Смешно звучи затоа што си замислуваш дека се дупчат и си праќаат мемиња во групата.

Јас работев во фирма во која сите дневни активности се координираа преку whatsapp групна конверзација. Ако таа група се користи за да се информираат играчите за работно време, промени и активности ден за ден, тогаш е и тоа како релевантно. Посебно што за непојавување на тренинг казната е 100 000 евра.
Колку што прочитав, во тужбата има 41 точка, ова со групата е една од нив. Адвокатот на Икарди објасни дека тие 1.500000 евра што ги бараат како оштета се задолжителни (mandatory) за самата тужба да биде прифатена и разгледана, инаку веднаш би била вратена назад. Значи една третина од платата мораат да побараат оштета, не затоа што основна цел им се парите туку за да има правна издржаност.
Ќе биде интересно.