Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
marketar напиша:
Јувентус во втора или трета лига!?.

хмммм велиш ....
Па ако одиме таму и вие идите со нас таман ќе ни помогните побрзо да се прилагодиме таму оти познат терен ви е тоа нама да ви биде нешо непознато.
Во секој случај џабе се надевате на такво нешто дека Јувентус ќе го гледате во SERIE B.
 
Sindikat напиша:
Статијата нема врска. Жити се од кај ја ископа. Меани е тој кој е обвинет, тој е некој си соработник на Милан, а не е обвинител. Галиани не е ни малку замешан во скандалот, така да незнам шо има Милан врска, па дури како тим ќе одговарал. Милан како прво беше оштетен во натпреварите во кој беше замешан, само на еден победе. Плус едниот разговор од натпреварите кај шо е замешан Милан е од Гираудо, ко шо знам еден од екс директорите на Јуве.

И да не се прајме сега сите овде наивни, многу убо знајме дека фамилијата Ањели е организаторот на овие скандали. Тие немаше да бидат милијардери ако можеше да ги изигра некој толку “мал“ смртник како Моџи. Нека не изиграват многу жртви, многу е јасна работата и не треба да си детектив за да сфатиш шо се случва во Италијанското првенство. Ако можев јас да знам дека Јуве мести натпревари, тогаш сигурно не е тешко обвинителот да знај.


Иако добивам некое лошо чуство, дека старата кучка ќе се извлечи со некој банални парични казни. Сепак останва да се надеваме дека правдата ќе биде задоволена и дека Италијанскиот фудбал ќе го задржи своето достоинство.

Текстов и јас го прочитав во Мак. Спорт и се умрев од смеење. По се изгледа преведувачот на овој текст малку се занел и си направил своја сторија.

Инаку за натпреварите на Милан, зашто не разбереш дека обвинението е дека тие самите го “штимале“ резултатот за во кладилница и затоа се поразени на тие натпревари. Милан губел за финансиска корист а не бил оштетен.

На крај велиш дека сакаш правдата да биде задоволена - која би била правдата? Таа правда/вистина што ти ја имаш зацртано или конечната одлука на фудбалската федерација и на судот? Според тебе, Јуве да отиде во Серија Ц и титулите да му се дадат на Милан е единствената правда :)

Ова ме насмеа: “Ако можев јас да знам дека Јуве мести натпревари, тогаш сигурно не е тешко обвинителот да знај.“ - ти по се изгледа излезе попаметен од Берлускони, Морати и останатите “оштетени“ и од јавниот обвинител. Ако си знаел, зашто не пријави во полиција :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Ако, ако знам дека ви е тешко. Само чудо можи да го спаси Јуве од испаѓање од Серија А.

И не се прај многу паметен, ако имаш убо прочитано кажвај ако не не си измислувај. Како прво немат врска натпреварите на Милан со местење, а најмалце се местени за вкладилници и за профит. Милан се обвинува поради телефонски разговор, помеѓу Меани (кузнај кој куро е овај) и надлежниот за избор на судии. Во подолгиот разговор (тој е најсомнителен) станува збор за поплака од страна на Меани за лошите одлуки на линискиот (цело време се работи за линиските суди) судија, кој му пониште чист гол на Милан. Понатаму следува најопасниот дел каде Меани вели да се пуштат двајца „интелегентни“ линиски суди на следниот меч. Значи не се работи за одредени судии туку едноставно се бара судија кој ќе ја извржи работата како шо треба.
Друга работа е шо разговорите се тотално неразбирливи и измешани, една работа е ние тука да ги тумачиме, друго е на суд каде мора да бидат конкретни. Баш на овај фактор на нејасност на разговорите ќе се заснова одбраната на адвокатите на Милан.
Трето и најважно. Меани не е на официјалниот список на вработени во Милан (така да клубот не би требало да сноси последици).
Е сега јас ви го пренесувам она шо се збора во Италија (не сум од таму, ама читам на форумот на MilanMania, шо кажват италијаните шо се најупатени). На Милан во најлош случај може да му бидат одземени 6 бода, доколку се докажат обвинувањата. Иако Милан не доби никогаш помош од судиите, едноставно разговорите со каква и да се намера, не би требало да постојат. Во врска со Јувентус, атмосферата во Италија е дека Јуве сигурно ќе ја напушти серија А (ќе се префрли во серија Б или Ц1 евентуално Ц2) и на почетокот на следната сезона ќе стартува со казнени бодови, со тоа автоматски значи Јуве ќе биди на последното место и нема да игра во Лига на Шампиони, со што Тревизо ќе се спасат, Рома ќе игра Лига на Шампиони, а Милан ќе бидат Шампиони (во случај да не се случи нешто непредвидено па да им бидат одземени повеќе од 10 бода). Но најголемата грижа на Јувентус нема да биди играњето во лигите со пониск ранг, туку тешките финансиски кризи со кои ќе се соочат, имено ќе загубат негде околу 300 милиони евра. Исто така многу од фудбалерите ќе мораат или да се согласат да играат за пониски плати или да го напуштат клубот (незнам да објаснам зошто, ама има ограничувања на буџетот на второлигашките екипи).

Исто така, Силвио Берлускони излезе со една интересна изјава, барајќи да се вратат украдените титули на Милан од оваа и претходната сезона. Малку е покомплицирана ситуацијата за претходната сезона, зошто доколку им биде одземена на титулата на Јуве, таа ќе остане најверојатно недоделена.

Изјавите од сите врвни луѓе во италијанскиот фудбал е дека се работи за најголемиот фудбалски скандал во историјата на светскиот фудбал. Работата е крајно сериозна не се ова само обични шпекулаци. Дури и почетокот на следното првенство ќе чека на исходот од ова судење и се предвидува дека ќе започни со задоцнување дури во Октомври.

П.С. Извинете за долгиот пост, ама кој го интересира нека прочита. Мораше да образложам малку, за да не се шират толку неточни шпекулаци (не дека ова не се шпекулаци, ама ова е најблиску шо можи до вистината).
 
Кој вели дека ова што го пиша ти е најблиску до вистината?!?! Ако информациите ги црпиш само од МиланМаниа тогаше гледам зашто ова ти е најблиску до вистината.

Веќе немам кондиција да ти објаснувам работи околу случајов, само на кратко - Меани е човек на Милан и тоа е дефинитивно, без разлика што ти цело време се обидуваш да го оддалечиш од клубот. Друго, Галијани се извини за изјавата на Берлускони веднаш потоа и кажа (отприлика): ”Морате да му простите на Силвио за она што го кажа, тој зборуваше во афект и како обичен навивач на Милан” - ова е бидејќи Берлускони го прогласи својот тим за невин а Јувентус за виновен во целата ситуација.
 
А инаку во суштина, одбраната на Милан ќе биде слична на онаа на Јувентус. Милан ќе се брани: “Ние не знаеме ништо, Меани на своја рака се јавувал кај судиите за тие натпревари“ исто како и Јуве: “И ние не знаеме ништо. Го поставивме Моџи за ген. директор а он за своја заработка правел глупости на наша штета, да сме знаеле немало да му дозволиме“.

Во принцип, ако упали ваквата одбрана на Милан, мора да упали и на Јувентус.

Според мене, најверојатно е дека целиот скандал ќе се заврши со казнување на луѓето (а не клубовите) кои се одговорни за се сшто се случи - почнувајќи од Моџи и останатите директори и менаџери по клубовите кои се вмешани, преку судиите и судиската организација, федерацијата и на крај некои фудбалери и менаџери....

Казнувањето на клубови како Јуве, Фиорентина, Лацио, Милан би било погубно за целокупниот фудбал во Италија од финансиски аспект.
 
лелее...Зеко ќутии твоите зборови се зборови на очај..затоа потполно те разбираме ние фановите на МИЛАН, прими наше сочувство иако тоа Јуве ни најмалку не го заслужува. Од каде сега информацијата дека Милан местел натпревари за кладилници..посмешна информација никад у живот не сум чул...или ти тоа го измисли.. Тука е крајот на јуве, почетокот на вистинскиот чист италиански фудбал...
П.С. Синдикат напред имаш наша подршка :)
 
Ај кажете сега дали Јувентус ќе биде преместен во друга лига, и чива ќе биде титулата од оваа година?
 
Деца џабе се надевате на тоа дека Јувентус ке замини во втора или трета лига ако замини сигурно со него ќе ги собери и Милан и некој друг тим од серија а. а тоа ако се случи рацунајте дека ќе има долеми санкции од UEFA па сеа видете вие радвајте се дека некојси МИЛАН ќе освој титула во италија која ја нема заслужено.
 
Се слушаат многу чудни информации сега последно што слушнав беше тоа дека Јувентус ќе оди во 2 лига и дека Милан и Лацио ќе почнат со -14 бодови. Има многу варијанти на измисли9ци што ќе се кажуваат низ целиот свет. Сепак крајот ќе си го краси делото:nesvest:
 
Зеко, патетика шо да ти речам друго. Добро сега сам се убедваш. Јас ти кажвам официјални новости од вестите во Италија (кој се најрелевантни, сигурно македонски спорт не е порелевантен извор). Јас не кажвам претпоставки засновани на муабети од улица, ти кажвам реални работи шо и како би можело да се случи. Јувентус веќе е во голема загуба, акциите на клубот на последното отварање на берзата за продажба паднаја за 17% и берзата беше затворена за само 2 минути.

Милан дефинитивно не е ни блиску до сериозноста со скандалот на Јуве. Меани е соработник, а Моџи е генерален директор, соработникот е најмалку врзан со клубот и во никој случај нема да значи отпаѓање на клубот доколку тој местел натпревари (значи доколку тој го правел тоа, а не го правел. Ако ги прочиташ разговорите ќе видиш дека се работи за повик после натпревар на кој Милан бил оштетен и се изразува нервоза поради тоа. Шо не е ни приближно до работите кои ги правеше Моџи).

Од друга страна пак, Јуве се соочува со сериозни проблеми, не се работи само за местење на натпревари и определување на судии од страна на Моџи, се работи и за уценување на тимови поради трансфери итн. Има неверојатно силни докази против Моџи, твојот муабет ни оддалеку не држи дека Моџи побарал судии само за некој пријателски натпревари. Папареста призна дека бил буквално затворен во канцеларијата на Моџи.

Немој да глумиш наивец и да се убедуваш себеси, дека Моџи (кој е обичен смртник) ќе успее да си игра со судбината на мафијашка фамилија која стигнала до милијарди евра богатство. Кристално беше јасно дека Јуве има контрола врз судиите и навистина е бедно да се тврди дека Ањели не бил информиран и е жртва во целата оваа работа. Се работи за огромна загуба на пари, фамилијата Ањели без нивна дозвола никогаш не би дозволила да се игра со нивните пари. Значи оваа теза не ти држи воопшто.

П.С. Ако на Јуве му се предвидува распад, не мора да се обидуваш да ги повлечеш и другите тимови за кои кристално јасно е дека немаат никакви индикации за преселба во пониските лиги. И срамота е да тврдиш дека генералниот директор не е достоен претставник на тимот. Значи според тебе тимот е целината, па според тоа би требало сите вработени и сите играчи истовремено да се вмешани во скандалот за дури тогаш да се работи за евентуално испаѓање, апсурд. Генералниот директор е всушност тимот, во секакви легално правни испади.
 
Абе човеку, ти имаш големи проблеми да сватиш што ти пишувам или пак јас имам големи проблеми со изразувањето. Изгледа не разбираш што сакам да ти кажам па така да нема да се трудам повеќе, ќе почекаме официјална разврска на случајот.

Ова ми е неверојатно смешно: “ Ако на Јуве му се предвидува распад, не мора да се обидуваш да ги повлечеш и другите тимови за кои кристално јасно е дека немаат никакви индикации за преселба во пониските лиги.
ЈАС ги повлекувам другите тимови во пониските лиги??:pos: Добро бе што ти значи ова што го кажуваш толку често!? :)

Единствено што сакав да ти објаснам е дека одбраната на Милан и Јувентус во целиот случај е во принцип иста, така што сеедно е кој во колку матни натпревари бил замешан, ако биде ослободен Милан, ќе биде и Јувентус. Ако бидат обвинети, тогаш секој ќе си добие казна според нивото на престапот...
 
Абе јасно ми е мене шо сакаш ти да кажиш, јас ти посочувам на то дека ти или не си упатен добро или неќиш да бидиш упатен (зошто си сфатил дека Јуве е во срања, и не ти одговара па потсвесно се обидуваш да си докажиш дека не е така).

Нека не ти е смешно, комплетно погрешно ги перцепираш работите, јас велам дека ти се обидуваш во својата свест престапот на Милан да го изедначиш со престапот на Јуве. Шо е нереално и апсурдно да се дискутира, ете прочитај ги последните новости и ќе сфатиш дека Милан е во минорни проблеми и никако не можи да се спореди со срањата во кои Јуве е навлезен.

Јас ништо не измислувам немам намера да ширам дезинформаци, прифати ја реалноста, Јуве местеше натправари то на јавноста (и на тебе) му е многу јасно. Сега за пресудата зависи колку безобразно големо ќе биде влијанието на Јуве во судскиот спор, вината на Јуве е неоспорна и недискутабилна.

И немој да мислиш дека јас тука се ставам во одбрана на Милан. Едноставно така стојат работите, нема никакви индикации дека Милан местел натпревари, ниту за кладилници ниту за освојување на титули. Обвинението е поради телефонски разговор (стопати ќе го повторам, се надевам ќе сфатиш дека не се работи за никакво местење) помеѓу одговорниот за избор на судии и Меани (соработник, значи не е официјален претставник на тимот, при што тимот не одговара за него). Тие се, според некои индикации, пријатели и мене разговорот повеќе ми заличува на нервоза поради претходното вршење на притисок од страна на Моџи/Џираудо. Значи цела работа добива контра ефект, тука Милан е жртвата. Но сепак во правно-спортски рамки ова е прекршок, затоа што разговорот е во врска со судиите за следниот натпревар. Е сега овај прекршок не е идентичен со тој шо го прави Јуве, зошто тука е јасно кој го прави местењето, а кој се брани од него (сепак илегално). Значи казните за ваков минорен прекршок во судење со порота сигурно би биле минимални.


П.С. Се надевам дека ме разбра. Целиот муабет ми е дека не е исто да си навивач на Јуве во овој момент и да се чуствуваш измамен, да чуствуваш дека се околу тебе и за се она шо си се колнел е лага. Без разлика на моќта и на парите на сопствениците на Јуве и без разлика дали Јуве ќе биде правилно казнет или не, вистината се знае и секогаш ќе боли. За разлика од тоа навивачите на Милан ја знаат својата вистина и веруваат во тимот за кој навиваат. И немој да ме сватиш погрешно, јас иако сакам правдата да биде задоволена, потсвесно не ми е сеедно заминувањето на Јуве (доколку се деси) зашто јас цела година живеам за неколку натпревари од кои два се дербите против Јуве.:star:
 
јувентус

a sto ce kazete deka JUENTUS ce odi vo serija C1 od italijanskoto prvestvo zasto mestel natprevari od 36 namestil 29
taka i mu trebase
c1
:je: :je: :je: :je: :je: :je: :je: :je:
 
јуве во серија ц1 хахахахаха кеф ми е така и му требаше
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom