Точно. Многу јака помпа се крена со оставката на Конте и тоа страшно медиумско пумпање на негативна и бродолом атмосфера во Интер. За во последно време да се смири ситуацијата и единствено нешто што читаме е дали Хакими ќе си иде во ПСЖ за 70 или 80 милиони евра или во Челзи за 60 плус играч.
Ете и за Лаутаро има чат-пат двосмислени информации и по некоја перфидна изјава на менаџерот. Тоа најверојатно се должи на тоа што сака да префрли малце притисок на менаџментот да ја појача понудата за нов договор. Што најверојатно ќе се деси. А и мислам дека ќе му стане јасно дека ќе наиде на тврд орев кај Марота ако случајно сака да му праи трансфер на Мартинез.
Ако беше до толку многу страшна ситуацијата, верувајте дека до сега ќе беа продадени и Хакими и Мартинез у пакет за 90-100 милиони евра.
Точно е тоа дека Интер мора да продаде, ама тоа сигурно нема да биде наивна продажба.. како што и може да се види од целава сага со Хакими. Не попушта Интер.
Е сеа Конте е Конте и добро познат е неговиот метод на работа. Значи буквално поради истите причини си отиде од Јуве и Челзи. Да не се повторуваме.
Сите директори ги продолжија договорите, Бастони продолжи инстантно, сега на ред е Лаутаро и најверојатно до крајот на летото или во продолжение на сезонава ќе дојдат на ред и Барела и Брозовиќ.
Речиси сигурно ќе се продадат Раџа и Марио а со тоа се ослободуваат и од нивните плати кои не се баш наивни. Гарант и Видал ќе си иде. Можно е и Перишиќ. Јанг веќе си отиде. Дамброзио, Ранокија ќе продолжат со намалени пплати, исто и Санчез.
Денес читав дека ФИФА ќе покрие дел од платата на Ериксен во Интер ако не продолжи со фудбал.
Дојде турчинот, ќе дојдат и нови бекови сигурно, најверојатно и штопер и шпиц за ротација.
Не заборавајте дека иаме топ прв тим и потребни се не многу звучни играчи за бекап.