Фан Клуб: Интер

Добар е Кореа,само многу сличен тип на играч ми е со Лаутаро.
Ни треба некој кој би ротирал со Џеко,оној Турам не е лош играч.
Кавани би легнал у пм...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Турам не ми делува баш ко сидраш. Некој висок и јак ни фали, баш класична деветка. Иако и Турам сакам да дојде.

За Џеко ми е посебно мило што даде гол на деби. Се надевам дека ќе има добра сезона. Ни фалеше таква 9ка како него сега. Мислам дека највеќе ќе се осети против екипи што играат бункер и на големите натпревари. Лаутаро треба да се истури од голови со Џеко до него.
 
Добар е Кореа,само многу сличен тип на играч ми е со Лаутаро.
Ни треба некој кој би ротирал со Џеко,оној Турам не е лош играч.
Кавани би легнал у пм...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk

Помеѓу Турам и Кореа пре би со вториов.
Инзаги го познава, веќе е уходан во Серија А, има играно и со Лаутаро а и ќе му одговара нашата формација и стил на игра.
Пишав и претходно, ако успеат да состават напад од Џеко - Лаутаро - Кореа и Инсиње, има да бушиме и сезонава. Секако, Инсиње ми изгледа тешко остварлива цел, ама тоа што воопшто не преговара со Наполи и фактот што самиот агент го има понудено на Интер ме тера да верувам бар малку.
Средината ни е совршена, одбраната исто. Можеби ете ќе беше подобро со Алонсо и Ди Марко како опција за левата страна, но и со Перишиќ во Серија А би требало да сме доминантни.
 
Турам не ми делува баш ко сидраш. Некој висок и јак ни фали, баш класична деветка. Иако и Турам сакам да дојде.

За Џеко ми е посебно мило што даде гол на деби. Се надевам дека ќе има добра сезона. Ни фалеше таква 9ка како него сега. Мислам дека највеќе ќе се осети против екипи што играат бункер и на големите натпревари. Лаутаро треба да се истури од голови со Џеко до него.
Абе џеко за безпари и да игра по едно полувреме уопште не е лош трансфер.
Годините се само проблем кај него,да беше 32-33год ќе бевме на коњ.
Сидраш ко Лукаку не наоѓаме.
Левандовски,Халанд и Кавани се мисловна именка за нас.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Џеко класа играч, дури и на 35 години. Неверојатно чувство за игра има типот. Од аспект на билд ап, класа подобар од Лукаку, немаше погрешен пас цела утакмица.
Импресивно изгледаа. Оваа 3-5-2 на Инзаги изгледа многу поблиску до она што го игра Гасперини, од тоа што го играше Конте. Многу потечен фудбал, многу повеќе промени на позиции и флексибилност во поставеноста. Е сеа, веројатно одбраната ќе трпи малку ради тоа, ама не мора да значи дека и резултатите ќе трпат.
Предност е што средината е одлична, барем стартната средина. Весино уште е ѓубре играч.
Добра партија на Хакан, добри и Барела и Брозо. Одбраната стандардно квалитетна.
Реално, Џенова е очајно лоша сезонава и не е репер за квалитетот на Интер, ама подобро да почнат вака убедливо, отколку со мачење.

Жал ми е за Ериксен. Со ваков стил на игра, мвп на лигата ќе беше. Еден тон асистенции за Џеко и Лаутаро ќе собереше сезонава.
 
Последно уредено:
Многу беше битен ваков старт да се разбие то шо буквално сè беше негативно летово.
Едно нешто е дефинитивно непобитно, Конте секогаш остава играчи со шампионски менталитет позади него во екипите кои ги води, на многу други би им се десил крах после сè шо се издешава во клубот летово и само ќе бараа излез шо подалеку.

Шкрињар ѕверка денес, Хакан, Џеко супер старт, на Видал мислам дека ова му е прв придонес во играта откако е во клубов, сè на сè општо играта одлична, некако сите играт растеретено и слободно, а многу ми се свиѓа дека Инзаги ко беше веќе добиена утакмицата напрај замени одма, даде шанса на Сатријано, го пушти Дамфрис да осети терен, сè таман.

За разлика од Конте шо Лукаку и Барела не ги вадеше пиштол на чело да му клајш, колку и да е резултатот, а Пинамонти едвај доби 15 минути не на добиена утакмица, туку на добиено првенство.
 
Иначе ме мана малце дежаву од првата утакмица на Конте против Лече 4-0, со то шо мислам дека сезонава со 82 бода можи и титула да се освои.
 
Ај додека можам, Лухухуухпхол, Ихихихиосоно Шихихохинтериста и секако Махахахахркехехез.
Интер слабите xD :Д :)
Без она ХРК у Махахахрккехехез ќе беше многу повкусна шалава побратиме шинтерашки :D

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Барела е светска класа од играч In making, адаптабилен за секој систем и филозофија што постои во фудбалов, страшно добар играч, ако нешто очекувам да го води овој Интер бар сезонава што следи тоа е триото назад и средината, каде ништо не е сменето и реално имаме можда и најдобри играчи во Италија на тие делови од теренот.
Бочно сеа за сеа енигма, нападот како и да ја вртиме доста послаб без Лукаку и секако тренерската позиција која за мене е најголем удар за нас, а не играчите што си отидоа.

На хартија сеуште имаме ростер за битка за Скудето, ама она кое допрва треба да го видиме е дали имаме тренер што тоа може да го достави, се надевам ќе успее Инзаги да го направи тој прелаз у кариера и ќе фати некој спотлајт во фудбалскиот свет, премногу се фокусираме на играчи и индивидуалци а тука всушност лежи одговорот дали Интер ќе достави титули во иднина или не, бар у моментов, секако друг фактор се и работите што ќе се дешаваат надвор од теренот со кинезите.
 
Реално нападот ќе се процени следната, со Лаутаро и Џеко. Моментално ова беше крпеница, и воопшто не се осети недостаток на Лукаку денес.
 
Може нема да имаме играч со над 20 гола во лигата ама пак вака нема да знаат од кого да се чуваат и кого да удвојуваат противниците. Секој може да брца голови во овој систем.

Одбраната ми делуваше многу високо поставена, ме интересира како ќе се снаоѓаме во овој поглед против сериозни екипи.

Супер почеток, неможеше подобро. Полни се со самодоверба на стартов, што можеше да се види по тоа што топката лесно се движеше напред, подавање со пети, фори, дриблање во свој шеснаесетник и сл.
 
Шампионски почнавме на Меаца, ми се допаѓа тоа што против вакви тимови нема калкулација, силно од прва минута.

И како што е редот
:oleee:
:oleee:
:oleee:
:oleee:
:oleee:
:oleee:
Автоматски споено мислење:

Марли на апарати?
Мислиш saasko на апарати. :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom