Доминираа како екипа денес во текот на цел натпревар. Не поедини играчи, не во делови од натреварот, туку цела екипа, цел натпревар. Скоро и да нема замерки за играта, се осеќа дека тимот е влезен во ритам, покомфорни се, посигурни, движењата на терен им се поприродни. Зборев пред неколку месеци за ова, треба време за да се видат резултати во играта, посебно кај тренери како Спалети, кои носат свој систем во тимовите кај што се тренери. Нема потреба од брзање и притисоци, посебно за тим што беше во околности како Интер летово. Реално, среќна околност беше што добија многу натпревари во тој почетен период, па скоро и да немаше притисок од медиуми и навивачи. А среќна околност е и што го закачија Спалети, односно што Рома беа доволно глупи за да не се потрудат повеќе за да го задржат.
Ова им беше најдобриот натпревар сезонава, одлична утакмица имаа сите. Тројката во средина беа одлични, иако претоставувам дека нема да играат истите играчи со Јувентус, што и би било правилно зошто ваква средина нема доволно мускули за да се носи со посилни тимови. Технички и офанизвно се фантастични, ама Киево не е тим што може да им ги искористи слабостите, Јуве е, Дибала партали би правел во тој просторот помеѓу средината и одбраната. Мислам дека ќе почне Спалети со Гаљардини и Весино, што би било веројатно најдобро, мада и Брозович заслужува да игра. Растура типот во последно време. Пример за ефектот што Спалети го има врз своите underperforming играчи. Секогаш има играчи што се препородуваат со него. Нагатомо, Дамборсио, Сантон, Кандрева, па дури и Ранокија денес беше одличен.
Сеа им иде Јуве, мислам дека нема потреба резултатски премногу да се оптеретуваат со тој натпревар, поише ќе послужи за мерило на можностите на тимот. Побитна за мене е играта отколку резултатот. Според квалитетот на ростерот, Јувентус е сеуште понапред од цела лига, иако перформансите не им се баш на ниво сезонава. Они се дефинитвно фаворитот, без разлика што Алегри пичкарски сака да го префрли притисокот кај Интер. Не е трагично и ако не земат ни бод од таму, така да треба смирено да се спремаат за натпреварот, плус што овие имаат ЛШ во текот на неделата.