Не е што добиваме туку што губиме. А губиме 20 милиони инвестиција која сега Спинацола треба да ја оправда. Ако флопне или пак се повреди, ќе имаме уште еден играч кој ќе треба да го храниме до истек на договор. Со Политано ситуацијата беше полесна, тој и на лето можеше да се продаде без да се се влезе во минус со капитал геинс.
Вакви трансфери не убија во поим, не знам како можеш да браниш ваков трансфер. Јас мислев ова минато е.
Нема збор дека ако дојде Ериксен ќе заборавиме на се, но овој трансфер за мене е засрамувачки. Она што ни треба нам е да дојде Ериксен и на лето да инвестираме во крилести бекој и тоа е тоа.
Не бранам, едноставно системот на конте е тотално спротивен од она што политано го игра, сеа што сакаме, Конте да е тука, или политано и систем идеален за него.
Факт беше дека откако дојде конте, пар играчи воопшто не одговараа на тоа што он го игра, најмногу весино и политано, и двајцата вкупно 40м чинеа ако не се лажам. Кога беше договаран Политано, тука беше спалети, човек кој играше систем кој одговараше за овој, така да тоа е тоа, боље ваков развој на настаните отколку да трпевме уште една сезона со некој нуб каде политано ете би одговарал и би играл да речеме добро али интер пак би гребел за ЛШ.
Нема што тука да се брани, нит па да се напаѓа. прашање на време беше кога ова ќе се случеше, очекувам истово и со весино во иднина да се деси. Нити пак било што тука има засрамувачки најмногу ради тоа што Интер преферира систем моментално во кој нема место за него, така да затоа и те прашав, како требаше клубот да постапува ? Што може тука клубот да направи во ситуација кога интересот за него е премал, а и доаѓа од тимови кои не се спремни да кешираат.
Реков и вчера, летово постоеше простор за негово продавање ама Конте не беше спремен ни од еспосито да се откаже, едноставно такви беа околностите мораше да има играчи макар и истите да не одговараат на системот. Сега откако се склопува мозаикот, чекор по чекор, од клубот се истиснуваат ваквите ко политано.
p.s. До ова лето, со неиграње цела година, статистика мизерна, ситуацијата воопшто немаше да е поразлична од сега, тек со жиру тука, ако дојде, па и ериксен, шансите за игра на политано беа сведени на 0, така да цената дополнително ќе му паднеше, а и интересот за него горе доле ќе беше ист, а можда и бетер.