Хаха, почна овие сега и Мурињо да не им чини.
Не викам дека е толку лош менаџер Манчини, али би го сменил со Мурињо во секое време, да не ве лаже моменталната состојба, бидејќи има уште многу да се игра, сега ќе почне тоа поинтересното.
Да е паметен Мурињо сега, нека цица плата од Челзи до летото, после тоа нека се врати во Интер.
Па чекај сеа ја кога удрив по ангажманот на Манчини ти со клизач ми влезе пред година дена, сеа се сменија работите, ја сум За Манчини да остане под услов прогресот кој тимов го има да продолжува со истово темпо ко периодов, а ти збориш за негова евентуална смена. : )))
Вака сеа, кога прв пат дојде Мур бев ол ин За, без размислување, паметен потег на Морати со оглед дека тогаш Интер во Серија А беа нешто налик на Баерн во Германија сега, ние да ги водевме ке освоевме скудето, Морати сакаше конечно успех во ЛШ а калкулациите беа такви да Манчини немаше шанса за такво нешто, а Мурињо е тоа што недостига, калкулациите и те како беа точни.
Е сега нештата се различни, Ако, значи ова е едно Големо Ако, ако Манчини успее да достави Скудето оваа година апсурдно би било да се тргне со оглед на сите околности пост 2010 година, тоа ке биде еден од најлошите потези што некое раководство на ИНтер би ги направиле, башка што е неетички, бедно, долно и срамно, самата фудбалска карма ке не докрајчи, ама тоа секако Нема да биде случај зашто ова моментално раководство на Интер функционира интелигентно.
Манчини ке добие нов договор, побогат договор, поголеми ингеренции и ке биде прв тренер во Италија кој ке тера по теркот на англиските менаџери ко Ферги, и секако, ке добие ( многу ) повеќе пари за трансфер целите.
Ако Манчини не достави титула годинава, можеме да правиме муабет за Мурињо, Конте, Блан, Симеоне и останатите, али и во една таква варијанта прашање е колку Интер ќе го тргне Манчини во ситуација да се пласира во ЛШ, зашто тоа всушност и би било реализирање на првичната цел и услов за понатамошни успеси на тимов, играње во ЛШ и (мнооогу) повеќе финансиски приходи ...
Е сега Манчини мислам дека ке постапи, условно кажано, педерски, и нов договор ке бара сега после серијава добри резултати и првото место на табела, а најверојатно ова и ќе биде случај.
Aли ко што рече Мур дур беше у ИНтер, у фудбалот тенка е линијата меѓу рај и пекол така да ќе видиме на што сме за некој месец и дефинитивно, и со Раниери влегоа у битка за титула, ги тепаа и Милан како гости, па Морати почна да глуми курназ тој период и не го зема Тевез и останатото е историја, знаеме каква ...
Во секој случај неблагодарно е да се бара некаква смена на Манчини во овој момент, и воопшто да се начнува таквата тематика, сеа за сеа неговото место во тимов е зацементирано.