Фан Клуб: Интер

Мене не ми делува така наивно изјавата на Конте.
Сериозни напади се ова,не е обичен притисок @Syn како што сакаш да ги протнеш.
Најголан пред некој ден изјави дека Конте сметал на него,ама погоре бил проблемот.
Така да и тоа паѓа у вода.
Не е добра ситуацијава,врти како сакаш.
И да не го избркаат,сам ќе си оди.
Си бара сериозни играчи чоекот,знае што сака.
Нешто како мене ама ја сум прогонуван тука ради тоа [emoji4]

Sent from my SM-G955F using Tapatalk
 
Не смееше ваква изјава да дај Конте поради еден пораз..сепак цела сезона има пред него и уште многу натпревари за да ги решат работите,и наместо да се фокусираат за наредните натпревари тој се глупира и попара ги напрај сите..од играчи до управен одбор.

Како знаат и умеат нека ја победат Верона колку толку да го ублажат поразот и изјавите што ги даде Конте бидејќи ќе си еби се мајката како што е вообичаено за Интер во декември и јануари месец.

Тамам Сенси се врати и ќе играме понормален фудбал..уште Санчез магично да се опорави колку толку да менва еден од двајцата напред ќе биди поинаку..само да не се случи уште еден незгоден пораз и Конте пак да изеби мајки шајки па да го набркаат на клоци.
 
Мене не ми делува така наивно изјавата на Конте.
Сериозни напади се ова,не е обичен притисок @Syn како што сакаш да ги протнеш.
Најголан пред некој ден изјави дека Конте сметал на него,ама погоре бил проблемот.
Така да и тоа паѓа у вода.
Не е добра ситуацијава,врти како сакаш.
И да не го избркаат,сам ќе си оди.
Си бара сериозни играчи чоекот,знае што сака.
Нешто како мене ама ја сум прогонуван тука ради тоа [emoji4]

Sent from my SM-G955F using Tapatalk
Наинголан никад не рекол дека конте сметал на него, туку дека очајно го барал додека беше тренер во Челзи и бил луд по него. Конте да сметаше на него, ќе беше дел раџа од клубот, али зборовите на раџа беа следни, клубот не ме сакаше а зад таа идеја стоел и самиот конте, со тоа што он го ценел фактот што овој директно у фаца тоа му го кажал. Ете ти една проценка на конте која е погрешна, до некаде, можел да пресече, со раџа не беше ситуацијата ескалирана ко што беше со Икарди на пример. Така да не глеам како паѓа у вода ова, проценката на конте беше дека весино и гаљардини можат да покриваат у средина, одамна веќе барем мене а и на повеќето тука им е јасно дека ова не е точно.

Конте ја креираше трансфер политиката летово, всушност и самиот сега кажа дека некои негови проценки биле погрешни, верувал на дадена ситуација и погрешил, баш со тие зборови. Не знам што повеќе сака летово се донесени 5-6 играчи, еден е платен 80м евра и тоа на негово инсистирање, изјавиве му се претерани мислиш катаклизма се дешава во клубот што не е точно ако се види каде сме на табела у италија и фактот што сеуште сме у игра за ЛШ, башка беше свесен каде доаѓа и кои се моменталните можности. Всушност самиот летово изјави главна цел е тој гап од бодови со јуве драстично да се смали, а не сите титули да се освојат.

Сега се понаша ко тоа по секоја цена да мора да се деси, ок е, роден победник е и мене јасно ми е дека никад не сака да биде во подредена улога и тоа е добро, таков човек и требаше да е дел од тимот и мора да е закован тука овој со години, ама одреден избор на зборови му е погрешен, ко ова за барела и сенси на пример, претерано е. Башка барела и сенси на крајот од денот ќе чинат 60-70м евра, ова малце да не е :), a се негов избор, нарочито за барела инсистираше по секоја цена да дојде ко и за лукаку.
 
Мене не ми делува така наивно изјавата на Конте.
Сериозни напади се ова,не е обичен притисок @Syn како што сакаш да ги протнеш.
Најголан пред некој ден изјави дека Конте сметал на него,ама погоре бил проблемот.
Така да и тоа паѓа у вода.
Не е добра ситуацијава,врти како сакаш.
И да не го избркаат,сам ќе си оди.
Си бара сериозни играчи чоекот,знае што сака.
Нешто како мене ама ја сум прогонуван тука ради тоа [emoji4]

Sent from my SM-G955F using Tapatalk

Наионголан го гледав со Аталанта чоекот неможеше 2 километри да истрча,поспор и подебел од таткоми се има напраено..со право го набркале реално..тој ќе умреше уште 30-та минута во овој систем на Конте и нема теорија да го издржеше темпото..потрошен играч е веќе.

Реално и управата донесоа играчи летото и неможи за тоа да се буниме и ние и Конте бидејќи нема логика цел тим да го смениш во едно лето..тоа е поголема процедура..пак Барела,Сенси,Лукаку,Бираги,Годин,Лазаро,Санчез..тоа се 7 нови играчи од кои 5 веднаш ги инфилтрираа во прв тим и горе-долу и другите нон стоп играат и нема некое промашување досега...не знам кој тим донел 10 нови играчи во еден трансфер преоден рок и сите да играат турбо и сите да се погодат.

Тое нека продолжат со победите во Италија и на лето ќе си знаат кај му се дупките и ќе можат да купат уште подобри играчи ама Конте да остани.
 
да ова е, овој дел од интервјуто не го видов вчера, покасно е ставен.
Ама пак не е пренесено така како што он рече, дека не можат овие разлика да направат, не е во тој контекст кажано бар од ова што сега ти го даде. Може на друго место различно е пренесено иако и фудбал италија ги толкуваат изјавите како нив им одговара. Сега и на fcinternews го читам истово, никаде не удри по играчите, напротив, нив ги штити, али удри по аусилио и марота, а у еден дел вели дека и он погрешно проценил одредени работи во текот на летото.

edit, сеа со две отворени очи го читам : )))
да не го едитирам постов, у право сте, изјавава му е лоша, тотално безвезе и му нема врска со цела поента што сака да ја истера. Друже, вчера Хакими ти еба матер, не меси, уреду е.


Од ова твое едитирање може да се заклучи дека ноќеска си имал кошмари(си викал у сон по Конте, Броз и Интер), не си се наспал као шо треба и сабајле кога завршил кошмарот едно станување без да се измочаш, да се измиеш и расонеш си седнал на кајгана и интер.фц, затоа уште рано сабајле ги правиш овие киксови :icon_mrgr:
 
За вчера најголем дел од вината е кај Конте, иако е во право за многу работи во изјавата.

Потребни се играчи како Ракитич, Видал, искусни и квалитетни играчи кои се клучни за вакви натпревари.
За Бираги и пред некој ден пишав, нема никаков напредок во однос на Далберт.
Сега е многу тешко да ја минеме групата. Тоа значи и намалување на буџетот за нови засилувања.
Како и да е, мора да се најде начин за барем еден играч во средина, тоа е минимум што треба да се направи.
 
Наионголан го гледав со Аталанта чоекот неможеше 2 километри да истрча,поспор и подебел од таткоми се има напраено..со право го набркале реално..тој ќе умреше уште 30-та минута во овој систем на Конте и нема теорија да го издржеше темпото..потрошен играч е веќе.

Реално и управата донесоа играчи летото и неможи за тоа да се буниме и ние и Конте бидејќи нема логика цел тим да го смениш во едно лето..тоа е поголема процедура..пак Барела,Сенси,Лукаку,Бираги,Годин,Лазаро,Санчез..тоа се 7 нови играчи од кои 5 веднаш ги инфилтрираа во прв тим и горе-долу и другите нон стоп играат и нема некое промашување досега...не знам кој тим донел 10 нови играчи во еден трансфер преоден рок и сите да играат турбо и сите да се погодат.

Тое нека продолжат со победите во Италија и на лето ќе си знаат кај му се дупките и ќе можат да купат уште подобри играчи ама Конте да остани.
bas tie 30 minuti ke si gi istrca kako zamena, ke vlagase posle 60-70 min, kvaliteten igrac sto moze da napravi razlika na teren..
 
Три натпревари изгубивме сезонава, овој се однесува како да сме Милан. Нека му дадат некое апче и нека не бранува многу многу. Тие дојдените од Каљари и Сасуоло се Меси и Роналдо во споредба со тие што играа лани. Тимот игра добро, правиме шанси, даваме голови.

Е сега, дефеза а тре никогаш не била во ДНК-та на Интер. Не сме навикнати да не шлакаат вака, да ни прават два у кец секоја недела. Потребна е флексибилност, на 2-0 предност се затвараат страните и се игра Италијанската. Не знам колку е грешка на Конте а колку играчите не го спроведиле тоа што го барал, ама не треба да се крева бура околу тоа. Не сме ни први ни последни што се распаднале вака, им се случува и на појаки. Тоа е знак дека не сме се уште доволно подготвени, но за ова кратко време имаме голем напредок. Би било супер да поминеме, ама јас сум задоволен дури и да не ја поминеме групата. Лани кога испаднавме беше поголем удар затоа што бевме без никакви шанси во Серие А и сезоната практично заврши. Сега, ако продолжат да му дишат во врат на Јувентус, нема претерано да се секирам за ЛШ.
 
Еве само еден факт дека заморот не е алиби.
 

Attachments

  • Screenshot_20191106_134943_com.facebook.katana.jpg
    Screenshot_20191106_134943_com.facebook.katana.jpg
    187 KB · Прегледи: 60
Стварно не знам што ќе постигне Конте со тоа што цела сезона ќе плаче за ширината на тимот. Одлично играме до сега, има хемија меѓу играчите, рамо до рамо со Јувентус сме, апсолутно нема потреба од создавање непотребен притисок врз играчите. Не е крај на светот и да не пројдеме групи, иако на никого нема да му се допадне тоа, разбирливо. Треба да имаме на ум дека и двајца клучни играчи ни се повредија, ете тројца со се Дамброзио, реално гледано без нив одлично го пројдовме бранот на тешки и збиени во краток временски период утакмици.

Нека ја тепаат Славија и нека одлучуваат последно коло против Барса на Меаца, нема друго. Тука ќе се види менталитетот на екипата, а мала олеснителна околност би била доколку Барса победи против Дортмунд следно коло зашо ќе заверат прво место и нема да имаат голем мотив против нас, а можно е и да играат со мешан тим зашо мислам дека Ел Класико им е после мечот со нас. Во секој случај сами си ја кроиме судбината, али најпрво мора да ги убиеме Верона и да му извршиме притисок на Јувентус кој игра против Милан.
 
За останување на наинголан и перишиќ (и особено икарди) имало вето од управата. Баш наинголан изјави дека уживал во тренинзите на конте и сакал да биде менаџиран од него, и дека имал понуда додека конте бил во челзи да потпише за нив. Наинголан е баш конте тип на играч и не верувам дека конте сакал да останат весино и борха, а да си оди раџа. Исто и за перо, колку и да имал лоша сезона во системот на конте се уклопува многу повеќе од политано. Верувам дека ова се играчите заради кои конте сеа удира по управата. Веројатно му биле ветени замени за овие играчи и ај санчез место перо е апгрејд ама за наинголан не донесоа никој.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom