Фан Клуб: Интер

Вчера ми се допадна пристапот после дадениот гол, што не се браневме како умрени. Е сеа додека не видам такво нешто на подолг рок ништо од бизнисот, зашо мора еднаш засекогаш да заврши грчевитото бранење после минимално водство, особено против умрени екипи.
 
Првенството е завршено, единствено што ме интересира е да го треснеме Милан и да голтаат прашина комшиите. Се друго е неважно, премногу тажна сезона, а ни следи и горчливо лето.
 
Првенството е завршено, единствено што ме интересира е да го треснеме Милан и да голтаат прашина комшиите. Се друго е неважно, премногу тажна сезона, а ни следи и горчливо лето.
Зрачиш со позитивна енергија :icon_mrgr:
 
Вчера и Лукаку малце од малце покажа знаци на живот, активен беше, трчаше, примаше топки што е најважно, на неколку пати и добро одложи за соиграчите со што им створи шанси. Имаше и една шанса со глава шут на гол и еден блок.

Нема подршка од бековите, Џанго последен пат погодил центаршут никад. Госенс поима нема од фудбал, спор, грбав, тромав, за нигде играч.

Сезоната секако е завршена, со Милан ќе се бркаме кој пред кого ќе заврши на табела и тоа е тоа. Нека идат на купот јако до крај и у ЛШ нека дадат максимум колку што можат, Порто да се помине и после што ни даде господ.

И јас осеќам гадно и тешко лето.
 
Јасно е летово, Брозо, Шкринијар и Дамфриз се пакуваат, па ќе се лепиме со Блеки Миленкович и остана багра просеци.
 
Ултрасите на Интер седнале на муабет со Шкринијар.
Им кажал се од збор до збор се што се десило со договорот и зошто трансферот. Пред дербито ќе пренесат што се зборувало.
Битно повикаа до крајот на договорот да се поштува Миќо и да не се свирка и дека ветил ќе остане посветен до максимум на клубот додека е тука.
 
Ќе игра бе он секако до крај на сезона, само нема да е капитен. Тоа е, си еба матер работата, веќе кога останува нека игра пошо и така сме тенки на штоперските позиции.
 
Ако успеал да ги убеди Curva Nord да не го свират, тогаш мора да има нешто што не го знаеме во целава приказна.
 
Искрено дечки малце ми сте чудни со хејтов/изненаденоста за Шкринијар. Па летото Марота даваше изјави како таа позиција е лесно заменлива, малтене му рече ти си expandable и ќе кешираме на тебе сори нот сори, реално тоа беше планот уште од одма, да се продаде и да се донесе Бремер.

Единствената причина зошто не замина лани беше пошто ПСЖ не понуди толку колку што сакаа, а успат Јуве го грабнаа Бремер за сума која Интер никогаш не би ја платил (btw чист пример како сметководствените криминали резултираа со спортска предност).

Ако на Марота/Жанг им дадеа +25 милиони на понудата како што се шпекулира дека ќе му биде signing fee на Шкринијар, ќе го истовареа со се партали истиот момент во Париз, не гледам поента да му се замерува од некаква морална гледна точка, ко самиот клуб беше спремен да го направи буквално истото.

После тоа шо се десило не знам, претпоставувам му биле понудени 6 милиони и капитенска трака, и да, со тоа пропушта прилика да стане легенда на Интер, ама сосема легитмна е и одлуката да си оди и да ги земи парите, не гледам зошто би му замерувале за тоа и би го правеле некаков предавник, ко буквално пред 5 месеци клубот планираше да го стопи (за вистинската цена).

Реално лошо изменаџирани беа овие ситуации од Марота, и на Шкринијар и на Перишиќ, во двата случаи имаше временски прозорец каде двајцата ќе прифатеа нови договори, ама Марота играше 4Д шах, веројатно притиснат поради околностите, и во двата случаи извиси.

Затоа сега на лето ќе треба да се бараат 3 нови штопери, и на де Фрај и на Дамброзио им истекуваат договорите, остануваме само со Дармијан/Ачерби/Бастони, првиот 33 години, вториот 35, нека ни е со среќа.
 
На ваквите новости треба да се радуваме или да бидеме загрижени?


Со гласот на адвокатот на Шојиќ: па ако ги продадеш Лаутаро, Барела, Бастони и го шитнеш клубот на некоја друга превара, можда извучеш дупе.

 
Добри вести ! Кореа се повредил.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom