Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ама не се бара да свират за Јуве. Се бара само објективно судење. Ништо повеќе, ништо помалку. До сега судиите им земаа 6 бода, многу значајни за шампионатот.
 
''Старата дама, нов тренд како да се носи стариот дрес.''

- многу убава реченица... ако размислиш убаво.
 
Јакинта: Голот беше регуларен

Јакинта: Голот беше регуларен
Јувентус прикажа одлична игра успевајќи да се вратат од мртвите на натпреварот со Парма, на кој губеа со 2-0, за да на крајот заврши 2-2.

Јакинта за момент помисли дека ја грабна победата на тој натпревар кога постигна гол во продолжението на натпреварот, по 90-те минути, но тогаш судискиот свиреж го поништи голот.

Судијата Габриеле Гава, донесе контраверзна одлука, досудувајќи фаул над Паоло Кастелини, направен токму од Јакинта.


По натпреварот Јакинта се обрати до судијата за одговор што навистина било досудено, и по изразот на неговото лице можеше да се забележи дека не е задоволен од одговорот..

“Некој ми кажа дека сум направил фаул над Кастелини, па отидов да го прашам судијата.”


“Одговорот кој го добив беше дека некој од моите соиграчи направил фаул, но не ми кажуваше кој е тој играч,”- изјави Јакинта.


На La Domenicana Sportiva, синоќа била прикажана повторена снимка од која се гледа дека единствен играч кој се наоѓал близу до Јакинта во моментот бил Давид Трезеге.


Повторените снимки ја негираат одлуката на судијата дека бил извршен фаул ниту од Трезеге, ниту од Јакинта, оставајќи простор за шпекулации зошто е пништен голот на Јакинта.

 
абе не ме чуди ова искрено, после наполи ова е гола вода. таму 2 непостоечки пенала досудија. има и други случаи оваа сезона кога Јуве го има јадено стапот ама тоа е:toe:. незнам зашто уште викаат дека Јуве местат. незнам зашто Морати, на Интер главнот, вика дека судиите биле фер спрема Јуве и Милан, кога јасно е дека е обратно, Јуве го јаде, па и Милан, а Интер си ја фура својата шема. незнам што да кажам, освен што фактот дека ќе има уште вакви ситуации е сигурен, а мене ме нервира тоа како фан на Јуве, многу јасно. со овој тим постигнаа одлични резултати (до сега), па сеа ајде да ги докрајчиме работава........нејќам да зборам чиво дело е ова, колку да не почнеме со караници, не за друго. се знае кој е, сите знаат кој е во Италија, во моментот, со круната и моќта во фудбалот. поздрав, се надевам ме разбравте:smir::toe:
 
Сигурно ќе гледат да изват некаков ќар од него. Јас мислам дека ќе се потрудат да го трампаат за некој добар играч (Пример Диего).
мислиш на Диего од Вердер ...?
дека Барса го сака а не Вердер...
 
Само глупа шпекулација е тоа за Тиаго во Барселона. На позицијата на Тиаго, во Барселона се борат: Чави, Деко, Ињеста, Туре, Едмилсон. Така да Тиаго ако сака да биде гледач + на Ноу Камп, нека дојде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom