Фан Клуб: Интер

Засега одличен трансфер период. Мора да се продадат Гаљардини, Весино, Кандрева, Марио, Далберт и Адамоа.

Не разбирам зошто го даваме Годин во Каљари без пари. Уште Наинголан да им го дадеме, ке биде голем минус.

Годин е класа играч, и на 50 години ке одигра подобро од Ранокоа, Дамбросио и компанија...
Наинголан е смешно во иста реченица со Гаљардини и Весино да се спомне.

Конечно имаме достојна замена за Ханданович.
Одбраната е супер, само да остане Годин а ке покриваат и Коларов и Дамбросио.
Со Хакими, Јанг, Перишич и Коларов веќе на бековските позиции сме обезбедени.
Средината е топ, очекувам да замине Брозович. И без него имаме доволно играчи на тој дел од теренот, секако ако не замине и наркоманот.

Суарез како замена односно за ротација со Лукаку и Лаутаро е идеално решение, или Џеко како втора опција.

Второлигашите ургирале кај професорот и ректорот за да положи Суарез.
Се откри тоа, испитот е поништен и ке има истрага..
За кај нас нема да му треба еу пасош, имаме слободно место.
 
Чудни луѓе сте...кој ќе го замени Брозович ако замини?...дали сте сериозни шо пишите?.

Само Барела половично можи да ја игра племејкерската позиција и тоа онака половично....Брозович ваков таков за таму е подобар од сите други во тимот и нема друг играч шо можи реално да го покрива и што се чуствува confident кога е со топката.

Не е идеален,прави грешки ама пак премногу трча и покрива...да не мислите Наинголан да трча и да покрива во одбрана како што прави Брозович?

Друга работа пак мислам дека Гаљардини ќе игра и оваа сезона.....такво пречуство имам дека Конте е генерално задоволен од него и ќе го игра во глобала...дај боже да грешам
 
Сенси. Технички подобар и покреативен играч од Брозовиќ. На тоа цели и Конте. Сенси у Сасуоло играше тоа, заден везен еве и у репрезентација пред 3-4 недели ја играше истата позиција. И кај нас на првата пријателска играше тоа.

Барела не е плејмејкер.
 
Не знам за Сенси...го немам гледано ама што така тврдиш тогаш ќе те вервам.

Ланската сезона Барела мислам го замени неколку пати Брозович...вака на прва ми текнува против Виола во купот кога ги добивме 2-1 и плус гол даде Барела тогаш.
 
Уште лани кога дојде Сенси јас очекував они двајца да делат минутажа, пошто јас Сенси го знам ко заден везен играч, deep lying playmaker, и баш ме изненади што играше заедно со Броз у средина, односно лево со повремени излети и напред. Мене Сенси многу ми се свиѓа како играч, сакам такви креативци, олраундери, со добри пасови, шут и сл.

За оваа сезона такви беа најавите од тоа што читав низ медиумите. Дека Брозовиќ веќе не е бетониран у прва постава и доколку стигне задоволителна понуда, ќе биде продаден, а на негово место ќе игра Сенси... со парите од него ќе се купи играч со различни карактеристики од нив двајца.
Брозовиќ е супер играч, малце подефанзивен и порезервиран у креацијата, добар работник на терен ама мислам дека сега е вистинско време да се земат пари од него. Ако дојде понуда од 30тина милиони евра треба да ја прифатат без многу размислување. Чиста продажба од 3-40 милиони е таман.

Така и играше на првава утакмица. Мислам дека Конте повеќе го преферира Сенси пошто овој може и на 10ка да изигра, понапред. Од 3-5-2 у 3-4-1-2. Он и Ериксен ќе се мењаат на таа позиција. Затоа бара и подвижен везен ред. Барела, Видал, Канте, Ндомбеле, Толисо и слични играчи.

Не ми текнува дека Барела играл заден. Не ни имаше лани замена за Броз, во тие неколку утакмици кајшто го немаше играше Валеро. Барела дефинитивно не е играч што би му одговарало да ја држи топката у нозе, да почнува напади и да креира игра. Нека го нека ора у средина.
 
Не знам дали има вистина во ова, а би сакал да има

Имало докази дека представници на второлигашите го контактирале универзитетот и ја подмачкале работата за Суарез.
Ако е така, ке следува истрага и некој ке мора да одговара...
 
Нема никој да одговара, нит Јувентус нит Суарез. Не е ни умешан Јувентус директно односно немаат докази.
 
Засега одличен трансфер период. Мора да се продадат Гаљардини, Весино, Кандрева, Марио, Далберт и Адамоа.
Не знам што ти е одлично до сега. Од овие пет што ги наброја, четворица ќе останат. Годин си замина, што би било ок ако остане Шкринијар, ама како тргнало и Шкринијар ќе го продадат. Дојдоа двајца играчи за еднократна употреба, факин Пинамонти, и Аштраф, кој е единствено нормално засилување.

И Перо Точак. Ако не го избркаат пак.

Како стигнавме од „Меси доаѓа за 15 дена“ до „одличен преоден рок“, а, Меаца? :D
 
Реално ниедна екипа не испазари овој преоден рок како што треба освен Челзи.
Ако останат Раџа и Перишич ќе имаме и играчи за од клупа што ќе може да направат разлика на терен.
Реално срединава ваква каква што е си грми. Одбраната коска...

Единствена фалинка е нападот пошто Пинамонти не ми е некако играч за Интер.
 
Не знам што ти е одлично до сега. Од овие пет што ги наброја, четворица ќе останат. Годин си замина, што би било ок ако остане Шкринијар, ама како тргнало и Шкринијар ќе го продадат. Дојдоа двајца играчи за еднократна употреба, факин Пинамонти, и Аштраф, кој е единствено нормално засилување.

И Перо Точак. Ако не го избркаат пак.

Како стигнавме од „Меси доаѓа за 15 дена“ до „одличен преоден рок“, а, Меаца? :D
Па Меси доаѓа на лето, не сакаше да заминува и да се влечка по судови. Важно ќе дојде 99,9% сум сигурен

Реков дека е засега добро бидејќи ги зедовме Хакими, Коларов, Видал, се вратија Раду, наркоманот и Перо кои се далеку подобри од голем дел од играчите кои ги имавме минатата сезона.

Со заминувањето на Годин ке биде минус, а со Шкриниар се враќаме и уште чекор назад.

Иам време до крај, затоа реков засега е добро...
 
Не знам што ти е одлично до сега. Од овие пет што ги наброја, четворица ќе останат. Годин си замина, што би било ок ако остане Шкринијар, ама како тргнало и Шкринијар ќе го продадат. Дојдоа двајца играчи за еднократна употреба, факин Пинамонти, и Аштраф, кој е единствено нормално засилување.

И Перо Точак. Ако не го избркаат пак.

Како стигнавме од „Меси доаѓа за 15 дена“ до „одличен преоден рок“, а, Меаца? :D

Тој Перо точакот ако игра лев бек можи да се погоди одлично засилување......ќе ни дојди како upgrade version на Јанг за во офанзива....е сега во одбрана не знај да се постави како што знај Јанг ама затоа ќе ги ротира....ова под претпоставка дека ќе остани
 
Купувавме играчи со квалитет за екипи како Болоња или Сампдорија, а платите како за Интер. После тоа оди избркај ги. На помалите екипи им е полесно да се ослободат од играчите, бидејќи платите се горе долу исти. Во Интер кога ќе начекаат 3-4 милиони по сезона, со кранон од А.Д. Бетон не можеш да ги извадиш од на клупа. Ќе се мотаат по позајмици до последно.

Тоа е целиот проблем. Секоја екипа има промашувања, ама нашите промашувања знаат дека добиле на лото и нејќат да си одат во друг клуб за помала плата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom