Инзаги е белосветска лузерчина. Кога имаш лузерски менталитет и на тимот му пренесуваш лузерски менталитет. Тоа и го зборев после втората со Ливерпул, ама битно добро одиграле нели.
Јувентус ќе ги престигне. Јувентус кој изгледаше како тим за испаѓање до 10то коло. И многу е можно и титула да земе.
Зошто ги извади двајцата класични напаѓачи во исто време? Зошто не проба да извади еден дефанзивец кога брка резултат? Уствари батали, треба чил да пристапи на целава ситуација.
И онака предвидов дека за топ 4 ќе се борат на почеток на сезона, во рамките на очекувањата е резултатов.
Истово им го цртав на стекот и марио 2 дена и уште не им се разјасни зашто сакав да иде на победа и со играч мање на Енфилд. Менталитетот, толку, макар и примил 5 гола после тоа, човек со победнички менталитет секогаш оди на победа без разлика на околностите, и у тој момент ако на некој не му беше јасно, требаше да му се разјасни дека Инзаги сеуште го нема она победничко во него што во спортот ти носи успеси.
Не само што не донесе подобар фудбал за око од лани, како што многумина очекуваа, туку и тотално го избледе победничкиот менталитет на тимот и играчите, и со Торино и денес беа јадот и бедата а ова беа пребитни утакмици у битката за титулата, и изгубивме бодови и имавме очајно издание на терен во период од годината кога играчите треба да бидат во прајмот од формата.
Госенс е промашен трансфер, во однос на тајмингот, со оглед дека имаа лимитирани финансии овој требаше да доаѓа летоска а зимоска да се носи средина, слободно можам да кажам дека Марота и Аусилио ја усраа тоталка 2 трансфер рока по ред, Инзаги си ја тераше ќутенката без да направи притисок врз управата ко што некој друг правеше и се брукаше и го оставија со тројца асални играчи у средина цела сезона ( дискутабилно дали турчинот е уствари асален за шампионско ниво ) со замени кои се 0 во однос на креативност и правење разлика на терен. Toa e големиот минус кога тренерот си ја третира оваа работа ко нешто уникатно и ко врхунац у неговиот живот. Ама бар не плачеше јавно и не се брукаше дека му требаат играчи и дека со моменталниве курот само може да го јадеме, ја бубрег ќе даев тоа да го праеше, па можеме мирно да спиеме и да бидеме среќни со третото место моментално во Серија А, и потенцијално 4то ако следна недела изгубат во Торино, екипа од која бегаа 12 бодови можда и повеќе до пред само некој месец.
Нереален срам ќе е ако завршат позади јувентус сезонава, и пред да речете дека немал играчи Инзаги само погледнете ја средината на јуве и нападот до доаѓањето на србинот, па и одбраната кој кур.
Свесен бев за потенцијално фијаско од сезона и пак ме оболеа од нервоза, а ги глеам 2 месеца не знаат кај тераат и пак се надевам на некој преокрет. Една победа у задњи 6 имаат и тоа само зашто играа против утепани салерно, страшно, одамна не сме биле вака лоши во овој дел од сезоната. Технички, уште се во игра за титула, пример ако Милан вечер изгуби ама за да тоа се деси треба магично играта да се смени и да ни гарантира истото едно 8-9 победи во следен период што во моментов делува само на сај фај филм и ништо повеќе. Добро е што набилдавме бодови у прв дел од сезона зашо вакви какви што сме и од ЛШ битка ќе извисевме, цела среќа што и аталанта ги фати сличен период ко нас иначе у моментов и за тоа ќе стрепевме.