да ме демантира во спротивното...
- Маркиони..:raz: Не знам што се случува со Маркиониов..Ептен слабо последниве натпревари, денеска беше тотално индиспониран, несмасен, и тотално непродуктивен... Се надевам дека Каморанези ќе се врати со Милан..
- Григера многу слаб натпревар за него... Во дефанзива денеска беше тотален киксер, немаше корисни накревања...Слабо, слабо...
Сепак (фала Богу) Јуве денес и со лоша игра стигна до 3те бода, кои според мене беа МНОГУ ВАЖНИ, бидејќи наредно коло играме против Милан, и не би било добро ако сме во негативно бодовно салдо во однос со нив..Се надевам дека од овој меч ќе се извлечат поуки, и дека против Милан ќе ја гледаме онаа игра на Јуве како против Реал,Џенова итн...Форца Јуве!!!
bianconero fino a morire!!!
Дури нивните соиграчи се доживуваа перипетии во Лече, Трезеге и Каморанези имаа средба со
Дедо Мраз..:pos2::pos2::pos2: