Фан Клуб: Италија

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно некој од Манчини,Алегри,Спалети,Донадони или Закерони ќе го наследи Прандели на клупата на Италија.

Италијанските медиуми пишуваат дека после мечот, Прандели останал во соблекувална со целиот тим и неговиот стручен штаб , само Балотели прв се качил на репрезентативниот автобус и не присуствувал на состанокот.
Буффон и ДДР индиректно упатија критики кон помладите играчи, и они кои не го дале својот максимун ,и ја немаат потребната страст и пожртвуваност за да играат за препрезентацијата.
 
Дај нека го доведат Ди Матео а не вакви исвирани свирки.
 
Дај нека го доведат Ди Матео а не вакви исвирани свирки.
Наместо да одат чекор напред, тие се враќаат чекор назад.Но се е во домен на шпекулација. Селектор ќе се одбери после избор на ново раководство на ФИГЦ. Се надевам дека нема да биде лимитирано како претходново.
 
Спалети и Ди Матео нека ги скокнат, нема потреба да ни да ги разгледуваат, посебно првиот. И Закерони исто...
 
ФИГЦ не смеат да го испуштат ова. :вонзем:

allegri_milan_ride.jpeg
 
Во Италија го најдоа виновникот - Баолотели. :)

Најлесно е да се удри по Балотели. Колку и да не ја оправдувам неговата одлука после натпреварот, глупо е да се празнат сите медиуми и играчи на него. Па, кога играше добро Италија, добро играше и тој. По натпреварот со Англија сите го фалеа, заедно со Пирло најдобар им беше.
 
Абе поентата е да бидеш играч и кога ти иде и кога не ти иде не овој Балотели ко детенце некое ако не е понегово плаче. На што личи бе тоа такво понашање од копиљ 23 години голку ги има. Го глеам Пирло со Уругвај цела утакмица трча се труди 35 години има а овој дреме и плаче цела утакмица. Па уште зашто го извадиле. Имобиле е цереп тежок али барем не плаче и се труди колку толку затоа остана у игра. Дебил Прандели уместо да ги земеше Пеле и Роси он ги зема Имобиле и Касано што ништо не покажаа.
 
Глупости... Ама огромни глупости!!! Од мене за Скај Ит (n)(n)(n)(n)(n)(n)(n)(n)(n)(n)(n)(n)(n)(n)


Bq_7EENCcAA51RF.png
 
Смешна и несериозна е целава фрка која ја насочија кон Балотели.
Мислам дека Роналдо за Португалија и Меси за Аргентина го немаа притисокот над себе, не им беше наметнуван, олку колку што му беше на Балотели.
Наивен, неискрен и пи*ка од карактер е секој оној во тимот на оваа Италија која испадна и кој црлата или најголемиот дел од одговорноста го насочува кон Балотели.
Луд е оној кој искрено очекуваше, Балотели на своето прво Светско првенство, на 23 години и со се уште несигурен пристап и неконстантна форма да биде предводник на Италија, а во тимот има играчи со дупло и повеќе и авторитет и искуство и одговорност, па и класа од него.

Лудо, скроз безобразно и глупо е да им се преќути на одбраната (која Скај ја става во позитивците во Италија :eek: ) која прими гол на секоја утакмица, поготово имајќи ги предвид головите кои ги прими ( два во скок игра и еден од контра ) и кои беа показател на тоа колку беше лоша, а да се напаѓа играчот кој како - така ја донесе единствената победа на првенството.
Глупо е да не се спомне Киелини кој поготово против Уругвај појше беше на земја отколку во игра, Маркизио кој во најбитната утакмица го остави тимот со играч помалку, Барзаљи кој доцнеше и кај голот од Костарика и од Уругвај, општо одбраната и поставеноста во одбрана која прими гол и потфрли на секоја утакмица.
Скроз е безвеза сите да зборат и да бараат кривец во еден играч. Кога Италија беше добра ( против Англија ), Балотели беше еден од најдобрите на терен, кога Италија беше слаба и тој како и другите се стопи во сивилото.
Италија потфрли како тим, нема смисла да се бараат поединци кривци во играчите, а поготово кривицата да се лоцира кај Балотели најмногу.
Некои искусни фудбалери со изјавите вчера и бегањето од одговорност, кои стварно ги почитував, многу ме разочараа. Ги сметав за одговорни професионалци, спремни да прифатат одговорност како дел од неуспешен тим. Се покажаа као пи*ки.

Еднаш реков, ќе повторам. Доколку Балотели пропадне како талент, делумно виновни колку и неговиот карактер и темперамент, ќе бидат и неговите соиграчи, тренери, па и целокупната јавност баш поради притисокот кој му го ствараат со предвремените очекувања и вакви нереални осудувања.
 
Може да ми дадете некој линк или слично од италјански медиум каде го критикуваат Балотели? Искрено јас не гледам голема кривица кај него, всушност не гледам кривица кај ниеден индивидуалец освен кај цреповите кои и самите не знаат какосе најдоа во репрезенттивниот дрес. Тоа покажува на само еден виновник и тоа веќе поранешниот селектор големиот Прандели.
 
Може да ми дадете некој линк или слично од италјански медиум каде го критикуваат Балотели? Искрено јас не гледам голема кривица кај него, всушност не гледам кривица кај ниеден индивидуалец освен кај цреповите кои и самите не знаат какосе најдоа во репрезенттивниот дрес. Тоа покажува на само еден виновник и тоа веќе поранешниот селектор големиот Прандели.

Добро човек, намали малце со комплексите :LOL:
 
Ќе се менувал скоро цел состав и во 'новата' Италија ќе го немало Барзаљи, кое пукање во нога еј...
 
Барзаљи треба да остане, доколку сака. Но, Пирло треба да и каже збогум на репрезентацијата. Квалификациите ќе ги поминат и без него, а на следното ЕП, тој не може да биде центар околку кој ќе игра Италија.

Затоа, подобро е да почне да се гради игра околу други играчи. Всушност, никој нема да ја има улогата на Пирло, ќе се гради нешто поинаку.

Кај Барзаљи е друго, тој е играч од одбрана... Не менува нешто, ако сега може, а утре не.
 
Барзаљи треба да остане, доколку сака. Но, Пирло треба да и каже збогум на репрезентацијата. Квалификациите ќе ги поминат и без него, а на следното ЕП, тој не може да биде центар околку кој ќе игра Италија.

Затоа, подобро е да почне да се гради игра околу други играчи. Всушност, никој нема да ја има улогата на Пирло, ќе се гради нешто поинаку.

Кај Барзаљи е друго, тој е играч од одбрана... Не менува нешто, ако сега може, а утре не.
И јас истото го велам за Пирло ама Барзаљи е моментално еден од најдобрите и најстабилните дефанзивци во светот па дуел и топка нема изгубено човекот. Ма да голем бонус за Јуве е ако не го викаат :)
 
Ќе се менувал скоро цел состав и во 'новата' Италија ќе го немало Барзаљи, кое пукање во нога еј...

Како планираат без Барзаљи, до каде? Барзаљи е мислам моментално најдобриот дефанзивец во репрзентација, a конкурира и за еден од најдобрите играчи, тој е играчот кој не смее да се тргне. Може да го кара уште ова ЕП, па потоа да го испратиме. Иначе на другите места треба промени, и те какви.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom