Со оглед на другите играчи кои се "достапни" не гледам ништо подобро.
Денес читам Бензема е исфрлен од тимот, можеби прилика да се земе на некоја позајмица...
вака од играчи без договор или сеа што им истекува договор
Ихеаначо можно е да се снајде океј кај нас за од клупа, сигурно боље од Кореа и Арнаутович,
Чалов, Тареми и Бен Једер ги неам многу гледано во последно време, Чалов важеше за одличен потенцијал, ама од коа фати војанта во русија го неам глеано, не знам како се развил, Таремми во Порто имаше одлични партии, Бен Једер коа и да сум го глеал бил сосем солиден... Е сеа колку би сакале и они за ротација да дојдат е друг муабет особено Тареми и Бен Једер.
Батшуаји исто важеше за талент, за од клупа исто мислам дека би бил боље опција од тоа што го имаме сега..
Да не се сфатиме погрешно, ова се е за играчи што би можеле да влагаат од клупа не за прва опција.
Од слободни агенти реално и нема баш многу, Карлос Вела, Санти Мина... Иако за овие ептен сум скептик дека би смениле многу кај нас. Диего Коста исто гледам слободен агент е, е он би можел ептен да не дигне, само годините го јадат ептен него ама сепак менталитетот му е добар, фајтер, пргав играч што не се дава.
Коа пазариме за џабе, на попуст и слично нормално е вакви имиња да ни се вртат. Лично ако збориме, за мали пари и за 1 година договор јас би земал барем еден од наведениве. И да е флоп што има везе, ќе грее клупа една сезона и после чао поздрав, а со оглед на тоа што го имаме, реално и во резервниот тим на Вардар да пазариме може да се усреќиме.
Марсијал не го сакам заради менталитетот, сигурно ако дојде ќе пружи добри партии ама мислам дека може доста да ни сјебе во соблекувална, и нормално ако го фати куроболие толку е. А дека има квалитет има и тоа доста.
Бензема реално е одличен избор по квалитет, најдобар избор ако ги рачунаме сите имиња тука што ги кажав само колку плата би барал бабанот? Еве и да го пуштат да дојде кај нас, сигурно ќе треба доста да искешираат нашите, а и не верувам дека во било кој случај би сакал Карим да биде резерва или да влага од клупа. Реално и ако дојде очекувам да полни мрежи, мислам сите би очекувале.
Реално сеа Јануари треба да гледаме да скрпиме, зимај таму Диего Коста на 6/12 месеци пополни дупка. Ако се погодат давај договор, ако не нека си пакуваат куферите, си лупнал некој милион на плати у була и тоа е тоа (исто ко со Арнаутович).
Сега не верувам дека би трошеле пари да донесат нешто асално, така да барем да гледаме што поефтино да поминеме. Коа веќе се коцкаме барем малце да изгориме а не како со Кореа (за којшто очекував реално многу не знам зашто).
Сеа гледам Чалов во Москва не е воопшто лош барем статистички, 4 пати тим на неделата, 8 гола 3 асистенции на 18 натпревари а ЦСКА 8мо место у лига.
Што и да праат, само нека не ризикуваат со нов Кореа или долги големи договори, сега треба да се прикрпи нешто да се има за ротација и од клупа. Коцкарот во мене секогаш би идел на ризик, што кур, може ќе се погоди ќе му легне на некој од овие лигата па ќе решат по некоја утакмици по грешка.
океј, распнете ме сеа дека праам муабет за пропали играчи, јасно ми е и мене. Ама коа веќе не држиме играчи од академија и млади таленти да влагаат од клупа, барем нешто да пробаме...
