Фан Клуб: Интер

Ќе ги осакатиме
Нема шанси да тепаме
Ова е таа добитна комбинација!

А не како минатиот пат, Стефан шири малодушност, од 0-50 на 1-25, Џони оптимист, 1-3 ќе сме тепале... и после небо се отворило, гулаби су срали по нама...
 
@Boom Shaka Lakka Пупоне брате како стоите со форма,повреди,суспендирани и искарани играчи?...дали ќе ни ја дупните глата или ќе извадиме мирољубиво нерешено како претходните 5 меѓусебни натпревари?...обелодени не со твојата белосветска експертиза во врска со утрешниот мегаломански дуел.
 
Од како е Фонсека дојден дерби немаме тепано, што натака да правам муабет? :icon_mrgr:

Али чудно после поразите од Аталанта и Наполи кога примивме по 4ри гола секогаш мислев ќе ни се случи криза и пад, но напротив веќе следното коло си ги меламе без проблем слабите тимови.

Така да веќе не улавам во голем ентузијазам кога треба да играме со јак тим или дерби..

Онака тимот е скоро 100% на располагање, освен Миранте што го нема, кој дава поголема сигурност од Пау Лопез. Спинацола се враќа после два меча неиграње, одморен и накурчен за бламот што му го направивте лани во јануар, има да ве силува по вашата десна страна, штета за Халими, таман ја доби довербата од Конте:D
 
Хакими синката ако не го удвојуваат вашите има како стрела да му врви на Спинацола....имате среќа што веројатно Конте ќе излези со Гаљардини и ќе не доминирате на средина :D
 
Се повеќе и повеќе информации излагаат за продажба на удел во Интер. Упорно се споменуваат BC Partners инвестициска компанија од УК, како заинтересирани за купување на малцински или мнозински пакет на акции. Не ми е јасно зошто Сунинг сега би продавал мнозински удел во Интер, кога приходите на Интер се во слободен пад, а во трка се да освојат титула после долг период, што значи вредноста на тимот би можела да порасне ако почекаат ситуацијата со пандемијата да стивне. Ама, никој не знае каква е моменталната финансиска позиција на Сунинг. Се збори и дека е можно, по игра на случајности, Интер да премине во сопственост на Алибаба, ама не знам тоа колку е веројатно.
Информацииве, нормално, ги пласира најмногу Cds, тој abomination од весник, каде фудбалски новинари се паралелено и економски аналитичари, па даваат прогнози за економски индикатори во Кина, трансакции помеѓу големи компании во Кина и каква е судбината на Џек Ма.

Ќе видиме што ќе испадне, меѓутоа ако Интер добие нов сопственик, тоа ќе биде 4та промена на сопственост во 10 години, што воопшто не е добро за клубот. Секаква стабилност оди низ прозор и клубот може лесно да се врати пак во бантер ерата. Тоа би можело да значи дека, на крај на сезона, пак ќе има промени во менаџмент, тренер, играчи, односно турбуленции. Ако, искочи вистина дека клубот се продава зимава, не знам колку ќе биде можно клубов да освои Скудето и да имаат стабилна сезона, со оглед на несигурноста која би настанала во цел клуб.
Да се случи тоа, а не се чека летото за такви промени, би било штета, зошто сезонава им е кец на десет за да одат еден чекор погоре.
 
Мајката ќе им ја ебам ако го продадат тимот, мада мислам нема али ајде. Иако и Сунинг е групација како и тие БЦ Партнерс, сепак ретко се наоѓаат во денешно време газди како што е Жанг, газди кои вистински го сакаат клубот. Глејте го Арсенал на пример, тие сопствениците не се ни замараат со Арсенал, си имаат НФЛ или безбол клуб у Америка и курот ги боли за се.

Не дека на Жанг и Сунинг не им е целта профит, ама пак има некоја хемија и дечково искрено го сака Интер. Не знам за што кур би го продавале баш сега Интер кога сме во пол позиција за титула и кога срањево со короната е на самиот крај. Замараат ГДС да им се посерам во тоа умрениот весник јас на нив, класика ќе дојде тежок период за Интер и одма се јаде гомна по медиуми.
 
Не знам за што кур би го продавале баш сега Интер кога сме во пол позиција за титула и кога срањево со короната е на самиот крај.
Освен ако Кинезите знаат нешто што ние не знаеме :cautious:

Шегата на страна, којзнае како им е да водат бизнис во овие услови. Марота денес изјавил дека ако не се намалат платите клубот ќе рикне.
 
Освен ако Кинезите знаат нешто што ние не знаеме :cautious:

Шегата на страна, којзнае како им е да водат бизнис во овие услови. Марота денес изјавил дека ако не се намалат платите клубот ќе рикне.
Клубот ќе рикне ако не достават резултат, тоа што дадоа веднаш повисоки плати на играчите а 2 години по ред не доставија успех во ЛШ, од нивните плати прво треба да се крати.
Никој во залез на кариера како Санчез, Видал, Јанг, Перо, кој е се друг таму нема да ти се согласи на намалување на плата.
 
Значи од на лето очекуваме продавање на играчите што вредат(Мартинез,Барела,Хакими,Шкринијар)....да ти се плункам во пандемијата..пак ќе се почнува од нула.
 
Не знам што толку паничите, иста е ситуацијата за сите клубови во светот така да ако ние треба да продаваме играчи, и други клубови ќе го прават истото...во превод статус кво.
 
Не знам што толку паничите, иста е ситуацијата за сите клубови во светот така да ако ние треба да продаваме играчи, и други клубови ќе го прават истото...во превод статус кво.
Интересен мирољубив и неутрален Сунгер Боб пост. :);)
 
Ја уште одбивам да поверувам дека кинезиве го продаваат мнозинскиот дел акции.
Ако испадне дека е вистина тогаш стварно ќе нема по мизерен клуб од оваа несреќа за која навиваме.Апсолутно дно ќе пробиеме и најубаво да го згаснат за век и векова.

Многу нерви ќе ми спасат со тој потег и сигурно ќе поживеам некоја година фазла [emoji846]

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Марота денес изјавил дека ако не се намалат платите клубот ќе рикне.
Познат метод на Марота, дрско, безобразно и без капка срам лажење во очите целокупната светска фудбалска јавност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom