Абе реално гледано, ако имаш играчи што промашуат топка и празен гол не можеш се на тренерот да ставиш како товар.
Кој и да беше тренер денес очите ќе си ги ископаше. Тука треба чистка голема, овоа е крајно непрофесионално од сите.
Абе тоа си стои дека Лукаку утна зицериште, ама да не звучиме како дон инза мастерклас, што или судиите мисли дека му се проблем или нереализацијата на тимов. Тоа ти е момент од 5 секунди од меч кој трае 90мин плус продуженија, што е со остатокот од мечот каде бевме мизерија, нарочито кога ''бркавме'' гол, исто и прво забава си правеа Фиорентина ама небитно стратегов наш ко што вика, бил и он напаѓач, се дешаваат такви промашувања и не е дека сме биле лоши. Да, беше напаѓач, тежок просек, каков што е и тренер.
Јас не сфаќам како е можно уште да не е избркан од тука, оштетата што ќе треба да му ја дадат е ништо во споредба со финансиската штета која ќе ни ја нанесе со непласирање во ЛШ.
4 порази во задњи 5 текми, 10 порази до сега сезонава ( само еднаш биле 4ти со double digit порази, и тогаш мислам 4то не носеше во ЛШ, со Манчини ) а имаме гостувања со Рома, Наполи, дома Аталанта, Лацио, 0 голови во задњи 3 утакмици, моментално 5то место на табела. Отидени се и Аусилио и Марота, имаа кредит кај мене доста долго време ама од Јануари 2022 до ден денешен ужас од потези повлекоа и со трансфери и сеа со Инзаги. Бркај го, стаи го Киву и пробај некако да ја спасиш вака сезонава, и тоа не е гаранција никаква факт, ама со овој мислам дека неизбежно е да ни се деси дебакл.
Eне Баерн со Нагелсман, глеале каков тренд имаат со него, примање голови, губење бодови, споредба со ист период ланска сезона и слично, и искалкулирале иако се сеуште у добра позиција во лига, дека постојат големи шанси за колапс и ааајт, поздрав и све најубаво. Па ако правиш таква математика кај нас со сите податоци со кои располагаш, каква иднина не чека оваа сезона?

)