Имам речено, и пак ќе речам дека Италијанскиот фудбал е оној правиот за Поулсен..Посебно нашиот напад е така структуиран, при што напаѓачите ни се високи, и претежно се добри со глава (Амаури, Јакинта и Трезеге) а Поулсен е мајстор за тие високи додавања, така да сметам дека Раниери тоа ќе знае да го искористи..Минатиот натпревар од Купот против Наполи, Поулсен изигра маестрално, еве овој натпревар го постигнува својот деби гол за Јувентус, така да сметам дека заслужува да добие место во стартните 11 наредниот меч...
Исто така, задоволен сум од Тиаго, се гледа дека игра со повеќе самодоверба и супер би било ако се врати во формата во која играше во Лион, а ако продолжи така мислам дека на прав пат е !!!
Сисоко изигра на своето ниво, ама од кога го доби жолтиот картон се плашеше да влегува во дуели..
Џиџи Буфон не треба да се коментира.. Феноменално избрани..Во вистинското време, на вистинското место
Винченцо Јакинта - Јас искрено го сваќам човекот..Преседа на клупа повеќето натпревари, и сега влегува во стартните 11 и дава гол, од радост го слекува дресот, и од преголема возбуда прави фаул за жолт картон..Како и да е , се радувам за него, иако направи таков непромислен потег..
Амаури - супер изигра, иако не постигна гол..Имаше добри пробивања, и обиди да го загрози голманот на Катанија..Иако нема постигнато гол во последниве натпревари сепак не се откажува..Верувам во неговите способности!!
Недвед - Просечен натпревар
Маркиони - Слабо некако, незаинтересирано, губеше топки на лесен начин..
Да не добиеше црвен картон Јакинта веројатно немаше да биде неизвесно.. Но голем клуб се гледа во тешките позиции..
Традиционално во Калчото е многу тешко да победиш Сицилијанска екипа во Сицилија, и тоа кога ќе надоврзиме дека игравме со играч помалку скоро цел натпревар, и кога ќе ги надоврземе оние 120 минути против Наполи во Куп натпреварот...
Судиите судеа катастрофално..Не ги коментирам ама судеа ептен лошо...
Раниери требаше порано да реагира со измените, а не да чека 80 минута да го стави Поулсен кој сметам дека требаше да влезе многу порано...