Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Da ne go zaboravime i katastrofalniot Marchionni denes.
Според мене, денеска солидно изиграа:
-Џовинко (мен оф д меч) дечкото играше со неверојатна желба за да се докаже, и рака на срце му успеа... Неколку пати ги прати по бурек одбранбените на Лече, постигна гол `алла Дел Пиеро` и заслужува огромни честитки...Се радувам што со победа заврши неговиот деби гол оваа сезона...
-Амаури поради него се радувавме на трите бода денеска..Убав гол, и поважно е дека беше постигнат најмногу кога беше потребен..
-Сисоко играч, кој на секој натпревар го дава својот максимум, и секогаш е мотивиран..Му се восхитувам каде ја собира цела таа енергија..Закон играч, и многу важна алка во Јувентус (ако не и најважна)...
- Маркизо добро се покажа, имаше солидни пасови, блокирања, помагаше во одбраната, ретко грешеше...
- Манингер, имаше неколку сигурни асистенции и секогаш присебен..Браво Манингер, го заменува Ел Професор на најдобар можен начин...
- Де Чеље, иако играше многу малку, сепак имаше неколку прецизни додавања и тој е асистентот на Амаури за голот...
Лошо изиграа (под своите прикажани способности):
- Киелини - Некако како несконцентриран ми беше, посебно во последните 20 минути од натпреварот...
- Легро - Аматерска грешка го оддалечи да не настапи со Милан...Непотребен фаул, и заслужуваше жолт картон од судијата...
- Недвед изигра многу слаб натпревар..Единствено позитивно од негова страна гледам што беше борбен, инаку не го правеше она што е препознатливо..Да доставува топки до нападот, да упати по некоја бомба кон голот...Индиспониран овај натпревар
КАТАСТРОФАЛНО изиграа:
- Молинаро е играч кој беше како изгубен германец во Русија.. Мува без глава...Таман си реков, конечно се пронајде Молинаро себеси, последниве мечеви успева да ме демантира во спротивното...
- Маркиони..:raz: Не знам што се случува со Маркиониов..Ептен слабо последниве натпревари, денеска беше тотално индиспониран, несмасен, и тотално непродуктивен... Се надевам дека Каморанези ќе се врати со Милан..
- Григера многу слаб натпревар за него... Во дефанзива денеска беше тотален киксер, немаше корисни накревања...Слабо, слабо...

Сепак (фала Богу) Јуве денес и со лоша игра стигна до 3те бода, кои според мене беа МНОГУ ВАЖНИ, бидејќи наредно коло играме против Милан, и не би било добро ако сме во негативно бодовно салдо во однос со нив..Се надевам дека од овој меч ќе се извлечат поуки, и дека против Милан ќе ја гледаме онаа игра на Јуве како против Реал,Џенова итн...Форца Јуве!!!

bianconero fino a morire!!!

Дури нивните соиграчи се доживуваа перипетии во Лече, Трезеге и Каморанези имаа средба со Дедо Мраз..:pos2::pos2::pos2:
 
Кико а да ни дадеше сликички од натпреварот или од Џовинко некој добри бидејки ти чачкаш по др форуми навагаш ??
 
Џовинко пресреќен поради првенецот во дресот на Јуве. А кој не би бил!?
http://www.channel4.com/sport/football_italia/dec8c.html

Антонио Лабате (италијански блогер) смета дека на Џио му престои блескава кариера... Ууу мајката! Стварно? Не знаев!!:pos2: Шала на страна, прочитајте интересен блог.
http://www.channel4.com/sport/football_italia/blogs/al74.html

Јувентус се вклучува во трката по Галас. А, што мислите? Јас мислам дека нема ништо да изгубие ако со обидеме...
http://www.channel4.com/sport/football_italia/dec8d.html
 
Еве добри слики од натпреварот!!

http://juventuscalcio.blogspot.com/2008/12/pictures-lecce-juventus-1-2.html

Морам да одвојам една...

C_27_photogallery_892_GroupPhotogallery_listphoto_itemPhoto_14_immagine.jpg
 
Хаха си го земал ќе си го носи дома:pos2::pos2:
А јас морам оваа да ја извадам
Маркизо дјуд, ват д фак???


 
еее сеа Себа ќе игра со Бате се кладам,кој се клади со мене?ќе ги избуши белорусите:) ..добри сликички:) у насловна на туттоспорт пишува Alex Giovinco:)
 
15giovinco500.jpg

Џовинко: Сега ве ебав!! Браво Мајсторе!!
 
Дел Пиеро е сигурен за мечот со Милан додека Каморанези напредува со повредата и ке извшри неколку тестови кои ке покажат дали ке биде спремен за со Милан да се надеваме дека одговорот ке биде позитивен...тука
 
Ajde be sto se uspavte site cel den ve nema
ima eden kup tracevi na goal com ali onoj za maluda bi sakal da se ostvari
 
Амаури би можел да замине во Милан | Фудбал |
galliani092370526303529752.jpg
Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, пред викенд натпреварот со Јувентус, изјави дека Амаури е можното засилување за Милан. Двата италијански гиганти ќе се сретнат во недела, во натпревар кој ќе покаже кој од двата тима е посериозен кандидат за да го предизвика моментално водечкиот Интер. Амаури е во одлична форма и со сигурност ќе биде во почетниот состав на Јувентус. Галијани, кој е голем фан на Бразилецот, изјави дека летово за малку ќе потпишеле дооговор со Амаури, но трансферот на Роналдињо ги попречил во тоа.
„Во недела играме против Јувентус и сигурно е дека тој ќе се представи одлично против нас. Знае многу добро дека одамна го следиме и дека вратите во Милан се отворени за него“, изјави Галијани.
 
„Во недела играме против Јувентус и сигурно е дека тој ќе се представи одлично против нас. Знае многу добро дека одамна го следиме и дека вратите во Милан се отворени за него“, изјави Галијани.
Ќелавково ова го прави со некаква намера, а тоа е народски кажано познато како `збуни го противникот`:) Што нема да му успее...

Зампарини, Амаури и сите инволвирани во трансферот на Амаури во Јуве, децидно изјавија уште пред да се случи трансферот, дека Амаури сака да игра во Јувентус, и дека Јувентус е фаворит за неговата наредна дестинација доколку се одлучи да го напушти Палермо..

Овој, ќелавиов, го гледа дека Амаури е во форма, и сака да го испровоцира, да му внесе раздор во таборот на Јуве, ама се лажи..Амаури отсекогаш сакал да игра во Јувентус, и мислам дека тука нема дилеми..Заинтересираноста на Јуве за него датираше од ланскиот зимски трансфер период, и Зампарини (Претседателот на Палермо) изјави дека Амаури ќе го продаде на Јувентус, не само затоа што понудата на Јуве е посочна од онаа на Милан, туку и дека желба на Амаури е да игра во Јувентус... Така да теориите на Галијани шлапкаат во вода, и мислам дека му се сватени игрите на зборови!!
 
Па треба и да знаеме дека Амаури веќе беше играч на Јувентус тогаш кога Јувентус мо го продаде Миколи на Палермо (летото 2007), па и оттогаш мое мислење е дека Амаури веќе имаше некој договор за преселба во Торино. А и односите меѓу Ѕампарини и управата на Јуве се прекрасни. Така да нема некое двоумење тука.


Гласете ги Дел Пиеро и Киелини во составот на UEFA... Тука
 
Раниери не го сака Диего. :nesum:
ТУКА.

Можеби Раниери е донекаде во право за тактиката и за Диего прочитајте па ке видите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom