Брат, си пропуштил нешто изгледа. Јунајтед оф Манчестер е формиран 2005 година, а го формираше токму најсилната, најголемата навивачка група на Манчестер Јунајтед. И од тогаш истите не доаѓаат на Олд Трафорд. Нивната бројка нон-стоп се зголемува, просекот на посетеност на натпреварите им е далеку над просекот на лигата... Олд Трафорд никогаш не е под 75000, но факт е дека сосема различна беше атмосферата кога овие дечки беа на Олд Трафорд.
За тоа колку се луди, најубаво знаат навивачите на Сити... се имаат плескано со нив повеќе пати, а моментално единствено оваа група на навивачи можам да кажам дека живее во духот на 80-те или 90-те години... права ултрас-група, штета што се поретки се ваквите поради законите кои се воведоа во Англија.