Фан Клуб: Интер

@Syn
Гледаш како гледаш еднонасочно само?
Значи цел мозаик е за освојување на титула.Неможе фејловите на Морати да ги потенцираш,а да се правиш слеп дека местењето нема врска.Значи битни се и едното и другото.Ти ми правиш како да само Морати е виновен а местенкиве немаат никаква врска.
Сакам да читам реферати,ама во кои што се кажува нешто.А не сакам да читам 25 реферти во кои се вергла истото нешто што ти си го наумил.
Дали неможат да купат некој поскап играч или да внесат пари во клубот со заобиколување на ффп?
Значи не сакам да бидат како Морати и да се расфрлаат пари само за ѕвезди.Нека си продолжат тие со досегашното ширење на клубот во азија,градењето на тренинг центри,стадиони итн,ама во меѓувреме нека не ми прават стресови дека требало да се продаде некој топ наш играч за да се покрие ФФП.Нека се донесат 1-2ца класа играчи,особено АМЦ.
ИМА МОЖНОСТИ ДА СЕ ЗАОБИКОЛИ ФФП ДОКОЛКУ СЕ САКА !!!
Само тие го користат како изговор.Ова е моето гледиште на работите.И не туку ми ги извртувај муабетите ти или Чекич дека сум сакал Роналдо и Меси.Под класа играч не се мисли само на топ 3 играчи туку и играчи како Наинголан,Даглас Коста и сл.Како за пример ги зедов овие немора да ес фатиш како слеп за стап и да ми објаснуваш дали чинат или не чинат играчиве.
Значи тој ми е ставот,дека ДОКОЛКУ сакаат има можности да се земат вакви играчи и + нека го развиваат клубот како што почнале.А тие функционираат како Фиорентина и Рома, или па Тотхам во англисково што беше до пред некоја година.Значи сакаат да земат играчи за кило семки и потоа да ги продаваат и пак од почеток.Па со тек на време да застаниме на нозе ако даде господ.
Можеше комотно да исфучат 1-2ца јаки фудбалери и немаше овде да ми мудруваш дека Морати не осакатил не можеме 20 години да се оправиме ради него.
И кога ќе ми реплицираш,гледај убаво што сум пишал во постот.А не да се фатиш за една реченица од целиов пост и да ми напишиш цели реферати за незе со искривување на моите зборови.
Кај сум грешк попрај ме?
 
@interlove
Во тоа време точно е дека цена од 25м евра пример, било многу, ама во никој случај не е исто ко сега да платиш 200м евра само за еден играч, у италија тоа апсолутно никој не го може у моментов, со финансиски ограничувања и 300 други регулативи кои тогаш не важеле.
Вредноста на парите е таа, не е исто да инвестираш 20м евра, и сега 200м евра во овие услови, разликата е црно со бело тоа сакам да ти кажам, а тие пари дадени за Роналдо беа пичкин дим за Морати, само тогаш не се вреднуваа толку фудбалерите па многу, МНОГУ полесно беше да се направи таков трансфер отколку сега.

И за Роналдо токму тоа и ти го кажувам, под дифолт кога зимаш таков играч имаш наплив на фанови, и токму тоа и ти го велам, он, виери, и ред други, тоа беше пенал за Морати кој очајно го искористи зашто на крајот од денот, клубот си остана таков каков што беше од ден број 1 кога он дојде тука, стриктно зависен од неговите пари. Тоа под дифолт е катастрофа за било кој клуб, зашто преку ноќ може да доживее крах, а тоа Морати го доживеа со светската економска криза, и како он тоне, така аналогно на истото тоне и клубот, тоа е недозволиво, ти да дозволиш тим со ваква историја да ти зависи од сопствениот бизнис, на пример ова не е случај кај јунајтед, или барса, реал, баерн.

ФФП може условно речено да се заобиколи, со спонзори, со тоа што во моментов спонзори од кина не се во ситуација да инвестираат надвор од земјата, ако добро си информиран за сунинг ќе видиш сместа кога дојдоа имаа потпишано и спонзорски договори од кина и парите одма се префрлија у интер, они уште недојдени а ги финансираа трансферите на жоао марио и барбоса, прилично солидна инвестиција од над 60м евра. Летово тој финансиски импакт го немавме за жал, не по нивна вина, ама они секако се директно засегнати со тоа, а под дифолт и Интер, што е секако поразителен податок за нас и искрено се надевам дека рестрикциите од кина ќе олабават во иднина.

Што се однесува до Тохир, точно е дека се испостави како доста лош претседател, постави добра маркетиншка основа со луѓе носени од јунајтед, apple и други компании , основа која во многу елементи ја превземаа и сунинг, ама ја усра со менаџирањето на тимот, со мацари и манчини, на крај ја доусра со оставањето на Манчини тука до Август и потоа го донесе де бур, по што влегоа Сунинг во Интер. Тохир беше период на транзиција, после морати, нешто слично што се деси и со сити, пред да дојдат арапите со бизнисменот од тајван. Једина добра работа со Тохир беше што дојде во убедливо најхаотичниот финансиски период на Интер во модерната историја, и долговите беа подмирени нешто за кое ни се закануваа санкции, ама резултатите на тимот не се подобрија, а тоа е најбитно, иако му одговорија на барањата на Манчини кој доби солидни играчи за топ 3 пласман.
Моментално е ребрендиран тренинг центарот, во план е целосна преселба на истиот во Милано у близина на Меаца, се преговара за реновирање на меаца со милан и градот милано, така да ова све се скапи проекти и налагаат дека сунинг имаат високи амбиции со клубов во блиска иднина и нема што неуспесите со тохир да им се препишуваат. Нема ја што да се каам само зашто сум рекол дека треба време да им се даде, ќе се каам само поради еден факт, а тоа е дека Интер трпи, толку.

За рамирес патем кажано не си најдобро информиран, од УЕФА стигна писмо до Интер дека се забранети гага позајмици ко што планираа бидејќи двата клуба имаат ист газда, беа ставени на тапет и се закануваше истрага доколку оваа зделка се реализира на било каков начин, јавно беа информирани и сите медиуми тоа го пренесоа, така да далеку од тоа дека сунинг не сакале да го дадат, иако за кур ни е, рафиња дојде, овој мислам дека требаше да доаѓа ако и рафиња не успеат да го донесат.
 
2hcztro.gif
 
@Aleksandar
Прво и основно, од правен аспект, тие местенки не се докажани, значи за периодите пред Калчополи зборам, така да одиме на муабет со претпоставка, дека и тогаш се местело, што не го негирам ни ја лично. Ама целата моја поента е дека и да не се местело Интер пак бајаги заостануваа на табелите, зашто завршувале и осми, зашто губеле од милан 6-0, и зашто сите тие лоши резултати не се должеле на лошо судење, туку на лошо менаџирање со тимот. Пирло не е даден поради калчополи за кило семки, даден е зашто у клубов имало идиоти што поим немаат како да раководат со истиот, канаваро на Јуве еј ало, на јуве, им е поклонет за многу мала пара плус ебаниот карини, роберто карлос е буквално избркан ко неталентиран играч, Кака не е доведен зашто исто, некој таму одлучил дека е неталентиран за Интер. Со вакви проценки едноставно титула никад не се освојува па колку сака нека е чиста лигата, ете парма не местеле па не јаделе бе, или фиорентина, лацио, рома, на крај и на навивачите им прекипе па го избркаа, иако и они беа свесни дека прљаво се игра у Италија.

За ФФП му пишав на другиот член, се ''заобиколува'' со спонзори, арапите тоа го прават со нивните, сунинг моментално не можат тоа да го прават, а го направија кога дојдоа, во моментов во Кина има рестрикции за кои е зборено на темава, тоа не е измислена работа нити пак изговор, рестрикциите стварно постојат, потврдено од сите реномирани светски медиуми, и тие за жал меѓудругото се однесуваат и на спортот покрај другите наведени области. Она интеризкаминг не беше случајно, за летово стварно имаа најави дека ќе се потрошат над 100м евра само никој не очекуваше дека рестрикциите од кина за инвестирање на страна ќе се такви, максимални, се очекуваше дека ке се остави простор со поставени бариери за инвестирање што немаше да се одрази на трансфер политиката. Што да ти кажам за ова, едноставно у конкретниов случај ич немаме среќа, не може некој што лани дојде и веднаш даде 100м евра, сеа да не дава и да глуми циција. Башка они со 1 јак играч сместа ќе вратеа пари со продажба на реквизити у кина каде според нивните проценки има над 150м навивачи на интер, а веќе пред неколку месеци почнаа со реализирање на планови таму и целта им е тој број да го дуплираат со тек на време.
Ќе видиме летово на што сме, само прво ЛШ да гледаат да се пласираат зашто ако тоа не е случај ќе ми се одмили све па ако сакаат и меси нека го земат после у пакет со савич, ковачич и марсело, али секако уште едно лето ко претходново не смеат да си дозволат. Ова со мартинез од аргентина и де фрај, ако се реализира, би било одличен старт на истото или солиден ветер у грб сеедно на уште непочнат трансфер период, нарочито ради де фрај.
 
Епа со ова што кажуваш дека може да се заобиколи ФФП,ти пропаѓаат сите постови со кои што ги оправдуваш поради истиот ФФП.Ако се сака се се може.Нека внесат пари да не појачаат па нека си продолжат тие со маркетинг и слични работи.Само овие сакаат да почниме сами да правиме пари па со нив после да се појачуваме.Е ова ич не го споменувате туку ми го дрвите Морати,Петко и Трајко не испустиле.
Доколку Морати работел како што треба,сеа можеби и ќе бевме топ 3 клуб во свет.АМА,ти сеа ќе навиваше за друг клуб.
 
Истото што ти го постигнуваш со твоето инаетење и замарање.

Значи види вака:
Јас дискутирам и си кажувам мислење, не мора да е потполно точно и исправно, и знам да кажам "и ти си во право", што па и не мора да значи дека со тоа не си стојам на мојот став, но можам да ја увидам исправноста и кај соговорникот и да го признаам тоа, за жал кај тебе и кај неколку други тука го нема, пошо сте шлајм (коа веќе се вреќаме).

А ако на твојата психа и паѓа толку тешко кога наидуваш на вакво "твоенаречено" инаетење и замарање ондак ти си братко мој нискутуражна персона нон грата (бар кај мене) која не можи да се носи со туѓото мислење, па макар и кога не е во ред. Ќе те почитувам али со ваков начин на комуницирање и рчкање НЕ! А и неколкупати ми спомена име во лоша конотација што стварно ме изненади, искрено не очекував од тебе. Не те познавам лично, али еве од моево неколкугодишно присуство на форумов (поготово тука во темава) сум имал солидно мислење за тебе како соговорник, ок сум бил и кога ќе си ме корегирал и све, али вака...

Нема везе, не знаев дека до толку сум бил психо-деструктивец и дека уништувам животи, да знаев ... ќе напавев дабл, море трипл јузер и ќе труев и ќе ја блуев истата филозофија. Ок ок според вас ова е далеку од филозофија... Да да ова е срање филозофија да лордови мои...

Само колку да знаеш, не сум се инател и не сум замарал, сигурно немам толку време на располагање да седнам и да си речам самиот.. "море сеа ќе им контрам и ќе ги трујам овие, шугиебам не мора да сум во право".

Темата беше отсекогаш Интер.
За тоа што можам да го тврдам дискутирам, за тоа што НЕ, се повлекувам, толку!
Никогаш не сум коментирал што ќе биди и како ќе биди, само бев (и сум) незадоволен од резулатите општо, и тоа си го кажувам.

Ок е целата таа позитивност во вашите коментари од типот "имаме прогрес", "зад сцената работите се одвиваат добро", "напредуваме" и слично. Но во секоја сезона се дешава нешто што не ја отсликува баш таа слика за која што зборувате. И што е уште потрагично сето тоа делува како да е некако направено со намера, или во најмала рака поради идиотска лекомисленост дека ете нема да се деси али се дешава и ние сме бам долу на табелата.

Но ете пак ќе реќам, ако сметате дека ќе се опраиме тогаш ок, да бидиме трпеливи.

И никогаш не сум рчкал некого, нити сакам да го правам тоа без разлика што и колку непромислено има искоментирано.
Али ок, ако тоа ви лечи комплекси тогаш во ред. Би му помогнал на секого зошто да не.
 
Епа со ова што кажуваш дека може да се заобиколи ФФП,ти пропаѓаат сите постови со кои што ги оправдуваш поради истиот ФФП.Ако се сака се се може.Нека внесат пари да не појачаат па нека си продолжат тие со маркетинг и слични работи.Само овие сакаат да почниме сами да правиме пари па со нив после да се појачуваме.Е ова ич не го споменувате туку ми го дрвите Морати,Петко и Трајко не испустиле.
Доколку Морати работел како што треба,сеа можеби и ќе бевме топ 3 клуб во свет.АМА,ти сеа ќе навиваше за друг клуб.
И да е така едноставно ко што мислиш, а не е ( сити се казнети со 60 милиони евра поради такви ујдурми незнам колку си свесен за истото), како сунинг ќе внесува пари во клубот кога тоа е забрането во Кина?
Многу едноставно прашање ти поставив, како тоа би го извеле во една ваква ситуација ?
Лани кога дојдоа, сместа беа дадени 100м евра, тоа што клубот ги потрши како што ги потроши не е нивна вина, нити пак нивна вина беше фактот што де бур беше дел од интер и главен тренер.

Друга работа што забораваш е следнава, интер може да потроши 200м евра, пари дадени од сунинг, само незнам колку си свесен, а не си гарант, дека тие пари уефа нема да ги рачунаат како регуларен приход ( немој да мислиш дека уефа не ги регулира и тие работи ), а ќе ги вметнат како трошок за клубот, што значи Интер ради тие 200м евра дадени ќе мора да бара начин како да ги покрие истите за да не бидат у була на крај од година па ќе мора све да продаваат што вреди за да бидат у дозволената ффп зона на крај. Интер нема стадион, плаќа 12м евра за да игра на својот секоја година, не се у ситуација да му залепат спонзор кој ќе дава 50м евра секоја година и стадионот да го носи неговото име ко што сити направија, не игра во ЛШ, ги нема условите на сити или псж во поглед на приходите така да не можат и да сакаат, во моментов да си дозволат толкав луксуз. Да беше толку едноставно ко ти што си мислеше, сите клубови ќе правеа така, ти мислиш си ја открил америка со муабетов, а богати газди на 100 други клубови у светов поим си немаат, уште не им текнало.
 
@Syn
Не правиме муабети за инвестиција во ТЕКОТ НА БАНОТ.Нормално дека неможе да има инвестиции ако се банирани.Ама нив банот им дојде како 1 на 10тка, таман да се оправдаат.
Не сум стручнак да знам КАКО би го направиле тоа заобиколување кога НЕМА бан.Ама како што следиш фудбал подолг период,сигурно гледаш дека има начини да се одбегне ФФП доколку се сака.Јас не велам секоја година да пукаат по 400+ милиони како ПСЖ или СИти,туку да е купат неколку класа играчи во овие 1-2 сезони додека да се оправиме и да застаниме скрос на нозе.Значи секоја сезона да се купуваат Мбапевци и сл,го измислувате вие,никогаш јас не сум изразил таква желба.Незнам зошто преувеличувате дека бараме такви играчи и да трошиме секој трансфер период по 300 милиони,кога не сме го рекле тоа.Покрај купеното досеа,доволно би биле +2 трансфери од типот на Наинголан и немаше да се тресеме дали ќе сме го тепале Беневенто или Кротоне.Рутински ќе ги шаравме селски екипи.Епа за такви +100 милиони дека неможат да се внесат во клубот,јас искрено не верувам.
И претпоставувам дека некогаш ќе ми реплицирате дека сум ги хејтал кинезиве за тоа дека незнаеле што прават.НЕ,тие знаат што прават, не го одрекувам тоа.Само процесот кој што го прават ќе трае 10 години во најдобар случај.Никој не ги хејта за тоа со тренинг центрите и маркетиншкото ширење во азија.Можат само да не го стегаат кесето и да го убрзаат процесов ако стварно сакаат да не вратат на старите патеки.
 
Ти велиш дека има начини, а само ДВА клуба во светски рамки тоа го практикуваат, и тоа едниот веќе јадеше казна од 60м евра зашто глумеле лудило. И тие нивни спонзорства се ставени на тапет, дел од тие пари не им ги рачунаат како приход, ама способни се да трошат, зашто заработуваат регуларни пари во текот на годината бајаги, ко на пример од тв права, нарочито сити, од продажба на дресови, регуларно играње во ЛШ со години, свој стадион и тн и тн, да не набројувам сега, Интер во тој контекст заостанува премногу. А и арапите, и кај сити и кај псж, постепено почнаа со трансфери, не одма ол ин, зашто доста работи и у тие клубови не беа средени ко што не се и во Интер.
Значи 2 клуба у светот има такви, не 50, во Италија никој никогаш така не функционирал во моменталните услови кои владеат у фудбалот..
Ти реков, не се сунинг единствените богати газди кои поседуваат клуб, да беше едноставно како што велиш ти, тоа секој ќе го практикуваше.
Тоа дека им дошло како 1 на 10ка ти е само претпоставка, ама како тогаш го објаснуваш фактот дека за неполн месец како дојдоа, во август, дадоа 100м евра за трансфери ?
И како, аналогно на ова, си убеден дека овој бан им дојде ко 1 на 10ка. :)
Главен услов секако е да бидеме дел од ЛШ, тоа едноставно ASAP мора да се случи, секое неиграње во ЛШ е голем удар за клубот, така да и сезонава ако не успеат може само да се сликаат, односно, ке се тапка во место пак.
 
Па и тебе ти е ова претпоставка дека да немаше ффп би дале и дека не е 1 на 10тка банот.Мене ми изгледа така, тебе обратно.Тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom