Ова е веќе сериозно добар фудбал. И добар за гледање плус. Нешто што го ретко го има во Интер.
Им ги гледав последните три натпревари, со исклучок на оној со Израелците, и јасно е дека се работи со тимов. Се гледа систем, се гледа идеја како да се игра и најбитно полека се гледа и имплементација.
Нормално треба време играчите да се навикнат на системот, да го истренираат и да ги испеглаат деталите. Треба време ама играта ќе се подобрува.
Де Бур е тука само месец дена одприлика, веројатно накај декември веќе ќе може да се оценува работата и како ќе изгледа тимот. Со играчкиот потенцијал мислам дека од 2017 можат да бидат како машина.
Коа сме кај тимот, Жоао Марио е еден од најдобрите трансфери летово. Играчиште.