И така кинезите дошле за бизнис и курташак у клубов

Разбирам дека после 2010, све до пред 2 години клубов имаше дигресија, дното го опипа задњата година со Морати и смешниот ростер па под дифолт почна све да се осудува на неуспех, ама никад не разбирав зашто се сомневате у некој што го носи па можда еден од најдобрите CEО у овој спорт моментално ( топ 3 е сигурно ), притоа го ангажира и Конте за тренер, го носат кондициониот на Реал со кого освојуваа 3 пати ЛШ по ред, и го враќаат Оријали, а претходно максимално го средија клубот на финансиски план, клуб кој едно време беше на нивото на Интер од запрешич ...
Пакет 5 у 1 за потврда на амбициите, оние долгорочните, на сунинг и останатите у клубов, бољи почеток и поставување на основа од ова не ни можевме да добиеме, а и потврда во какви раце е клубот. Остануваат уште резултатите, она најбитното, ама со вакво темпо и работа и тоа ќе се испорача, многу е битно да има одлична хемија на релација управа - конте а реално супер започнаа, и у антонио да добиеме тренер што тука би се задржил долго време. Доброто со него е што нема амбиции за клубови надвор од Италија ради фамилијарни причини ( Мурињо после неколку месеци се изјасни дека ке води тим и до Шпанија ), така да у моментов имаме и основа и простор да добиеме докажан тренер со изграден систем на долгорочен план, што би било уште еден голем плус за нас и нешто кое ние го бараме од денот кога сме почнале да навиваме за клубов со оглед дека секое лето нов чоек доаѓаше.
До крај на меркатото останува уште еден играч од средина, името е знак ? али ја и до сега сум презадоволен како се одвиваше цело ова меркато.
Донесен Годин и е формирана една од најдобрите дефанзивни линии во Италија, земен е Сенси пред Милан кои се натегаа месец дена со обид за двегодишна позајмица, земен е Барела кој е едне од најперспективните играчи за среден ред у Италија и моментално првотимец кај Манчини у репрезентација, доставени се лукаку и алексис санчез во ситуација кога Икарди е отпишан, и за крај бираги и лазаро, за кој сеуште немам некој оформен став али се надевам дека ќе го достават она што конте го видел у нив.
На повеќето позиции имаме играчи што во себе имаат 4-5 години добар фудбал ( за некои и јаче ко мартинез, скринијар, барела, сенси и тн) , и све ова е искомбинирано со искуство да играч ко Годин, Ханданович и Алексис, кој уште е у своите прајм години. Топ основа за иднина е поставена летово.
Ко што пишав погоре, останува играч у средина, а можно е и носење на vice - Лукаку играч, се спомнува ко последно име Петања, уште ова ако успеат да го достават тогаш чиста 10ка ќе биде ова трансфер лето, нарочито зашто е изгубен Икарди кој до лани беше лидер на клубот, плус и со носењето на алексис ми падна у вода муабетот за ограниченост у системов на конте, вака поголема тактичка флексибилност добиваме и поголем избор за импровизирање и менување во системот, не сме лимитирани само на 352 формација.
А за Икарди ... почнува така малце жал да ми паѓа. ванда исрана од Марота по не знам кој пат, со цел памет влезе у војна со кривоокиот.
