Фан Клуб: Интер

Наполи прави што секоја екипа при врвот треба да им прави на останатите во лигава. Ваква шанса со толку крш противници никогаш нема да начекаат. Ем се први ем никој да им направи притисок.
 
Алал нека им е. Најмалце 13 бода предност во февруари. Скудетото им е џеп. Мислев ќе ги фане замор нешто повреди ама добро тераат. Го откачија купот да не им се собираат утакмици, билдаат бафер за да можат киксови да дозволат кога ќе има лига на шампиони. Ептен паметно изиграа.
 
Па можда и ги има фатено замор ама не се приметува од вакви камиказа екипи како Специја, 3 гола им поклонија денес ебате мизериите.

Страшни екипи има Калчово еј, језа да те фати, пола од нив не заслужуваат прволигашки статус.
 
Значи накратко кажано, клубот му кажал на Шкриниар барај си нов клуб ќе те продаваме.
Шкриниар се договорил со ПСЖ и во последен момент Интер смениле мислење откако овој веќе се договорил. Решил да прифати и помала плата од таа што му била понудена во ПСЖ ама клубот ни тоа не успеал да среди.
Да не должам многу, изгледа дека Шкриниар немал никаква намера да си оди од Интер пред да му кажат да си бара нов клуб.
Мислам дека притисок од јавноста да не се продава Шкриниар доведе до пишман аџија и тоа беше голема грешка со оглед на тоа дека сега си иде за џабе.
Не знам дали е виновен Аусилио, Марота или Жанг, али реално ова е аматерски изменаџирана ситуација со еден од појаките играчи во тимот на кој лесно можеше да се искешира и 100 милиони или иден капитен и легенда.

1675623310150.png
 
Последно уредено:
Значи накратко кажано, клубот му кажал на Шкриниар барај си нов клуб ќе те продаваме.
Шкриниар се договорил со ПСЖ и во последен момент Интер смениле мислење откако овој веќе се договорил. Решил да прифати и помала плата од таа што му била понудена во ПСЖ ама клубот ни тоа не успеал да среди
Нема шанси ова да е точно затоа што Интер во ниту еден момент не преговараше со ПСЖ, туку им одби 1 или 2 понуди и цело време беше ставено на дознаење дека Шкриниар не е на продажба. Клуб што сака да продаде некого ако ништо друго преговара.
 
Тоа е негова изјава кон Курва Норд, а и Марота денеска призна дека лошо ја изменаџирале целата ситуација со Шкриниар. Секој со својата приказна, јас само преведов тоа што го пишува на листот.

Да го ставиме на страна Шкриниар за момент, супер игра на Интер прво полувреме.
Милан тотално надиграни и без ниту една шанса. Не ми текнува ни дали стигнаа до шеснаесетник.
Мора да се даде уште еден и полека да се затвора мечот затоа што очигледна е разликата во квалитетот на терен а и многу често игравме подобро од нив последниве години за на крај да изгубиме со мртви голови. Се надевам ја научиле лекцијата и дека вечер нема да се посерат.
 
Штета што Лукаку не запиша еден гол за confidence-bust, не знам колку она беше фаул... Татарушану само со нас брани нешто, од корнери сакаа гол да му дадат, какво непочитување :pos:
 
Рутински. Одбраната коска, 0 шута у рамки на гол.
 
Штета што Лукаку не запиша еден гол за confidence-bust, не знам колку она беше фаул... Татарушану само со нас брани нешто, од корнери сакаа гол да му дадат, какво непочитување :pos:
Чист фаул, го влечеше за дрес дома си го зема. Мора свињата да даде некој гол у следен период зашо нема 10000 кола гол дадено.
 
Чист фаул, го влечеше за дрес дома си го зема. Мора свињата да даде некој гол у следен период зашо нема 10000 кола гол дадено.
Или така делува затоа што е физички супериорен. Не знам, не видов добро, ќе видам на хајлајтс утре.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom