Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
така и ИНТЕР ке ги земе двете титули:je: :je: :je:BONDEK напиша:ќе оди во втора лига заедно со Лацио Милан и Фиорентина
zEk0 напиша:Синдикат, упатен сум во работите повеќе отколку што мислиш ти или отколку што ти изгледа на тебе. Уште колку пати треба да ти повторам дека во никој случај не сакам да ги ставам на исто рамниште срањата на Јуве и неправилностите на Милан. Мораш да ме сватиш дека единствено сакам да ти посочам дека принципот на одбрана на двата тима од обвинувањата (без разлика што обвинувањата врз Јуве се далеку пострашни и поголеми) е ИСТ! Го објаснив и погоре и да не се повторувам.
Значи единственото што сакам да го посочам е тоа дека или и двата клуба ќе бидат исчистени или осудени. Неспорно е тоа дека евентуалната (се поизвесната) казна за Јувентус ќе биде многу многу поголема од онаа на Милан и најверојатно Милан нема да се соочи ниту со одземање на бодови (веројатна е некоја парична казна).
И за крај, ме чуди што се обидуваш од неколку мои поста тука на форум да ми правиш некаква си психоанализа на мојата ментална состојба... Не знам од каде извлекуваш такви заклучоци дека јас себеси сакам да се убедувам во нешто и дека потсвесно бла бла бла... Единственото што во моментов го чувствувам е разочарување што 40-50 нечисти и нечесни луѓе од Италија измамија милиони фанови низ целиот свет. Разочаран сум што во центарот на целата фрка е тимот кој го сакам и за кој навивам уште откако знам за себе и за фудбалот.
Ако ме прашаат мене, идеално решение за целава ситуација ќе биде доколку секој поединец кој е макар 0,0001% вмешан во нечисти игри биде сместен зад решетки и секој тим (без разлика дали е Јуве, Фиорентина, Милан, Лацио или Удинезе) кој е вмешан да биде вратен во Серија Ц. Само така ќе им дојде памет на сите за во иднина и ќе гледаме чиста италијанска Серија А! Ако од целава ситуација наебат само поединците како Моџи, после неколку години повторно ќе се појави некој нов Моџи кој ќе манипулира....
Како човек сум оптимист и така е во оваа ситуација колку и да изгледа безнадежна за Јувентус. Нормално е дека сакам клубот да помине со што помали санкции.