Па и тебе ти е ова претпоставка дека да немаше ффп би дале и дека не е 1 на 10тка банот.Мене ми изгледа така, тебе обратно.Тоа е тоа.
и со ффп можат да дадат, преку спонзор, иако тоа уефа детално ќе го испита, ама таа пара голема е веројатноста да не биде вреднувана како приход за клубот, што значи ако им се дадат пример 150м евра, а истите интер ги потроши за трансфер, уефа тоа ке го вреднува како трошење на клубот, што значи за една година покрај сите други административни трошоци кои се големи, Интер ќе мора и плус тие 150м евра да ги покрие, за да на крај биде во дозволената граница иначе џабе пласманот во ЛШ, уште во Јуни ќе им стигне писмо дека се избркани. Не си свесен дека клубот има големи административни трошоци, кога освоија све у 2010, на крај од година беа 60 милиони евра во минус а историски го имаа најголемиот приход, 2009, 150м евра минус, 2009, 140,
И каква корист би видел ти ко навивач, ако клубот ти доживее таков блам, да биде избркан од ЛШ, или па да мораат да продаваат за да бидат у нормала, а се знае кого би продавале ...
Еве ти една многу добра
статија од 2010 година, која до некаде и го предвиде колапсот на Морати, каде многу убаво е исцртано во каков финансиски хаос биле Интер во периодите со него.
According to the respected
Il Sole 24 Ore (the Italian equivalent of the
Financial Times), Inter’s combined losses during Moratti’s era amount to €1.15 billion with about €730 million of this being covered by the president.
Во ерата на Морати, Интер е над миљарда евра, МИЉАРДА, во загуба, 730м евра самиот морати, од свој џеб ( тоа што цело време тука го цртам ) дава за да ги покрие дел од тие загуби, што пак го актуелизира мојот муабет дека клубот зависеше само од неговите пари ама ни тие не беа доволни за да се покрие финансиската дупка, клубот како клуб, не беше способен да прави профит, да бевме компанија ко apple на пример, немаше веќе да постоиме.
У истата статија ќе видиш колку очајно стоиме на маркетиншки план, колку повеќе заработувале баерн, јунајтед, реал од нас, ќе видиш дека секоја година Интер работеле со загуби, никогаш со профит, загубите не биле по 4-5м евра, туку над 100.
И како што гледаш, ова е доста комплексна тема, и има многу да се каже и напише за истото, треба да ти стане јасно дека све додека Интер не стане клуб кој нема да зависи од парите на газдите, никогаш, ама буквално никогаш нема да бидеме на рамништето на јунајтед, реал и останатите гиганти кои се кадарни да трошат повеќе, зашто истовремено и заработуваат многу, всушност тоа е и главната цел на сунинг, цел која многу лесно може да се реализира ако Интер стане клуб кој секоја година ќе игра во Лигата на Шампионите.
И кога сме веќе сеуште на оваа тема, еве ти една свежа моментална ситуација
https://www.fedenerazzurra.net/news...ks-to-tremendous-marketing-strategy-of-suning
Во Италија стоиме најдобро на маркетиншки план, 112 милиони евра приход, па следат јуве после нас, чисто за споредба во 2010 со Морати 44м евра од маркетингот сме инкасирале, а сега не ни играме во Европа.