Со сета почит, ама баш ич не се согласувам со твојот пост, односно тој ниту малку не соодвествува со реалноста.. Коболи Гиљи е само човек поставен од сопствениците на Јувентус да ја води политиката на тимот под нивно водство,тој не е никаков финансиер на клубот, тој не може ништо да направи без согласност на Џон Елкан (Сопственикот на Јувентус)... Јувентус не е фирма под стечај, па сега ќе прават конкурс за Претседател..Сопствениците си ставаат Претседател по нивна желба, а за финансирање на тимот се спонзорите, и Фамилијата Ањели, а не Претседателот...
Ако може да те расположи фактот што веќе наголемо се шпекулира дека внукот на Џањи Ањели - Џон Елкан влето ќе седне на фотелјата Претседател на Јувентус..Јувентус има различна раководна хиерархија од Интер и Милан кој имаат Претседатели кои се сопственици на клубот!