Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.243
- Поени од реакции
- 63.161
Ова што го прави Конте за трактористот е научна фантастика. Не е тој крив што немаме клупа, измени мора да прави, не му е ни нему лесно. Штета што немаме замени за Барела и Сенси, посебно за првиот, многу ќотек јаде, не знам до кога ќе може вака. За со џубрињата во недела не ме плаши физичкиот замор колку што ме плаши емотивното празнење кое доаѓа после натпревари како оној со другите џубриња. Тешко е два пати во една недела да се измотивира екипата 100%, а тоа ни е и тоа како потребно. Не смее да се загуби никако пред репрезентативна пауза. Се надевам дека ќе ги треснеме ама и нерешено не треба да ни е проблем, долга е сезоната.
Со полна мотивација се добиваат такви натпревари ама мотивацијата не доаѓа како кај нас навивачите кои го мразиме јуве 24/7, туку се билда полека полека во тек на недела дена. Сега за прв пат по долго време имаме ваква ситуација, натпревар со Барселона во кој не бевме статисти туку влеговме да се надигруваме, изгинаа на терен луѓето, за сега да треба забрзано да се свртиме кон дербито. Не е воопшто наивна ситуацијата.

