Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.037
- Поени од реакции
- 62.009
Рафиња и еден небитен како Модриќ или Иско.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се сложувам со цел твој пост ама ова? Како тоа нема за што да игра Интер? ЛЕ е во игра, купот на Италија, а да те потсетам дека конкурентите ни се на само 5 бодови. Со ваква форма ризикуваме место во ЛШ, нешто што не смееше ни да се помисли пред почетокот на сезоната. Пишав и во мојот претходен пост, срам да им е на сите од прв до последен, се понашаат како да освоиле 3 ЛШ по ред па ај нема да се замараат сега пошо испаднале од ЛШ и се надвор од битката за титулата во Серија А.Сите бродови се веќе потонати. Ова е тој дел од сезоната кога го користиш тоа што нема за што да се бориш па форсираш еден-двајца помлади играчи, ама ние ги немаме.
Немаше да бидат на 5 бодови да не игравме во грч. Кога испаднавме од ЛШ и кога е јасно дека не се брка скудето, требаше да се олабави екипата и да играат слободно. Ќе завршевме втори или трети и тоа е тоа. На место тоа, со бескрајни ротации и бесмислени тактики, играње под притисок... губиме бодови од без врска екипи и сега сме на пет-шест бода од опасната зона. Гледај позитивно на тоа: наскоро ќе има за што да играме. Каква ЛЕ, каков куп... има да испаѓаме намерно за да се избориме за 4-то местоСе сложувам со цел твој пост ама ова? Како тоа нема за што да игра Интер? ЛЕ е во игра, купот на Италија, а да те потсетам дека конкурентите ни се на само 5 бодови. Со ваква форма ризикуваме место во ЛШ, нешто што не смееше ни да се помисли пред почетокот на сезоната. Пишав и во мојот претходен пост, срам да им е на сите од прв до последен, се понашаат како да освоиле 3 ЛШ по ред па ај нема да се замараат сега пошо испаднале од ЛШ и се надвор од битката за титулата во Серија А.
Јас како што разбрав, нема понуда за играчот, освен позајмица во Арсенал со право на откуп.Од тоа што читам, ја прават истата грешка со Перишиќ. Ајде првиот пат кога не го дадоа во Манчестер барем играше нешто. Сега не го даваат под 40 милиони. Перишиќ е купен за 16 милиони така да ништо не губат на capital gains ако го дадат за 35. Ако не го продадат сега на Арсенал никогаш нема да го продадат, човекот никој не го бара.
Друг проблем се оние за кои лупнаа 30-40 милиони. Ем мора да се продадат по некоја цена за да не се влегува во минус, ем никој не ги бара.
Кога ќе размислам за трансфер политиката наназад:
Најдобри играчи, купени за кило семки: Икарди, Шкринијат, Де Вриј, Брозо...
Промашувања, платени еден куп пари:
Жоао М., Габивол, Гаљардини, Весино, Најнголан...
Време е да направат разлика и конечно да донесат саглам играчи.